Финансиска поддршка за поправка и санација на кровови и лифтови во Општина Центар


Општина Центар распиша Jавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2024 година. Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и […]

Протестен марш пред Собрание „И ние сме деца на Македонија“ – сообраќајот во колапс


Посебен режим на сообраќај се воведува денеска во Скопје попладне од 15 до 17 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.  СВР Скопје апелира […]

Американец одгледал тиква тешка повеќе од 1.120 килограми


Тревис Гинџер, наставник по земјоделство од американската сојузна држава Минесота, одгледал тиква тешка тон и 121 килограм. Тој победи на натпреварот што се одржува секоја година во Калифорнија. Американските медиуми објавија дека 51. Светско првенство во тиква се одржало во заливот Халф Мун, јужно од Сан Франциско. Учествуваа одгледувачи од различни делови на земјата. Победник […]

ДЗР со неповолен извештај за Министерството за култура: 318 милиони денари исплатени за културни проекти, без јасно дефинирани критериуми


 Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за култура за 2023 година. Во денеска објавените конечни ревизорски извештаи на Министерството за култура, се посочува дека се утврдени состојби, неправилности и неусогласености кои влијаат на издаденото неповолно мислење на овластениот државен ревизор во однос на реалноста и […]

Оксфорд: Европа треба да се подготви за постудена зима


Европскиот континент би можел да се соочи со постудена зима по две години, додека пазарот на гас останува ранлив. Благата зима во 2024/2025 година би можела да ја зголеми побарувачката за гас за најмалку осум до 10 милијарди кубни метри, а студената за најмалку 20-25 милијарди кубни метри во споредба со минатата година, според Оксфордскиот […]

„Стив“ и „Кузман“ ќе бидат обновени до 2026 година, другите седум студентски, за четири години


  Реконструкцијата на девет студентски домови (четири во Скопје) и останатите во другите градови ќе придонесе за подобрување на услловите за едукација и престој за македонските студенти, како една од мерките во напорите младите луѓе да се задржат дома. Активностите за етапна реконструкција на студентските домови се во тек, а во моментот се реализираат во […]

Робот извади први примероци на радиоактивно нуклеарно гориво од реакторот Фукушима


Компанијата за електрична енергија Токио (ТЕПКО), која управува со нуклеарната централа Фукушима Даичи, употреби џиновски робот за да ги извади првите примероци на гориво од реакторот. Овој момент се случи 13 години по разорниот земјотрес и цунамито кои предизвикаа топење и истекување на радиоактивен материјал во електраната. Роботот тежи 4,6 тони и има рака долга […]

Кометата последен пат видена од неандерталците се забележа и на небото над Скопје


  На небото над Скопје граѓаните можеа да бидат сведоци на една појава што ретко се гледа. Имено, вчеравечер на ноќното небо и во Скопје можеше да се забележи комета со официјално име Ц/2023 A3 Цучиншан-Атлас, а она што е интересно за неа е што неодамна беше откриена. Нашиот фотограф Борис Грданоски го забележа нејзиното […]

Даниел трет од семејството Малдини со настап за Италија


Напаѓачот на Монца, Даниел Малдини, дебитираше за италијанската фудбалска репрезентација на синоќешниот натпревар од Лигата на нации против Израел (4:1). Фудбалерот влезе како замена во 74. минута од натпреварот наместо Џакомо Распадори. Даниел е третиот фудбалер од семејството Малдини кој настапува за репрезентацијата на Италија. Неговиот дедо Чезаре одигра 14 натпревари за националниот тим помеѓу […]

За една недела Царината заплени златен накит, лекови, облека, цигари…


 Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, лекови, облека, електроинсталациони производи, цигари и фалсификати. Како што соопштија денеска од Царинската управа запленети се 19 парчиња златен накит и еден златен рачен часовник, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички […]

Како исхраната влијае на менталното здравје?


Експертите во неколку различни студии открија дека медитеранската исхрана има заштитна улога кога станува збор за депресијата. Овој тип на исхрана се базира на овошје, зеленчук, маслиново масло, житарки, јаткасти плодови и риба, а помалку на месо и млечни производи. Набљудувањето на врската помеѓу храната и расположението никогаш не е едноставно, според научниците, бидејќи има […]

По оваа забрана Прага нема да биде иста: Ќе разочара илјадници туристи


  Прага, еден од најпознатите европски градови по својата богата историја, архитектура и, се разбира, пивото, воведе нова забрана која може драстично да го промени начинот на кој многу туристи го доживуваат ноќниот живот во градот. Локалните пратеници одлучија да забранат организирано „лазење“ во пабови, тури со водич кои ги носат туристите од бар до […]

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе


Во 37 сојузни држави веќе почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, а тоа право до синоќа го искористија речиси пет милиони гласачи, кои гласале по пошта или лично. Во следните пет дена ќе започне предвременото гласање во три од седумте клучни држави – Џорџија, Невада и Северна Каролина. Предвременото гласање стана широко распространета […]

Како да го изберете кучето што најмногу ви одговара?


Кучињата се одличен придружник кој позитивно влијае на здравјето, што е дури и научно докажано, но како да ја изберете расата што е најдобар избор за вас? Имено, студиите покажале дека домашните миленици го одржуваат крвниот притисок и ве принудуваат да бидете физички поактивни. Кучето може да го подобри вашиот социјален живот, бидејќи сопствениците на […]

„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања за спречување корупција на Агенцијата за катастар на недвижности


Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата. „Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, кои негативно влијаат врз институциите. […]

Агенција за животна средина на ЕУ: Здравјето на европските води не е добро


Имајќи предвид дека само 37 отсто од површинските води се во добра или многу добра еколошка состојба, Европа мора подобро да управува со своите водни ресурси за да им гарантира на граѓаните снабдување со квалитетна вода, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген посочи дека постои итна потреба […]

Мирисите на Италија во вашиот дом: Подгответе вкусни тестенини со печурки и сланина


Тестенини кои ќе го направат вашиот дом поубаво место. Уживајте во подготовката на ова јадење, исто како и во дегустацијата! Состојки: 300 гр тестенини фусили 200 гр сланина 200 гр шампињони 2 чешниња лук 250 мл неутрален крем за готвење 100 гр сос од домати 100 гр павлака 20% мм 1 лажичка сув зачин бибер […]