Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон, изјави неговиот портпарол


Домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја бил погоден од дрон, изјави неговиот портпарол. Премиерот не бил во областа во моментот на нападот. Според истиот извор, нема повредени. Претходно, израелската армија соопшти дека беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, во близина на домот на Нетанјаху. […]

Најстудено во Берово – нула степени, дневните температури ќе достигнат до 20 степени


Најниска температура утринава во земјава е измерена во Берово 0 степени, на Попова Шапка и Крива Паланка 5, Струмица и Крушево 6, Виница и Лазарополе 7, во Штип и Маврови Анови 8, Прилеп, Скопје-Петровец, Претор, Куманово и Кавадарци 9, Охрид, Битола и Велес 10, Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија 11 и Демир Капија 13 степени.  […]

Напад со дрон во близина на домот на Нетанјаху, објави израелската армија


 Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде живее премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти денеска израелската војска, јави ДПА. Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот. Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати […]

Одеса нападната со ракети од Крим


Како резултат на ракетен напад врз Одеса синоќа, според прелиминарните податоци, причинета е штета на трикатна зграда и повеќе од 10 приватни куќи, објави вршителот на должноста градоначалник на Одеса, Александар Филатов на официјалниот градски канал на Телеграм. Според првичните информации, во моментов нема загинати или повредени. Спасувачките екипи од оперативните служби работат на терен. […]

Неверојатен интерес за првото „Ел класико“ на Мбапе: 1,1 милиони фанови онлајн чекаат билет за „вечното дерби“


Сведоци сме на вистинска фудбалска манија околу првиот судир на Килијан Мбапе како играч на Реал Мадрид против Барселона.  Речиси 1,1 милион луѓе се обидуваат онлајн да обезбедат билет за многу очекуваниот настан. Ова е уште еден доказ за огромниот интерес за француската суперѕвезда, кој продолжува да ги возбудува фудбалските фанови ширум светот. Натпреварот ветува […]

ЕУ воведува правила за кибер безбедност на критичните субјекти и мрежи


Европската комисија усвои правила за имплементација за кибер безбедноста на критичните субјекти и мрежи, согласно Директивата за мерки на кибер безбедност на ниво на Унијата.  Оваа прва досега Регулатива од ваков вид, ги детализира мерките за справување со ризиците од кибер напади и условите кога еден инцидент ќе се смета за значаен.   Дополнително, со […]

Во израелски напад врз Газа загинаа најмалку 30 лица


Најмалку 30 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад во северниот дел на Газа, според палестинските медиуми. Повеќе од 50 други се ранети во нападот на градот Џабалија, објавија денеска медиумите. Џабалија неодамна доживеа интензивни борби. Само неколку дена претходно, израелската војска соопшти дека елиминирала неколку милитанти во областа и уништила складиште […]

Хамнеи: Хамас ќе го надживее својот лидер


 Палестинското исламистичко движење Хамас ќе продолжи да постои и покрај смртта на неговиот лидер Јахја Синвар, кој беше убиен за време на израелска воена операција, изјави денеска иранскиот врховен лидер ајатолахот, Али Хамнеи. -Неговата загуба е секако болна за фронтот на отпорот против Израел, но тоа воопшто нема да престане со мачеништвото на Синвар, нагласи […]

Пад на прометот во градежништвото во ЕУ за над два отсто на годишно ниво


Прометот во градежништвото во ЕУ во август 2024 година во споредба со истиот месец лани бележи пад од 2,4 отсто, додека во рамки на Еврозоната тој е намален за 2,5 проценти, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат. На месечно ниво (август – јули 2024) градежништвото бележи раст од 0,4 отсто во ЕУ и […]

Русија сака да заврши доминацијата на доларот


Русија се обидува да ги убеди земјите од БРИКС да изградат алтернативна платформа за меѓународни плаќања која би била имуна на западните санкции кога ќе биде домаќин на лидерите на групата на самитот следната недела. Претседателот Владимир Путин сака да го изгради БРИКС – кој се прошири за да ги вклучи Египет, Етиопија, Иран и […]

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Фестивалот на Смоларскиот костен – Костенијада 2024


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на Фестивал на Смоларски костен – Костенијада 2024. Фестивалот на Смоларскиот костен – Костенијада 2024 се одржува кај платформата под Смоларски водопад во Општина Ново Село. 

Концерт на германскиот пијанист Лука Шестак во Филхармонија


 Германскиот пијанист Лука Шестак прв пат ќе настапи вечер во Македонска Филахармонија како дел од неговата европска турнеја. Во најавата за концертот, организиторот МГ Мјузик Продукција, наведува дека пијанистот и композитор Лука Шестак, е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови, со неверојатни 30+ милиони […]

Премиера на „Пијани –литургија zero“ на Пројковски во штипскиот Народен театар


 Претствата „Пијани –литургија zero“ на македонски режисер Дејан Пројковские ќе биде премиерно изведен вечер на сцената на Народниот театар во Штип (НТШ). Претставата со која Пројковски по осум години се враќа повторно на штипската сцена и соработува со актерите од НТШ, е работена по текстови на Иван Вирипаев, Фјодор Михајлович Достоевски и Омар Хајам. Сценографијата […]

ОМД организира Форум за човекови права во Солун


Обединета македонска дијаспора (ОМД) во партнерство со НПО Крсте Мисирков, денеска го организира вториот Форум за човекови права во Солун. ОМД соопшти дека фокусот на форумот ќе биде на иднината на правата на малцинствата, бенефитите (економски, туристички, културни итн) на Република Грција, имајќи мултиетничко општество, како и колку едукацијата е клучна во креирањето на сплотување […]

Концерт на Соколов и Кабранова-Филипова на „Златна лира“


Во Музејот на македонската борба вечер од 20 часот концерт ќе одржат саксофонистот Лазар Соколов и пијанистката Емилија Кабранова-Филипова. Концертот е во рамки на фестивалот „Златна лира“ организиран од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). На програмата се дела од Болинг, Бужаровски, Лело, Пејовски, Молинели и Итуралде. Влезот за посетители е слободен.

Вечерва на КинеНова црногорскиот игран филм „Планета 7693“


Македонската премиера на црногорскиот игран филм „Планета 7693“ во режија на Гојко Беркуљан, ќе биде одржана вечер во киното Киноверзум во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Филмот ќе биде прикажан во рамките на официјалната програма на годинашното издание на Меѓународниот филмски фестивал КинеНова. Како што информира „Скопје филм студио“, „Планета 7693“ е […]

Едукативни настани во Скопје за превенција и лекување на ракот на дојка


 Во „Скопје Сити Мол” денеска од од 12 до 16 часот ќе биде поставен информативен штанд и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка.  Овој настан е дел од националната  кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“ на Министерството […]

Отворен ден на Специјална олимпијада


На терените на спортскиот комплекс „МТП“, Специјална олимпијада Северна Македонија денеска организира Отворен ден. На настанот ќе биде претставена работата на организацијата и улогата и моќта на спортот во трансформирањето на животите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. – Со Отворениот ден, сакаме да покажеме дека лицата со интелектуална попреченост имаат неверојатен потенцијал. […]

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до […]

Американец пријавил дека неговиот пријател бил убиен од мечка. Полицијата: Убиен е од човек


Американецот Дастин Кјерсем (35) беше пронајден мртов во својот шатор минатиот викенд наутро на патот Моус Крик северно од Биг Скај, Монтана. Мртвото тело во шаторот го пријавил пријател на 35-годишниот кој тргнал да го бара кога минатиот петок не се појавил на состанок. Човекот им кажал на службите за итни случаи дека она што […]