(Фото) Под Смоларскиот водопад се одржа традиционалната „Костенијада“


Денеска на платото под Смоларскиот водопад се одржа 13. „Костенијада-Фестивал смоларскиот костен“ во чест на овој плод од планината Беласица. На манифестацијата присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и голем број гости од Општина Ново Село и околните општини. Според градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов […]

ЗОО Скопје: Инспектори на АХВ без налог и докази убија десетици птици, ќе поднесеме кривични пријави


Зоолошката градина во Скопје попладнево соопшти дека инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) без налог, решение или каков било друг доказ упаднале во Зоолошката и убиле неколку десетици птици. ЗОО Скопје, како што се наведува, за ова дело ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ, инспекторите и лицата кои со оружје упаднале […]

Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка


Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на […]

АХВ потврди дека во скопската Зоолошка градина се нивни инспектори


 Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА потврдија дека во Зоолошката градина Скопје се нивни инспектори, но и дека исто така таму се изведуваат технички зафати. Засега не се соопштува која е причината за присуството на инспекторите во Зоолошката градина.  АХВ најавува дека во текот на денот ќе ја информираат јавноста преку соопштение.  […]

Ја омажиле на 13 години: Малолетничките бракови константен проблем во прилепскиот регион


Останува проблемот со малолетничките бракови во Прилеп и општините Кривогаштани и Долнени, а целата заедница треба да ги зајакне превентивните мерки. Иако бројките на регистрирани малолетнички бракови последните три години се исти, секоја година по 10 малолетнички брака, голем е проблемот што не се знае колкав број малолетници живеат во вонбрачна заедница, смета Јасминка Митреска, […]

Београдско драмско со „Швејк“ вечерва на РУТА во Драмски театар


Петтата фестивалска вечер на сцената Ристо Стефановски во Драмски гостува Београдско драмско позориште. Београдско драмско позориште годинава на РУТА доаѓа со претставата „Швејк“ работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек. Режисер е Вељко Миќуновиќ, а улогите ги толкуваат актерите Озрен Грабариќ, Милутин Милошевиќ, Милутин Дапчевиќ, Милош Лазаров, Наташа Марковиќ, Бојана Стојковиќ, Ива Илинчиќ, […]

Зоолошката градина затворена, евакуирани и вработените, се проверува смртоносен вирус кај птиците


Скопската Зоолошка градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените, јави Мета.мк повикувајќи се на извори во ЗОО Скопје кои инсистирале на анонимност. Неофицијално, станува збор за бактерија кај гуските од која можат да се заразат и луѓето, пишува Мета. Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите. Поранешниот […]

Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите


Динамиката на пристапувањето во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) зависи од степенот на подготвеноста на земјите и степенот на усогласеност на националната правна рамка со европското законодавство за чија што оценка беше обезбедена и техничка помош од Светската банка (СБ). Нашата земја, Албанија и Црна Гора од страна на СБ во овој процес […]

Битиќи: Извештајот на Светска банка со аларматни и поразителни податоци за економската состојба во земјата


Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот […]

Путин: Саудиска Арабија би била добар домаќин за мировни преговори


Саудиска Арабија би била добар домаќин на потенцијалниот самит за ставање крај на украинскиот конфликт, изјави вчера рускиот претседател Владимир Путин. На прес-конференција на различни теми, саудиски новинар го праша Путин за неговите размислувања за посредничките напори на арапското кралство и дали Русија ќе присуствува на мировен самит доколку Ријад биде домаќин на таков настан […]

Аплициравме регуларно и навремено, велат од Општина Сарај, за одбивањето го посочува Меџити


Општина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на владата, иако аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции, реагираат од Општината откако нивните предлози беа одбиени од страна на Владата за финансирање инфраструктурни проекти. Од Општина Сарај во реакцијата до медиумите посочуват дека главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина предводена […]

СДСМ: Бојан Христовски мора да се повлече од АНБ


СДСМ преку соопштение до медиумите ја повика Владата итно да го преиспита изборот на Бојан Христовски и да го повлече од функцијата директор на АНБ. Од опозициската партија бараат ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди транспарентност и целосно почитување на законите и процедурите во поставувањето на раководни позиции во безбедносните служби. „Оваа партизација со некомпетентни кадри кои ќе […]

Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва


Литературна вечер посветена на современата македонска литература со посебен осврт на делото на академик Влада Урошевиќ, македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговиот јубилеј – 90 години од раѓањето, вчера беше организирана во Москва. На литературната вечер организаторот Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е […]

Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките, вели Перински


Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека законска можност за такво нешто нема. Според Перински, посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на […]

Перински не ја исклучува можноста да се кандидира за градоначалник на Скопје


Министерот за локална самоуправа Златко Перински не ја исклучува можноста на следните локални избори да се кандидира за градоначалник на Скопје. Во интервјуто за МИА, Перински вели дека доколку анкетите покажат дека тој е најсоодветниот предлог и доколку партијата во целост застане позади него, со задоволство ќе ја прифати кандидатурата.  Она што за него е […]

Филипче-Рокас: Европскиот пат мора да остане приоритет, секое одложување е чекор назад


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче, вчера одржа средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас. Во фокусот на разговорот беше евроинтеграцискиот процес, односно важноста Северна Македонија да го продолжи европскиот пат, како и потребата од остварување на  натамошните чекори кон отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ. На средбата беше потенцирано […]

Отворено 15-тото издание на ЕХО Фестивалот на планински филм


Со проекција на филмот „Виорник од работ“ на режисерот Игор Вртачник од Словенија, синоќа во салата на Домот на АРМ во Скопје започна 15-тото издание на Фестивалот на планински филм Ехо.  Програмата во следните денови продолжува во Кинотека.  Денеска после 18 часот Националниот парк Шар Планина, најмладиот национален парк во нашата држава, ќе ги презентира […]

Израелската армија објави дека го убила телохранителот на Синвар


Израелските одбранбени сили (ИДФ) синоќа соопштија дека го убиле и телохранителот на загинатиот лидер на палестинското движење „Хамас“ Јахја Синвар, јави ДПА. ИДФ соопшти дека Махмуд Хамдан бил убиен за време на судир со израелската војска во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Неговата смрт се случи вчера на само 200 метри од […]

„Вкусовите на Северна Македонија“ за прв пат во „Лидл“ во Хрватска. Еве што се нуди


За прв пат, „Лидл“ во Хрватска ги претставува вкусовите на Северна Македонија, при што нуди различни македонски деликатеси во своите продавници низ Хрватска, јавија хрватските портали. Според официјалната интернет страница на „Лидл“ во Хрватска, акцијата почна во четвртокот, на 17 октомври. Од традиционален ајвар до вино До недела, 20 октомври, во „Лидл“ можете да најдете […]