Астрономски календар


Денеска е недела, 20 октомври 2024 година, 294-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 72 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минута, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Денов трае 10 часа и 51 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

МЗТ го доби вечното дерби против Работнички


МЗТ Скопје славеше победа со 70-56 (48-28) во вечерашното вечно дерби против Работнички. Дуелот беше прекинат на самиот почеток од втората четвртина, откако беа фрлени голем број петарди и чадни бомби на паркетот, што беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото да го сторат и домашните играчи. Прекинот […]

Европски куп: Алкалоид убедлив против Драгунас Клаипеда


Ракометниот клуб Алкалоид го победи литвански Драгунас Клаипеда со 42-31 (18-12) во првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот куп. На тој начин ракометарите предводени од Кире Лазаров имаат одлична предност пред реваншот во Литванија. Гостинот имаше сили само до средината на првото полувреме кога се играше изедначено, а потоа домашниот тим ги презеде […]

Крај на големото тениско ривалство: Ѓоковиќ го победи Надал во Ријад


Новак Ѓоковиќ во егзибициски меч во Ријад го совлада Рафаел Надал со резултат 2:0 (6:2, 7:6). Натпреварот беше од ревијален карактер, се играше за трето место, но и двајцата тенисери сериозно му пристапија на мечот. Ѓоковиќ не сакаше ништо да препушти на случајноста, без разлика што се работи за егзибиција. Тој го отвори мечот со […]

Трамп: Добар сум и со Си и со Путин, му се заканив на Путин, Си знае дека сум „луд“


Доналд Трамп изјави дека Кина нема да се осмели да го испровоцира ако се врати во Белата куќа, бидејќи претседателот Си Џинпинг знае дека републиканскиот кандидат е „луд“. Во изјава за Волстрит журнал, Трамп рече дека доколку биде избран следниот месец, ќе воведе царини за Кина доколку се обиде да го блокира Тајван. „Би рекол: […]

Годишното собрание на ММФ и Светска банка во очекување на исходот од изборите во САД


Следната недела во Вашингтон ќе се одржи редовното годишно собрание на ММФ и Светска банка. Собирот на водечките светски финансиери ќе се одржи неколку дена пред претседателските и конгресните избори во САД, кои заедно со другите актуелни предизвици на се пофрагментираниот и несигурен свет, најверојатно значително ќе ги одбележат разговорите. Соединетите Американски Држави се економски […]

„Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто, изгледен крај на штрајкот


Синдикатот што ги претставува штрајкувачките машинисти во „Боинг“ во саботата соопшти дека членовите во среда ќе гласаат за нов договор кој вклучува зголемување на платите за 35 отсто во текот на четири години, што би можело да го прекине повеќе од месечниот штрајк. Околу 33.000 синдикални работници на западниот брег на „Боинг“, повеќето од нив […]

Минчев: В понеделник конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“


Министерот за јавна администрација, Горан Минчев изјави дека во однос на Законот за правична застапеност владината коалиција има капацитет да отвори политички дијалог со кој ќе се најде соодветно решение и ќе го гарантира уставното право, а тоа е правична застапеност на етничките заедници. Тој капацитет постои, нагласи Минчев и изрази надеж дека до такво […]

Аеродромот во Тирана со рекорден број патници, до година во функција и аеродромот во Валона


Албанската вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку информираше дека на аеродромот во Тирана регистрирана е рекордна бројка патници и најави дека до година во функција ќе биде и новиот аеродром во Валона. – На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ за девет месеци регистрирани се 8,25 милиони патници или 53,7 отсто повеќе споредено со […]

Писмото


Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Да пишам, да не пишам? Вакви дилеми изгледа го мачат македонскиот премиер откако се врати од самитот на Берлинскиот процес во Берлин. Пред да отиде на лидерската средба беше сигурен дека ќе напише писмо до европските лидери за да им ја објасни позицијата на новата […]

Петарди и чадни бомби го прекинаа натпреварот меѓу Работнички и МЗТ


Дербито во Првата македонска кошаркарска лига меѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато на стартот на второто полувреме откако навивачките групи на двата тима фрлаа голем број петарди и чадни бомби на паркетот. Ова беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото го сторија и домашните играчи. Во еден […]

По одлуката на судот, италијанскиот брод ги врати мигрантите од Албанија во Италија


Брод на италијанската крајбрежна стража денеска се закотви во пристаништето Бари со 12 мигранти превезени од новоотворениот италијански центар за мигранти во Албанија. Пред осум дена, согласно договорот меѓу Италија и Албанија за регулирање на илегалната миграција во Европската унија, во Албанија беа отворени два прифатни центри за мигранти кои пристигнуваат во Италија. Во ноември […]

Израелската армија изврши најмалку осум воздушни напади врз Бејрут


Израелската армија (ИДФ) денеска изврши најмалку осум воздушни напади врз Бејрут, но продолжи и со нападите во јужниот дел на Либан и во долината Бека. Најмалку два напади без извршени врз јужниот кварт на Бејрут – Харет Хрејик, познато како Дахија и упориште на Хезболах. ИДФ пред три дена го бомбардираше што квартот Дахија. ИДФ […]

Општина Карпош ќе инвестира над 1,6 милиони евра за инфраструктурни зафати во населба Бардовци


Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска најави дека во текот на годината во населеното место Бардовци ќе се случат инвестиции во инфраструктура во висина од над 1,6 милиони евра, поточно во фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, асфалтирање и поплочување на улици. – Во моментот, во оваа населба вршиме асфалтирање и поплочување на улици […]

АХВ: Потврден е случај на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека во Зоолошката градина во Скопје е потврдено присуство на Птичји грип. АХВ пред малку извести дека било потврдено присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1. Претходно, во ракција од ЗОО Скопје обвинија дека целта на оваа, како што ја нарекоа „секташка политика“ е […]

Власта веќе должи 300 милиони денари за поврат на ДДВ, се чека и до три месеци, вели Битиќи


Пратеникот од редовите на СДСМ и пранешен вицепремиер, Фатмир Битиќи, денес на прес конференција изјави дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија. „Повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании. Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци. Вкупниот долг коишто […]

За Мицкоски економските индикатори се позитивни, се што кажале од СДСМ, промашиле


Единственото нешто што е катастрофално во Македонија е состојбата која што СДСМ ја остави после седум години разбојничко управување со државните ресурси, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на СДСМ дека извештајот на Светската банка е катастрофален. Мицкоски посочи оти е задоволен што во оваа Влада сите економски индикатори се […]

Над 300 деца во десет училишта во Србија го изучуваат македонскиот јазик


Од 2012 година кога во основното училиште „Гоце Делчев“ во Јабука се запишаа првите пет македонски ученици да го изучуваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура, до денес нивниот број е зголемен на над 300 запишани деца во 10 училишта во девет населени места ширум Србија. Со ова тие ја остваруваат законската […]

Роденденска вечер во чест на Влада Урошевиќ: Постојаното учење нѐ збогатува и ни ги обновува виталните сили


Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, македонската книжевна и културна фела му оддаде почит на академик Влада Урошевиќ, во чест на неговиот 90. роденден. На старовремската книжевна вечер, со наслов „Вистинита, но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ, за факултетот покрај […]

Рама: Првпат во историјата во Албанија нема недопирливи, благодарение на независното судство


Првпат во историјата на земјата нема недопирливи. Имаме под истрага или осудени лица со политичка моќ, како резултат на независниот судски систем, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама. Во поткастот „Фласим“ (Зборуваме) премиерот се фокусираше на реформите во правосудството, со кои Албанија напредуваше и пред европските партнери“. – Направивме целосно ослободување на судството од политиката […]