Јахја Синвар бил убиен со куршум во главата, изјави главниот израелски патолог


  Главниот патолог кој го обдукцијата на телото на Јахја Синвар изјави за Си-Ен-Ен дека лидерот на Хамас е убиен со прострелна рана во главата. Д-р Чен Кугел, главен патолог во израелскиот национален центар за судска медицина во Тел Авив, рече дека додека Синвар претрпел други сериозни повреди – вклучително и од тенковска граната или […]

Хрватска го доби својот прв зелен аеродром – со пари од ЕУ завршен една година порано


Аеродромот во Задар стана првиот зелен аеродром во Хрватска, беше речено на завршната конференција од проектот Електрификација и позеленување на системот за прием и испраќање на авиони и електрично снабдување на авиони на задарскиот аеродром. Проектот е кофинансиран од Европската Унија како дел од Националниот план за закрепнување и отпорност 2021-2026 година, а има за […]

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство


Амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, вечерва ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство 2024, за стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и Турција.  Првата награда на годинашниот конкурс го доби новинарката Ирена Мулачка од Фокус за сторијата „Скандал Онкологија“, со која се открија злоупотреби со терапиите за […]

Цела Куба остана без струја


Енергетската мрежа на Куба вечерва падна, оставајќи ја земјата без електрична енергија откако откажа една од главните електрани на островот, соопшти кубанското Министерство за енергетика. Во соопштението на X, Министерството рече дека дефектот на електраната Антонио Гитерас предизвикал „целосно исклучување на националниот електричен систем“. Во Хавана во петокот возачите се обиделе да се движат низ […]

Мета: Одлуката на судот во Рим да го поништи пактот Рама-Мелони го урна и Уставниот суд на Албанија


Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, преку објава на социјалните мрежи оценува дека „одлуката на судот во Рим да го поништи миграцискиот договор Рама-Мелони, го урнала и Уставниот суд во Албанија, кој договорот го оцени во согласност со Уставот“. -Одлуката на Судот во Рим да го поништи миграцискиот […]

Преземањето на изградбата на Универзална сала од Град Скопје ќе потрае до четири месеци, вели министерот за култура


Министерот Зоран Љутков очекува дека ќе потраат три-четири месеци процедурите за да може Министерството за култура и туризам законски да го гради објектот на Универзална сала. Како што рече, нивните правници и надворешните консултанти работат на тоа законски да го донесат правото на пренесување на проектот од Град Скопје во  Министерство за култура и туризам. […]

Путин: Не знам кога ќе ја победиме Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е сигурно кога Русија ќе ја победи Украина во војната, но дека руските сили се подготвени да продолжат да се борат дотогаш. Говорејќи на прес-конференција во Москва, Путин истакна дека руските сили стануваат сè потехнолошки напредни во конфликтот, што според него всушност е војна на НАТО […]

Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните


„Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби. Во присуство на адвокат денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и од […]

Фон дер Лајен на балканска турнеја, во четврток во Скопје


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави. В среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа. В четврток тоа […]

Хотелот на Трамп во Вашингтон ги зголемувал цените кога во него престојувала Тајната служба на САД


Хотелот „Трамп интернејшнл“ во Вашингтон честопати ги зголемувал цените кога во него престојувале агенти на Тајната служба а кога претседател на САД беше Доналд Трамп, се тврди во извештај на демократите од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Тајната служба се состои од високо професионални телохранители кои се грижат за обезбедување на […]

Париз го оцени како „многу алармантно“ зголемувањето на севернокорејската воена поддршка за Русија


Зголемувањето на воената поддршка на Северна Кореја за Русија е „многу алармантно“, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи. Јужнокорејското разузнавање претходно соопшти дека Северна Кореја распоредила првичен контингент од 1.500 специјалци во Владивосток и наскоро ќе испрати уште повеќе. „Зголемувањето на севернокорејската соработка и поддршката за руските воени напори во Украина е многу алармантно“, […]

Хари и Меган не се единствените славни што се собираат во „Малибу на Европа“


  Има речиси 40 милји напуштени плажи со бел песок долж брегот на Атлантикот, шармантни рибарски села и луксузни затворени одморалишта кои ги мамат A-listers кои бараат приватност како Мадона и Џорџ Клуни. Не е ни чудо што полуостровот Троја, познат како „Хемптонс на Португалија“ или „Малибу на Европа“, доби кралски печат на одобрување, при […]

Барселона казнета со 500.000 евра поради лажни финансиски извештаи


Шпанскиот фудбалски гигант Барселона ќе мора да плати казна од 500.000 евра, откако на каталонскиот клуб му беше одбиена и втората жалба против пресудата на Европската фудбалска унија (УЕФА) дека „намерно и свесно“ погрешно пријавила приходи во обид. да се усогласи со правилата за финансиски ферплеј. Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана ја отфрли […]

Мелони свика состанок на владата откако италијански суд ги укина наредбите за испраќање мигранти во Албанија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони закажа состанок на нејзината влада за италијанско-албанскиот миграциски договор по неговата прва пречка, јавија италијанските медиуми. Претходно денеска италијански суд ги укина наредбите за испраќање на првата група мигранти фатени во Медитеранот во центрите за мигранти во Албанија. На прес-конференција во Бејрут, каде што е во кратка посета, Мелони ја критикуваше […]

Обвинител бара повеќе од 500 години затвор за криминалци кои предизвикале смрт на новороденчиња во Турција


Турскиот обвинител побара повеќе од 500 години затвор за наводни водачи на криминална група обвинета за смрт на бебиња, откако ги сместувале новороденчиња на оддели за интензивна нега заради финансиска корист, јави ДПА. Обвинението на 494 страници против 47 осомничени, вклучително и здравствени службеници, откри дека новороденчињата наместо во здравствени установи, во одредени болници во […]

Потребни се унапредувања на Законот за локална самоуправа – ќе се бара поголема одговорност за комуналните дејности


Во Владата на Северна Македонија се одржа настан со кој почнува процесот на темелна анализа со цел унапредување на Законот за локалната самоуправа.   Настанот беше организиран во соработка со Министерството за локална самоуправа, УНДП и Амбасадата на Швајцарија, со учество на експерти од областа.   Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање посочи дека Законот […]

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, заради смртта на 14-месечното бебе


Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во […]

БДП во 2023 година пораснал за 2,1 отсто


Државниот завод за статистика денеска соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897 694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10.0 %, а реално за 2.1 %. Најголемо учество на додадената вредност со 18.9 % во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо […]

Кривична пријава против Мерко поради незаконско назначување директор на училиште


Против градоначалникот на Струга Рамис Мерко е поднесена кривична пријава од ОВР Струга затоа што пред речиси три години,  спротивно на законот, назначил в.д. директорка во училиште во општината што ја раководи.  Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено […]

Ужас во Куманово: 70-годишен дедо два месеци силувал 13-годишно дете


СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(70) од oпштина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 16 години“. Пријавениот во повеќе наврати во временски период од околу два месеци вршел полови дејствија врз 13–годишно дете.