Струмичката вода не е за пиење! Се исчисти од манган, ама има бактерии


Изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) откако ги доби резулатите од анализираните мостри земени на 18.10.2024 година во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица. Како што информира АХВ, кај сите […]

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја


Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас. Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на […]

Терористички напад во Турција: Нападнат комплексот на воздухопловната индустрија, има и жртви


Експлозии имало во просториите на ТАИ Анкара Кахраманказан. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека има загинати. Станува збор за комплексот на ТАИ, турската авијациска индустрија, а властите и медиумите во Турција нападот го означија како терористички. Наведено е дека персоналот од безбедносни причини бил испратен во засолништа. На местото на настанот се […]

ЦЛС: Властите на Белград планираат да ги отстапат автобусите „соларис“ на Скопје


Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) денеска соопшти дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Северна Македонија, што невладината организација го оценува како „произволен, неразумен и штетен потег“, јави дописникот на МИА. -Во ситуација кога градскиот превоз во Белград е […]

Ампева предлага да се примени Црногорскиот модел за раст на платите


Да зборуваме за плата за живот, а не за покачување на минимална плата, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“, откако опозицијата предложи Закон за покачување на минималецот на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки. Вели дека минималната плата е заштита од сиромаштија, а не треба да биде суштинско барање […]

Куртоа поради повреда ќе го пропушти дербито со Барселона


Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа се повреди на натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (5:2).  Триесет и двегодишниот Белгиец нема да може да игра против Барселона. – По прегледот на Куртоа од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше констатирана повреда на аддукторниот мускул на левата нога, […]

Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД: Едно лице почина, десетици заболени


Најмалку едно лице почина, десет лица се хоспитализирани, а 49 се разболеле поради труење со бактеријата Ешерихија коли во франшизи на Мекдоналдс во десет американски сојузни држави. Американскиот Центар за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) соопшти дека сите случаи се поврзани со хамбургерите „Quarter Pounder“ на овој познат синџир за брза храна. ЦДЦ објави […]

Путин предлага БРИКС да основа сопствена берза на жито и платформа за дијаманти


Рускиот претседател Владимир Путин предложи на Самитот на БРИКС во Казан, организацијата да основа своја берза на жито и платформа за тргување со благородни метали и дијаманти. Според него, ова ќе помогне на БРИКС да ги заштити националните пазари од надворешни интервенции и манипулации. Путин истакна дека Москва поддржува создавање на нова инвестициска платформа за […]

Крилјата за сурфање на „Брејнчајлд“ од Битола „летаат“ низ целиот свет


  БИТОЛА – Шареноликост од бои и современи дизајни налик на крилја од рајски птици наликуваат платната за сурфање на вода што ги произведува германската фабрика „Брејнчајлд продукција“ во Битола. Во производствената хала сместена во старата индустриска зона во Битола вредно се работи на секој еден детаљ на материјалите од кои се шијат и изработуваат […]

Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки


Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, рече дека иницира проект за развој на државата кој ќе биде преточен во стратегија до 2050 година. Целите на проектот, како што напомена, ќе се дефинираат во соработка со МАНУ, а на крај, по нивното заокружување, ќе […]

ЕК ја одобри реформската агенда, Македонија добива 750 милиони евра


Европската комисија денеска ги одобри реформските агенди на пет партнери од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, со што се отвора пат за исплати од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во вредност од шест милијарди евра. „Комисијата денеска ги одобри реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија по […]

Левица: Силјановска ја погази својата професија и помилува членови на наркокартели


Скандалозната одлука на претседателката Силјановска да помилува криминалци кои се дел од познати нарко групи покажува дека и новата власт има „долгови” кон криминалното подземје. Токму Силјановска во предизборието го обвинуваше Пендаровски дека помилувал член на кланот Барон, за вчера да одекне веста дека претседателката помилува уште еден криминалец од оваа група која го тероризира […]

Славе Ѓорѓо Димоски ја прими наградата „23 Октомври“: Ако поетот замолчи, ќе замолчат и душата и јазикот


На поетот, есеист и преведувач Славе Ѓорѓо Димоски денеска му беше врачена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишно остварување во областа на културата и уметноста. Димоски одбележува два јубилеја, 65 години од раѓањето и 45 години творештво. Неговата поезија е преведена на над 35 јазици на сите континенти. Автор е на шест книги за деца […]

Шундовски привремен тренер на РК Еурофарм Пелистер


Најтрофејниот македонски ракометен тренер Звонко Шундовски е назначен за привремен тренер на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер. Менаџерскиот тим на клубот одлуката ја донесе по вчерашната оставка на досегашниот тренер Бранислав Ангеловски што ја поднесе веднаш по поразот на битолчани од тимот на Алкалоид во Скопје. Од РК Еурофарм Пелистер соопштија дека Шундовски екипата ќе ја […]

Подеста: Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен


Напредокот на земјите од Западниот Балкон на европскиот пат и шест милиони вредниот План за раст на регионот ќе бидат главни теми на билатералните разговори на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со нејзините домаќини во текот на турнејата низ западнобалканските држави, што започнува денеска, информира заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана […]

Загрижени за егзистенцијата: Уметници наспроти вештачка интелигенција


Над 10.000 професионалци од светот на уметноста, музиката, филмот, театарот поддржаа петиција која сака да ги спречи компаниите да ги користат авторските дела на уметниците за да обучуваат модели со вештачка интелигенција. Меѓу потписниците на петицијата се Казуо Ишингуро, Кејт Мос, Макс Ричер, Кевин Бејкон, Росарио Досон, меѓу другите. Ним им се придружија Том Јорк […]

За СДСМ се шокантни скандалозните помилувања на Сиљановска Давкова


Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ . „Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога. Најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки. За дел од […]

Неготино не сака фабрика за декомпозиција на пластичен отпад во близина на градот


Општина Неготино е против инвестиции како инсталација за термичка декомпозиција на пластика и пластичен отпад. Ова го изјави денеска за МИА, градоначалникот Горан Стојанов, откако синоќа екологисти рекоа дека се против ваков капацитет. – Ставот на Општината, е, против вакви инвестиции, рече тој. Стојанов одговори потврдно, на нашето прашање дали локалната самоуправа ќе даде негативно […]

Димитриеска-Кочоска за Глас на Америка: Ќе поддржуваме инвестиции, а не потрошувачка


Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1%, а за наредната и повеќе од 3,5 %, додека буџетскиот дефицит 4%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка. […]

Пукање во Арачиново – повредено едно лице


МВР објави детали за синоќешното пукање во Арачиново, каде што застрелано лице беше хоспитализирано. „Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога“, објави полицијата. Полициски службеници пристигнаа на местото на настанот […]