Трамп пред Харис, Американците повеќе му веруваат за економијата


Како што се наближуваат претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), најновите анкети покажуваат дека поранешниот претседател Доналд Трамп води пред потпретседателката Камала Харис во трката, а економијата игра главна улога во одлуките на гласачите, пишува „Анадолу“. Анкетата објавена во четвртокот од страна на Сеамериканското економско истражување на „Си-ен-би-си“ покажа дека Трамп води пред Харис […]

Левица: Непотизмот и кронизмот беснеат, a ДКСК молчи


,Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, на брза лента, катадневно и во секоја пора на јавниот сектор, вработува и унапредува лица по принцип па партиска припадност и фамилијарни врски.Најнов пример за ваквото расипничко владеење е вработувањето на сестрата на министерот за култура, Зоран Љутков, во Велешкиот музеј, директно од негова страна и без распишен јавен […]

Синдикатот бара Владата да е поригорозна кон алчните трговци


Сојузот на синдикатите на Македонија треба да биде вклучен во креирањето на новите мерки од страна на Владата за ограничување на профитните маржи на основните производи за да не се случи трговците повторно да ја изиграат мерката на грбот на работниците и граѓаните, смета првиот човек на оваа организација, Слободан Трендафилов. – Тоа што можам […]

Ахмети бара помош од Рама за заштита на Охридскиот договор


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во писмо до албанскиот премиер, Еди Рама, напиша дека поради најновите политички и уставни случувања се загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор.   Ахмети во писмото вели дека Уставниот суд планира да ги укине основните одредби на Законот за употреба на јазиците, а зборува и за одлука за забрана на идентификацијата на етничката […]

(ВИДЕО) Семејствата на заложниците го прекинаа говорот на Нетанјаху: „Срам да ви е“


Семејствата на заложниците кои на 7 октомври минатата година беа насилно однесени во Газа од Хамас, го прекинаа говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на денешната церемонија во Ерусалим. Тој зборуваше на церемонијата одржана во спомен на жртвите од минатогодишниот напад на Хамас, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а околу 200 Израелци беа […]

Алијанса за Албанците: Меџити ги злоупотребува државните канцеларии за партиски состаноци


Лидерите на коалициските партии во нелегитимната Влада грубо ги злоупотребуваат државните институции и ресурси, велат од Алијансата за Албанците преку соопштение, споделувајќи фотографија за која тврдат дека потекнува од партиски состанок.   „И како член на ДУИ, и како градоначалник на општина Чаир, но и сега како член на ВЛЕН, Изет Меџити ги злоупотребува владините […]

Директорот и пет лица од Националниот парк „Пелистер“ нелегално сечеле дрва


Битолското Основно јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против пет физички лица и Јавната установа Национален парк „Пелистер“ како правно лице поради нелегална сеча на дрва кои потоа ги продавале во име и на сметка на Националниот парк. Тие, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се товарат за кривичното дело пустошење […]

На прагот на откуп на тутунот побарувачката поголема од понудaта


Тутунопроизводителите во земјава се подготвени за откупот на тутунот од годинашната реколта. Преку 10.000 семејства во државава очекуваат продуктивен почеток на откупот. Променливата година со дожд и суша донесе тутунопроизводство од околу 17.000 тони тутун, со добар квалитет. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските. – Тутунопроизводителите на стартот на производството се соочија […]

Ставени потписи на проектите што ќе се реализираат со унгарските пари


Премиерот Христијан Мицкоски го најави дека денес ќе се потпишат  договорите помеѓу владините министерства и општините кои учествуваа на јавниот повик, ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра за капитални инвестиции. Според него, дел од тие средства ќе бидат реализирани во овој буџет, останатиот дел дополнет со […]

Мицкоски: Одлуката на Костадинов за повлекување од ЗЕЛС не е на општината


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов да го напушти ЗЕЛС е погрешна, нагласувајќи притоа дека тоа е негова одлука, а не на општината. – Не верувам дека Струмица најави најави напушување на ЗЕЛС, најави градоначалникот на Струмица. По мене, тоа ќе биде погрешна одлука, но тоа е негова одлука, […]

Мицкоски гледа подметнувања од „удбашко-комунистички структури“ за Христовски


Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, рече дека доколку релевантна институција констатира дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски го лажирал ТОЕФЕЛ сертификатот за познавање на англиски јазик, тогаш ќе биде разрешен. -Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи коишто АНБ […]

Мицкоски за спорните помилувања: Кој работи, знае и да погреши“


На денешната прес-конференција по потпишувањето на договорот од првата транша од проектот за капитални инвестиции во општините, премиерот Христијан Мицкоски за одлуката на Комисијата за помилување која вчера даде колективна оставка вели „жив човек, кој работи знае и да погреши“. – Жив човек, кој работи знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката, ако […]

Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1.000 денари


Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат, тврдеше денес пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на прес конференција. „Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија јасно покажува дека трошоците за храна и пијалоци за едно четиричлено семејство во октомври во […]

СДСМ: Мицкоски да даде оставка заради скандалот со АНБ


СДСМ по вторпат денеска реагира на проблематичното именување на Бојан христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност барајќи овојпат оставка и од премиерот Христијан Мицкоски, како директно одговорен за именувањето. „Се соочуваме со еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја – незаконското поставување на Бојан Христовски за директор […]

„Фероинвест“ на „Енерго Технома 2024“: Развиваме енергетски решенија за по пет години


Сопственикот на „Фероинвест“, проф. д-р Кочо Анѓушев вели дека компанијата „Фероинвест“ на годинешниот саем „Енерго ТЕХНОМА“ во Скопје ќе претстави решенија за проблемот со вишокот електрична енергија од фотоволтаици, што е главен проблем во моментот, но дека нивните инженери веќе работат на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 или 6 години.   „Фероинвест“ […]

Камион намерно се заби во автобуска станица во Израел (ВИДЕО)


Десетици луѓе се повредени кога камион влета во автобуска станица во централен Израел, соопштија израелските спасувачи. MDA EMTs and Paramedics are treating and evacuating 10 injured people to Beilinson and Ichilov hospitals. Among the injured: 4 in serious condition, 2 in moderate condition, and 4 in mild condition. MDA teams are also treating multiple other […]

ШК „Алкалоид“ е Eвропски вицешампион


Во последното седмо коло на Европскиот клупски куп, шахистите на „Алкалоид“ го одиграа својот најдобар меч, и убедливо триумфираа над францускиот „Шартре“ со 5:1 за нова европска вицешампионска титула. Арјун Еригаиси на првата табла ремизираше со легендарниот украински шахист Василиј Иванчук, кој во минатото исто така играше за „фармацевтите“. Со црни фигури беше и С. […]

Денес потпис на договорот за проектите на општините, целиот список се уште се крие


Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.  Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат […]

„Бехтел и Енка“ ни го чистат и отпадот во Кочани


Градежна механизација на конзорциумот „Бехтел – Енка“ од утрово почна со расчистување и санација на површина од околу 40.000 квадратни метри на комуналната депонија кај кочанското село Бели, која предизвикува еколошка катастрофа поради горењето на отпадот и испуштањето чад и штетни материи во воздухот. На јавниот повик за помош во справувањето со тешката состојба кој […]

Лидерите во Бугарија загрижени за одзивот, повикуваат да се гласа заради државата


Лидерот на „Вазраждане“ (Преродба), Костадин Костадинов гласаше во просторијата во која учел неговиот син од прво до четврто одделение. „Гласав Бугарија да биде за пример, а не за потсмев“, изјави Костадинов. „Пред се, да не бидеме за потсмев во очите на сопствениот народ“, додаде тој. Според него, лошото е што има катастрофално слаб одѕив на […]