„Љубовна приказна“ – концерт на „Велкро пијано трио“


„Љубовна приказна“ – концерт на „Велкро пијано трио“ ќе се одржи вечер во Салон 19:19 во Културно информативниот центар во Скопје. – „Велкро проект“ (Velkro project) е формиран од интернационален состав на музичари чија мисија е соединување на различни камерни формации во најразлични форми од целиот свет. Формиран од музичарите Марко Ариани, Марко Поп Ристов […]

Семинар за заштита на авторските права


Во рамките на културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а во рамкие на проектот CreArt, денеска во Галерија „КО-РА“ – голем салон при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе се одржи Семинар за заштита на авторските права. Во рамките на семинарот предвидени се две панел дискусии со учесници од […]

Мицкоски ќе оди да види како „Бехтел и Енка“ ја градат делницата Гостивар – Букојчани


  Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе извршат надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. По извршениот надзор предвидено е Мицкоски да даде изјава.

Шесто издание на Денови на медиумска писменост 2024


Со конференција на тема „Политики за медиумска писменост во ерата на вештачката интелигенција“ Мрежата за медиумска писменост денеска го отвора шестото издание на Деновите на медиумска писменост 2024. Планираните активности што ќе траат до 4 ноември ќе се одвиваат под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“. Отворањето на ДМП 2024 е најавено за во 9 […]

Пожарот во комплексот „Манастир“ најверојатно бил од скарата, хотелот не е зафатен


Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува. – Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 […]

Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор


Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да се одржи јавна расправа за работните верзии на неколку закони за административни службеници и за вработените во јавниот сектор. На јавната расправа треба да бидат разгледани Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за […]

Претежно сончево и релативно топло


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот, се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Се прогнозира минималната температура да биде во интервал од -1 до 7, а максималната да достигне од 21 до 27 степени. Во […]

Борисов прогласи победа, ќе преговара за влада со сите освен “Преродба“


„ГЕРБ е јасен победник на овие избори. Сите се потенцијални партнери освен „Преродба“. Ќе владеам со секој кој ја поддржува нашата програма“ –  изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва. Според него, победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна и се обврзале  да формираат влада. „Можеме да прифатиме многу компромиси, но не можеме да го замениме гласот […]

Изгаснат пожарот во „Манастир“ во Берово


Изгаснат е пожарот што вечерва избувна во поткровниот дел на хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Екипи на Противпожарната единица Берово веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде што е забележан густ чад. Поради сериозноста на пожарот побарана била помош од околните противпожарни служби и тоа од Делчево и од Кочани. Во моментов […]

Претседателката на Грузија на страна на опозицијата, повика на протести


Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, денеска изјави дека нејзината земја е жртва на руска „специјална операција“ и ја поддржа грузиската опозиција, која не ги признава резултатите од гласањето. Таа ги повика Грузијците утре да излезат на главната улица во главниот град Тбилиси за да протестираат против резултатот, кој според неа е „тотален фалсификат, целосна кражба […]

Гори туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово


Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти. Дел од гостите во хотелот се евакуирани. Нема повредени. Во меѓувреме, пожарот бил изгаснат, но причинета е значителна материјална штета, јавуваат дел од медиумите. Инаку, откако бил забележан густ чад во туристичкиот комплекс, противпожарните екипи веднаш се упатиле на терен. […]

ГЕРБ води на изборите во Бугарија, одзивот низок но не и катастрофален


На седмите предвремени избори во Бугарија убедливо води ГЕРБ, а очекувањата дека ќе  има катастрофален одзив, не се потврдија. Првичните резултати покажаа исто така дека разликата помеѓу коалицијата  ГЕРБ-СДС и  ПП-ДБ се зголемува со секои следни избори, а обединувањето на старите лидери не доведе до успех за БСП.  Бугарскиот гласач, според БГНЕС, ги казнил и […]

Македонските граѓани пушат трипати повеќе од тие во ЕУ


Употребата на тутун кај нас е многу висока. , покажуваат последните истражувања. Според  процентуалната застапеност  население кое употребува тутун нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани активни пушачи.Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45,4 отсто, со многу низок процент на луѓе – […]

Утре почнуваат интензивни градежни работи за Коридорот 8, најави Меџити


Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, вели дека нема разлики меѓу коалициските партнери во Владата за Коридорот 8, пишува весникот ЛАЈМ.Меџити истакна дека утре ќе започнат интензивните градежни работи за изградба на Коридорот 8. „Коридорот 8 е исклучително важен коридор за Република Северна Македонија. Ве известувам дека утре, заедно со премиерот и министерот за транспорт, […]

Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран


Советот за безбедност на Обединетите нации се очекува да се состане утре за да разговара за нападот на Израел врз Иран, јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на дипломати. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го повика Советот за безбедност да се состане за „криминалните напади“, велејќи дека тие се „тешка закана“ за мирот, […]

Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138


Бројот на жртвите во невремето Трами, што го погоди северозападниот дел на Филипините, се искачи на 138, а голем број луѓе се водат за исчезнати, соопшти денеска владината агенција за одговор при катастрофи. Агенцијата соопшти дека бројот на жртви најверојатно дополнително ќе се зголеми поради поплавите и одроните предизвикани од невремето. Полициски и противпожарни единици […]

Хамас во Доха ќе поднесе сеопфатен предлог за прекин на огнот и размена на заложници


Извор на Хамас изјави за саудискиот канал Ашарк Њуз дека терористичката група ќе им претстави на преговарачите сеопфатен договор за итен прекин на војната и повлекување на израелските трупи од Појасот Газа и размена на одреден број палестински затвореници за ослободување на сите израелски заложници одеднаш. Понудата се очекува да биде поднесена по состанокот што […]

Зеленски: Русија фрли 1.100 наведувани бомби врз Украина во изминатата недела


По уште една недела интензивни руски воздушни напади врз неговата земја, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го повтори својот повик до западните сојузници да помогнат во воздушната одбрана. Само во изминатата недела беа регистрирани повеќе од 1.100 напади со наведувани бомби и повеќе од 560 напади со дронови, објави Зеленски на X. Русите, според него, […]

Недановски и Вардар ја прекинаа соработката, Стоилов привремен тренер


Владо Недановски повеќе не е тренер на ракометниот клуб Вардар.За крајот на соработката со досегашниот тренер „црвено-црните“ информираа попладнево преку соопштение кое го пренесуваме во целост: – Почитувани навивачи на Вардар, поддржувачи, спонзори и сите оние на кои „црвено-црната“ боја им значи нешто.Вардар отсекогаш имал цел високи цели, се борел за титули, за висок пласман, […]

Шефот на ОН е шокиран од смртноста во северниот дел на Газа


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е шокиран од нивото на смртност во северниот дел на Газа, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик. Притоа тој мисли на „цивилите заробени под урнатините, болните и ранетите кои остануваат без здравствена заштита што им ги спасува животите и семејствата без храна и засолниште“. Израелските власти се уште […]