Пензиите навреме ќе се исплаќаат, вели директорот на ПИОМ
Фондот за пензиското и инвалидското осигурување денеска ги исплати пензиите, покачени за 2.500 денари, што, согласно пресметките, претставува зголемување од 11,2 проценти. Доколку се направеше усогласување со досегашната методологија на усогласување, зголемувањето ќе изнесуваше четири проценти. Искажано во сума на пари, зголемувањето од четири проценти би било околу 528 денари за пензионерите со минимална пензија […]