Израел вети одговор на иранскиот напад


Израелската војска вчера соопшти дека ракетниот напад од Иран завршил и луѓето би можеле да ги напуштат засолништата, ветувајќи му одговор на Техеран на нападот. -По проценката на ситуацијата, беше одлучено дека сега е дозволено да се напуштат заштитените подрачја во сите области низ земјата, се вели во соопштението на израелската армија. Иранскиот ракетен напад […]

Франција ќе ги продолжи граничните контроли „колку што е потребно“


Франција планира да ги продолжи проверките на своите граници за да ја спречи илегалната миграција „колку што е потребно“, изјави премиерот Мишел Барние. Претставувајќи ја програмата на неговата нова администрација во Националното собрание, Долниот дом на земјата, Барние рече дека граничните контроли што треба да истечат месецов ќе бидат продолжени, истакнувајќи слични мерки воведени во […]

Премиера на „Безвременски прикаски“


Претставата „Безвременски прикаски“ во кореографија и режија на Ирена Лозинска вечер премиерно ќе биде изведена во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Според авторката, „Безвременски прикаски“ е музичко-сценски и танцов перформанс кој опфаќа седум раскази на Франц Кафка. Четирите актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот […]

Симпозиум „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“


 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ќе има воведно обраќање на денешнпто отварањето на настанот „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“.  Овој настан, како што соопштуваат организаторите, се одржува во рамки на Дигиталниот центар за иновации – ДигитМак, со што ќе започне и неговата работа. По отворањето на овој […]

Седница на Уставен суд


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 26. седница. На дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост, шест предлози за одлучување по нацрт-одлуки и седум нацрт-решенија. 

Женски економски форум – Балкан 2024


 Во Скопје денеска и утре ќе се одржува Eкономскиот форум на жени лидерки – Балкан 2024. Преку панелни дискусии и дебати, докажани лидерки и лидери од Португалија, Индија, Египет, Турција, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија и Северна Македонија ќе разменат идеи и ќе споделат најдобри практики за справување со заедничките предизвици. Најавено е учество […]

Изложба „Време и простор 2001-2023“ на Тања Таневска


Самостојната изложба „Време и простор 2001-2023“ на сликарката Тања Таневска вечер ќе биде отворена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“. Според уметницата Дијана Томиќ Радевска, со насловот на проектот, Тања Таневска посочува еден подолг период (2001-2023) од нејзиното (семејното) домување, живот, радости и тага, во кои авторката ги создавала и чувала визуелните записи за потоа да […]

„Архангел” го затвора првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”


 Со концерт на „Архангел” вечер се затвора првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски”. Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4” почнува во 21:00 часот, а е поддржан од Министерството за култура и Македонскиот народен театар. 

Без вода дел од корисниците од улица „Борис Трајковски“


 Поради изведување водоводен приклучок  ф – 200 мм  на ул. „Борис Трајковски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.

Меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“ во Струга


Во Струга од денеска до 4 октомври ќе се одржува Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, чија цел е споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво. Конференцијата е посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија, одржлив развој и […]

Собранието ќе ја започне 16. седница


Во Собранието денеска треба да започне 16. седница на која на дневен ред има повеќе одлуки и закони. На предложениот дневен ред се и одлуките за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК), како и  за избор на нови членови на Комисијата.  Со одлуката за усогласување на составот на ДИК, се предлага претседател да […]

Саливан: Иранскиот напад врз Израел беше „неефикасен“ и одбиен со помош на САД


Иранскиот напад врз Израел се покажа „неефикасен“ и беше одбиен од израелските сили за противвоздушна одбрана со поддршка на САД, изјави синоќа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан. Тој нагласи дека Вашингтон моментално „нема податоци за починати во Израел“ и проверува информации за смртта на еден цивил на окупираниот Западен Брег како […]

Наутро студено, преку ден сончево, до 25 степени


Времето денеска ќе биде студено во текот на утрото, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната од 19 до 25 степени. Во Скопје утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со […]

Сакате да земете куче, а живеете во стан? Ова се најдобрите раси за живеење во мали простори


Доколку живеете во стан или куќа без двор, а сакате куче, важно е да откриете кои раси се идеални за живеење во помали простори. Сепак, важно е да се напомене дека на секое куче, без разлика на расата, може да му стане досадно на мал простор, што доведува до несакано однесување. Затоа прошетајте го вашето […]

Пехчевската библиотека „Кочо Рацин“ одбележа 100 години од своето постоење


Општинската јавна установа Матична библиотека „Кочо Рацин“ од Пехчево вечерва одбележа еден век од своето постоење. Настанот „100 години – Библиотека“ се организираше во соработка со Општина Пехчево и локални институции, кои заеднички подготвија пригодна музичка програма. Првите податоци за постоењето на библиотеката во Пехчево, како што истакна директорката Габриела Костадинова, се пронајдени во пишан […]

Швајцарија: Маж рани три деца со нож во градинка, храбарa вработенa го совлада


Маж денеска со нож упаднал во градинка во швајцарскиот град Цирих и повредил три деца, соопшти локалната полиција, а истакната е улогата на вработенат во градинката која го совладала и го држела до доаѓањето на полицијата. Како што пренесуваат швајцарските медиуми, повикувајќи се на полицијата во Цирих, неименуван маж повредил три петгодишни момчиња, кои се […]

Утре без вода дел од улица „Македонија“


Без вода утре од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Македонија“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради менување на вентил  ¾ на ул. „Македонија“16. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Ѓуриќ: Потребна ни е промена на парадигмата на Западен Балкан


Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, денеска на министерскиот состанок на Берлинскиот процес изјави дека на регионот на Западен Балкан му треба промена на парадигмата и префрлање на фокусот од она што нè дели на она што не обединува, јави дописникот на МИА од Белград. Според Ѓуриќ, Берлинскиот процес е еден од клучните […]

Пад на берзите во САД по иранските ракетни напади на Израел


Главните берзански индекси во САД регистрираат денеска значаен пад додека цените на нафтата растат по извештаите за ракетните напади на Иран врз Израел. Индексот S&P 500 падна околу 1,3 отсто во тргувањата денеска на пладне, откако синоќа завршија на рекордно ниво. Приносите на државните обврзници исто така паднаа. Приносите паѓаат како што цените растат, а […]

Иран истрела проектили кон Израел


Израелската војска соопшти дека ракетите биле истрелани од Иран кон Израел, пренесува Ројтерс. Веќе има извештаи за активирање на сирени за воздушен напад во Тел Авив, а сега се слушаат предупредувачки сирени во Ерусалим, според новинската агенција. Израелските одбранбени сили (IDF) објавија на мрежата X дека сите израелски цивили се во засолништа бидејќи ракети од […]