Лајен: Се очекува да има десет жени еврокомесари


Брисел – Во следниот состав на Европска комисија се очекува да има најмалку 10 жени, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. – Половина од граѓаните на ЕУ се жени, затоа имаме за цел да постигнеме родова еднаквост во новата комисија, каде еднаквоста е обезбедена со географски принцип и со политичка припадност, наведе […]

Дали миленикот на жените, Џејмс Бонд може да биде геј: Даниел Крег се насмеа на пресот во Венеција


За време на прес-конференцијата на Филмскиот фестивал во Венеција одржана во вторник, 3 септември, еден новинар ги праша Крег (56) и неговиот режисер Квир Лука Гвадањино дали мислат дека иконскиот британски шпионски лик може да биде прикажан како хомосексуалец ? „Момци, ајде да бидеме возрасни во собата за секунда“, одговори Гвадањино, откако прашањето предизвика смеа […]

Словачките училишта, но и судовите, повторно под закана за бомби


Училиштата и судовите низ Словачка денеска добија дојави за поставени бомби и мини, објавија словачките власти. Училиштата добиле заканувачка електронска пошта во која пишувало дека во нивните простории биле поставени нагазни мини, пренесува Таср. Закани за бомби се испратени до судовите низ целата земја, изјави денеска за словачка новинска агенција портпаролката на регионалната полиција во […]

„Славните денови“ на глобалните автопроизводители во Кина завршија


  Странските производители на автомобили доминираа на кинескиот пазар на автомобили со децении, продавајќи милиони возила и остварувајќи огромен профит. Таа златна ера сега нагло завршува. Брзиот подем на домашните кинески производители на електрични возила (ЕВ), како што се БИД и Xpeng, го нарушува најголемиот пазар на патнички автомобили на планетата и ги остава најголемите […]

Каталонија планира да инвестира 2,3 милијарди евра за да го реши проблемот со хроничниот недостиг на вода


Каталонија планира да инвестира вкупно 2,3 милијарди евра до 2040 година со цел да го реши проблемот со хроничниот недостиг на вода. Целта е да се има сигурно снабдување со вода и да се стави крај на зависноста од врнежите. Новиот претседател на владата на оваа шпанска провинција, Салвадор Ила, претстави ажурирана стратегија за управување […]

Конференција „Навигација на ВИ и медиумите“: Потребата од заштита на објективното новинарство никогаш не била поголема, но и потешка


Улогата на вештачката инелигенција во креирањето на медиумските перспективи, потенцијалите на ВИ и можностите, кои ги отвора, но и нејзиното правилно користење во медиумското работење со цел да се заштитат основните постулати на кои почива новинарството се темите на кои се дискутира на Конференцијата „Навигација на ВИ и медиумите“, која се одржува денеска во Истанбул […]

Од петок променливо време со пороен дожд и грмежи


Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност, а од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Дневните температури ќе бидат […]

БДП во вториот квартал со раст од 2,3 отсто


Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3  отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени […]

Европското првенство во Прага годинава едно од најуспешните за македонските млади шахисти


 Солидни резултати остварија македонските млади шахисти кои годинава се натпреваруваа на Европското првенство во Прага. Над 50% успешност остварија Моника Жежовска, Софија Беловска, Ахмет Селим Абдурахман и Антон Златков.  Најдобар пласман оствари најмладата шахистка, Софија Беловска која се натпреваруваше во категоријата до осум години девојчиња. Беловска доби 5 од вкупно 9 поени и обезбеди  21 […]

Наковска – Бикова го заврши настапот на Параолимписките игри


Париз – Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Париз, Оливера Наковска – Бикова, го заврши денеска настапот појавувајќи се на стрелиштето во дисциплината пиштол слободен избор од 50 метри во мешани двојки. Во конкуренција на 29 учесници во машка и женска конкуренција, Наковска – Бикова го освои 17 место. Македонската параолимпијка постигна резултат од 526 […]

Заемот од Унгарија ќе го придвижи БДП, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека охрабрува растот на индустриското производство  кое по подолго време забележа раст минатиот месец и е добар индикатор, бидејќи, како што изјави денеска, бизнис заедницата има доверба во институциите. Очекува придвижување на БДП и со парите од заемот од Унгарија што вчера помина на седница на Владата и наскоро треба да […]

Дали Џејмс Бонд се враќа на Блискиот Исток ? Гала вечерата во Венеција ја крие тајната


Продуцентката на Џејмс Бонд, Барбара Броколи, беше една од гостите на гала вечерата организирана од Филмскиот институт во Доха (DFI) и Медиа Сити Катар (MCQ) на маргините на Филмскиот фестивал во Венеција во понеделникот вечерта. Присуството на продуцентот-ветеран додаде гориво на неодамнешните извештаи дека таа се обидува да обезбеди катарски финансии за страсниот проект на […]

Поддржано од ЕКО Грција дел од HELLENiQ ENEREGY: Стартува ЕКО Рели Акрополис – „Рели на Боговите“


Светската автомобилска елита ќе биде дел од релито ЕКО Акрополис што ќе се одржи во Централна Грција од 5 до 8 септември. Четврта година по ред, релито ЕКО Акрополис е дел од годишниот календар на Светскиот рели шампионат на ФИА (WRC), кој е највисоко меѓународно натпреварување од ваков вид. Генерален и именуван спонзор на овој […]

Поранешната министерка за надворешни работи на Австрија се вработи во Русија: Ќе се грижи за сибирските тигри


Поранешната министерка за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсл се вработила во Русија каде ќе биде министерка за зачувување на сибирските тигри. Кнајсл беше министер за надворешни работи на Австрија од 2017 до 2019 година како член на десничарската ФПО и е позната по нејзините силни врски со Русија. Во Австрија е најпозната по тоа […]

„Квир“ на Гвадањино со деветминутни овации во Венеција


Даниел Крег ја има најдобрата изведба во кариерата во романтичната драма на Лука Гвадањино „Квир“, глумејќи геј Американец во Мексико Сити во 1950-тите. Драмата, со своите експлицитни љубовни сцени, го зафати преполниот театар на светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција во вторникот вечерта, со што заработи 9-минутни овации. Кога започна аплаузот, Крег изгледаше зацрвенето […]

Германски БМЗ ја почна изградбата на фабрика вредна 65 милиони евра, ќе вработи 1.000 лица


Во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје, денеска беше одбележан почетокот на градбата на фабрика на германската БМЗ груп која се занимава со изградба на литум јонски батерии. Инвестицијата изнесува 65 милиони евра, се очекува фабриката да биде готова до мај следната година и да реализира извоз од најмалку 60 милиони евра во првите три години.  […]

Фајон: Ова е најтешкиот Бледски стратешки форум досега


Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, го затвори годинешниот Бледски стратешки форум, кој според неа е „најтежок во сложената геополитичка ситуација“. „Тоа беше ново непроценливо искуство, секако убедливо најтешкиот форум во сложена геополитичка ситуација, но повеќе од 2.500 гости си заминаа дома со добри впечатоци од гостопримството на Словенија“, напиша Фајон на социјалната […]

Анита Алоска е нова в.д директорка на „Охридско лето“


Анита Алоска е новата в.д. директорка на Националната установа „Охридско лето. Со решение на Министертвото за култура и туризам,  Алоска е назначена на раководната функција по неотповикливата оставка на досегашната директорка, Наташа Поповиќ, која изминативе шест години беше на чело на оваа најзначајна музичко-сценска манифестација во државата. Алоска е од редот на вработените а во […]

Промовирана велосипедската рута Транс Динарика со дигитална апликација, долга е 5.000 км од кои 650 км низ Македонија


Велосипедската рута Транс Динарика, револуционерна иницијатива која опфаќа шест земји од Западниот Балкан и ќе го трансформира одржливиот туризам во регионот официјално беше промовирана денес. Станува збор за иновативна патека долга 5.000 километри која не само што ги истакнува прекрасните пејзажи и богатото културно наследство на земјите од Западен Балкан, туку има за цел да […]

Екстремни горештини во дел од САД: Феникс 100 дена „гори“ на високи температури


Западниот дел на САД се соочува со екстремни горештини, при што во Феникс 100 последователни денови живата во температурата не се спушта под 38 степени Целзиусови. Особено тешка е ситуацијата во пустинските градови, каде што температурата може да достигне 49 степени Целзиусови. Националната метеоролошка служба на САД предупреди дека бездомниците, старите лица, децата и лицата […]