Агилера ослабе 40 кг со трендовскиот лек „Оземпик“


Кристина Агилера  наеднаш ослабе 40 килограми, што предизвика страв кај пријателите и медицинските експерти дека и дека со помош на диета и користењето на трендовскиот лек Ozempic  го ризикува своето здравје. „Без разлика дали зема Ozempic или не, јо-јо диетата не е добра или здрава за неа или за кој било“, ексклузивно раскажува за Life […]

Сите погледи во Венеција свртени кон Изабел Ипер, еве зошто


81-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција завршува во сабота, со светската премиера на Кевин Костнер „Хоризонт: Американска сага – Поглавје 2“ и церемонијата на доделување награди. Без вистински избор на консензус до вечерта, очите се насочени кон што жирито предводено од француската филмска легенда Изабел Ипер и кој ќе ги добие наградите оваа година. […]

Сите решенија за Судски совет се на маса и се бара најдоброто решение, вел министерот за правда


Министерот за правда Игор Филков, осврнувајќи се на состојбите во Судскиот совет посочува дека тој треба да биде независно тело кое во одлуките ќе се води од индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот. -Реформите се потребни и како акти, конкретни активности, но и како менување на начинот на опсервирање и перцепција. Ние, Судскиот совет […]

Франција ќе финансира воена помош за Украина од замрзнати средства на Русија


Париз – Франција планира да искористи дел од 1,4 милијарди евра, колку што изнесуваат каматите од рускиот имот запленет во ЕУ, за финансирање на набавка на воена опрема за Украина, соопшти француското Министерство за одбрана. „Заедно со другите земји-членки, Министерството ќе учествува во спроведувањето на новата мерка за поддршка на Украина од Фондот за мир […]

„Старлајнер“ се врати на Земјата без екипаж


Вашингтон – Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната од технички проблеми. Вселенското летало доцна синоќа самостојно го почна своето шестчасовно патување до Земјата, а астронаутите Буч Вилмор и Сани Вилијамс, првиот екипаж што леташе со Старлајнер, останаа на Меѓународната вселенска станица […]

Активни седум пожари, три под контрола


Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се три и изгаснати се девет, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Општина Прилеп, кај с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – […]

Километарски колони на Меџитлија кон границата со Грција


  За да ја избегнат Богородица дошле на граничниот премин Меџитлија кај Битола за да влезат во Грција, но и овде ги пречекале километарски колони.  Како никогаш досега овој граничен премин е заглавен со автомобили. Колоната се протега до индустриската зона „Жабени“ и е потребен барем еден час за да се стигне до граничниот премин.  […]

Пандов вели состојбата во затворите е загрижувачка


Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов ја оценува состојбата во затворите низ државата како загрижувачка. Во интервју на МИА, тој открива дека недостигаат околу 300 до 400 луѓе во целиот затворски систем. Се надева на одобрување на нови вработувања и најавува повеќе реформи, како инфраструктурни, така и системски. Најавува подобрување на можностите […]

Аргентина ќе бара меѓународна потерница за Мадуро


Буенос Аирес – Аргентина го повика обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг да побара налог за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе ДПА. По претседателските избори на 28 јули, кои беа нарушени со обвинувања за масовна гласачка измама, активностите преземени од владата на Мадуро може да претставуваат злосторство против човештвото, соопшти аргентинското […]

Почнува Меѓународниот саем во Солун, Германија почесна земја


Атина– Со учество на над 1.300 изложувачи од 25 земји и домаќинот Грција, денеска во Солун почнува 88-от Меѓународен саем, а оваа година почесна земја е Германија, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, учество на земји од целиот […]

Џенифер Лопез со фаталниот изглед испрати моќна порака во Торонто


Торонто – Џенифер Лопез го оживеа „одмаздничкиот фустан“ за премиерата на „Unstoppable“ во петокот на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Таа имаше блескаво пристигнување на црвениот тепих во светкавиот фустан на Тамара Ралф од модната колекција на брендот есен 2024 година и третата сезона од нејзината истоимена етикета. Алекс Вин од WWD ја опиша модната […]

Битола како Холивуд: По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300


На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата Златна камера 300 која се доделува за животен опус.  Директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА открива детали за патеката, […]

Селена Гомез сега е милијардерка, според Блумберг


Според извештајот на Блумберг објавен во петокот (6 септември), 32-годишната ѕвезда Селена Гомез официјално преминала во статусот милијардер. Попрецизно, Гомез сега има проценета нето вредност од 1,3 милијарди долари, што ја прави една од најмладите милијардери во светот кои сами го стекнале богатството. Публикацијата го припишува „огромниот дел“ од нејзиното богатство на успехот на нејзиниот […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста


По повод 8 Септември – Денот на независноста, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.  Како што информираат од Гернералштабот на Армијата, претходно, во попладневните часови во период по 18 часот ќе […]

Синер и Фриц за титулата на УС Опен


Њујорк – Прворангираниот тенисер на АТП листата Јаник Синер во многу драматичен натпревар синоќа првпат се пласираше во финалето на Ју Ес Опен, а за титулата во Њујорк ќе се бори против 12. играч во светот, Американецот Тејлор Фриц. Италијанецот Синер во драматично полуфинале триумфираше со 7-5, 7-6 (3), 6-2 против Британецот Џек Дрејпер. Синер […]

Одложена пресудата за Трамп поради исплата на порно ѕвезда одложена до по изборите


Њујорк – Изрекувањето на пресудата на Доналд Трамп како дел од судењето за плаќање пари на порно ѕвезда е одложено за по претседателските избори во ноември, јавува Би-Би-Си. Адвокатите на Трамп искористија неколку правни маневри за да го одложат изрекувањето на пресудата, кое беше закажано за 18 септември. Хуан Мерчан, судија на Врховниот суд во […]

УЕФА ја казни Рома со 2 милиони евра


Женева – Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Рома со 2 милиони евра и му се закани на турски Истанбул Башакшехир со едногодишна забрана за учество на европските турнири, по најновите одлуки на финансиските истражители. Башакшехир е казнет и со 100.000 евра. Казни од 60.000 евра беа изречени на англиската Астон вила и 20.000 евра на […]

Претпладне сончево, попладне со пороен дожд на повеќе места


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 […]

Астрономски календар


Денеска е сабота 7 септември 2024 година, 251-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 115 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 6 минути, а ќе зајде во 18 часот и 57 минути. Денов трае 12 часа и 50 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

И Дик Чејни ќе гласа за Камала Харис


  Дик Чејни ќе гласа за Камала Харис во ноември, изјави во петокот ќерката на поранешниот републикански потпретседател, Лиз Чејни. Во интервјуто во петокот на фестивалот во Тексас Трибјун, Лиз Чејни рече: „Дик Чејни ќе гласа за Камала Харис“, пренесува Ен-Би-Си. Претходно оваа недела, Лиз Чејни се обрати пред публиката на Универзитетот Дјук, каде што […]