Украина води како исчезнати 55.000 нејзини граѓани


 Украина има имиња на 55.000 нејзини граѓани во регистарот на исчезнати лица, изјави денеска заменик-министерот за внатрешни работи Леонид Тимченко. Во интервју за Укринформ, тој изјави дека тој регистар содржи имиња на лица кои исчезнале во војна, окупација или природни катастрофи и несреќи предизвикани од човечки фактор. Оваа бројка укажува на хуманитарните последици од сеопфатната […]

Дел од Карпош утре без струја


Дел од скопската општина Карпош ќе остане без струја во текот на утрешниот ден, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре во периодот од 8:30 до 12 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Јуриј Гагарин“, се […]

Филсмски грабеж во Атина: Украделе 15 вреќи со пари, па фрлиле боја врз шофершајбната и ги дупнале гумите


Околу еден милион евра, според првичните неофицијални информации на грчките медиуми е „пленот“ на четворица вооружени и маскирани лица кои попладнево во атинско предградие ограбиле комбе што пренесувало пари, јави дописничката на МИА од Атина. Грабежот се случил пред позната продавница за играчки, каде што бил паркирано комбето. Како што пишуваат грчките медиуми, маскираните лица […]

Јелен: САД и Кина воспоставија „поблиски“ врски и покрај царините


 Американската министерка за финансии Џенет Јелен во интервју рече дека економските врски на Вашингтон со Пекинг сега се поблиски и покрај неодамнешните зголемувања на царините, при што двете страни соработуваат во области како финансиската стабилност. „Верувам дека сме зближени“, изјави таа за Си-Ен-Би-Си за односот меѓу двете најголеми економии во светот. „Најдовме начини конструктивно да […]

Комисија на Претставничкиот дом ја лоцираше одговорноста за обидот за атентат врз Трамп


Членовите на двопартиската комисија на Претставничкиот дом на САД кои го истражуваат обидот за атентат на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп предложија за време на првото сослушување одржано денеска дека неуспесите што доведоа до тоа напаѓачот да може да отвори оган врз Трамп е – резултат на лошата работа на американската […]

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли


Водата со која се снабдуваат корисниците од општина Гостивар, преку водоводот, не е безбедна за пиење, информираа попладнево од ЈП „Комуналец“. Во соопштението до јавноста тиe изразуваат жалење за состојбата која произлегла од последните микробиолошки анализи. – Водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови открија присуство на колиформни бактерии и […]

Софија очекува да се врати „позитивниот дијалог“ со Скопје


  Бугарските пратениците без расправа и едногласно од 178 гласа донесоа декларација во врска со дијалогот меѓу Македонија и Бугарија по влошувањето на односите поврзани со скандалот околу знамето и подоццна со ригидните изјави на потпретседателот на македонската влада, Александар Николоски. Точката беше ставена на дневен ред на последната собраниска седница пред изборите на 27 […]

„Бехтел и Енка“ немаат добиено ни денар оваа година за автопатиштата


  „Бехтел и Енка“ продолжуваат со подготвителните работи на трите автопатски делници, но за оваа година од државата немаат добиено ниту денар. Тоа се наведува во последниот отчет на американско-турскиот конзорциум за сработеното во јули. Во него пишува дека конзорциумот не добил пари во текот на 2024 година како што е договорено, а нема ниту […]

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција


Во просторија на основно училиште во населбата Илинден, пронајдена била почината 50-годишната С.М. од Скопје, вработена во училиштето, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен вчера во 14:29 часот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на […]

Обезбедени повеќе ЦЕМТ дозволи за 2025 година


За 2025 година има зголемување на бројот на дозволи и на располагање имаме 1.750 годишни ЦЕМТ дозволи што е за 70 повеќе од оваа година. За следната година на располагање имаме и 2.736 месечни ЦЕМТ дозволи и тоа 720 за ЕВРО 5 и 2.016 за ЕВРО 6, порача заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири на […]

Oд Азербејџан во Србија еден милион кубни метри гас дневно во текот на оваа зима


Министерката за енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и министерот за енергетика на Азербејџан Парвиз Шахбазов потпишаа денес во Белград Меморандум за разбирање за соработка во областа на зелената енергија меѓу двете земји, а претставниците на Србијагас и азербејџанската компанија СОКАР потпишаа договор за снабдување со гас со кој се предвидува добивање до еден милион […]

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа


Со цел да се подобри транспарентноста во работењето и безбедноста на пациентите, а со одлука на Извршниот одбор, Лекарската комора на нејзината интернет страница (https://lkm.org.mk/mk/record/121/962/lista-na-doktori-so-vazhechki-licenci) објави информација за доктори кои се носители на важечки лиценци за работа. Листата е јавно достапна и сите заинтересиран правни и физички лица може да проверат дали одредено лице е […]

26 септември во историјата – Се одржа првата телевизиска претседателска дебата меѓу Кенеди и Никсон


  На 26 септември 1960 година, за прв пат во историјата на САД, на телевизија во живо се емитува дебата меѓу претседателските кандидати на големите партии. Претседателските кандидати Џон Кенеди, демократски сенатор од Масачусетс, и Ричард Никсон, потпретседател на САД (републиканец), се сретнаа во студио во Чикаго да дискутираат за американски внатрешни прашања. Кенеди излезе […]

„Вреди“ ќе работела на решавање на проблемот со Бугарија, ДУИ бара усвојување на уставните измени


  Претседателот на Беса и градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, денеска изјави дека како коалиција, и владина и како „Вреди“, ќе работат сериозно на побрзо решавање на билатералниот проблем со Бугарија, за земјата поскоро да ги отвори пристапните преговори, и да го фати чекорот со Албанија.  „Ние би сакале одлуката да беше заедно со […]

ДО 2026 година општините електронски ќе може да наплаќаат данок на имот


Стратегии за зголемување на општинските приходи, унапредување на процесот на децентрализација и подобрување на транспарентност и отчетност на локалната самоуправа се теми на форумот Стратегии за соработка во одржливо мобилизирање на ресурсите и децентрализација чиј домаќин е Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општините. На форумот на кој учествуваа […]

Бугарија усвојува уште една декларација за односите со Македонија


  Комисијата за надворешна политика на бугарското собрание едногласно одобри предлог-декларација „во врска со систематското и методично уништување на дијалогот меѓу РСМ и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од страна на владини функционери на нашиот југозападен сосед“. Членовите на комисијата се состанаа на итна затворена седница која траеше два часа часа, […]

Малолетник со мотор усмртил 73-годишен пешак во Демир Хисар


Малолетен мотоциклист прегазил 73-годишен пешак во Демир Хисар по што лицето починало на лице место, додека со тешки повреди се здобил неговиот сопатник. „Вчера во СВР Битола било пријавено дека во 20.15 часот на ул.„Битолска“ во Демир Хисар, мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Журче, демирхисарско, удрил во пешакот П.Л.(73) […]

Само Данска ја спровела Директивата за обновлива енергија – другите членки на ЕУ опоменати


 Против 26 земји членки на Европската Унија денеска е започната постапка поради доцнење со пренесување на правилата за забрзување на издавањето дозволи за проекти за обновлива енергија во националното законодавство. Законскиот рок за пренесување на ревидираната Директива за обновлива енергија, која се однесува на поедноставување и забрзување на процедурите за издавање дозволи, беше 1 јули […]

Засилен надзор од страна на родители за четири деца во Кавадарци кои недолично монтираа фотографии на соученички


 Кавадаречкиот суд изрече воспитна мерка засилен надзор од страна на родители за четири деца, за злоупотреба на лични податоци на деца.  Од Судот попладнево потврдија за МИА дека во предметот, како оштетени се деца-жртви. – Децата со користење и навлегување во компјутерски информатички систем на лични податоци, во неколку наврати прибрале лични податоци-фотографии од оштетените […]

ОКТА продолжува со реализација на платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за поголема безбедност во сообраќајот


ОКТА продолжува со реализација на својата долгорочна општествено одговорна платформа „ЈАС ВНИМАВАМ“, како јасен показател за посветеноста на компанијата за зголемување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Дел од годинешните активности предвидени со платформата ќе се реализираат во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а се опфатени во […]