Одбележување на 140 години од раѓањето и 100 години од убиството на Арсениј Јовков


Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде отворена изложба по повод 140 години од раѓањето и 100 години од убиството на Арсениј Јовков. Како што е најавено, на настанот во Музејот, под наслов „Арсениј Јовков за Македонија со пушка, перо и објектив” ќе се обрати претставник од Институтот за национална историја, а ќе се […]

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев вечер во НОБ


На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. Приказната за „Пепелашка“ е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, а сценограф е Филип Коруновски. Дизајн на звук е на Георг Драушник од Хрватска, […]

Харис: Повиците Украина да отстапи дел од својата територија на Русија се опасни и неприфатливи


Американската потпретседателка и кандидатка за претседател од редовите на Демократската партија, Камала Харис, на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повиците Украина да и отстапи дел од својата територија на Русија се „опасни и неприфатливи“. Како што јавуваат американските медиуми, нејзиниот коментар е критика на сугестиите на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и […]

Бербок повика на избор на прва жена генерален секретар на ОН


Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок повика да се избере првата жена што ќе ги предводи Обединетите нации, барајќи од меѓународната организација да избере жена генерален секретар по речиси 80 години машко лидерство. Жените сочинуваат 50 отсто од секоја земја, рече Бербок на Генералното собрание на ОН во Њујорк, „но во 80 години оваа […]

Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“, се одржува на неколку локации


Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ почнува вечер во Кулпарк, пред Културно- информативниот центар (КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ. -Носечката манифестација на Културно-информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал […]

Проекција на филмот „Пченично зрно“ и панел дискусија со турскиот пратеник Серкан Бајрам


Во Турскиот културен центар „Јунус Емре“ денеска ќе се реализира прикажување на филмот „Пченично зрно“ и панел дискусија со пратеникот од Турција Серкан Бајрам. Како што соопштија организаторите, филмот „Пченично зрно“ е инспириран од животот на пратеникот Серкан Бајрам, кој „се бори против неправдите и маргинализацијата“. -Кога бил уште мало бебе, во трагичен пожар на […]

Засилено полициско обезбедување во Охрид за посетата на унгарскиот премиер


Во Охрид се преземени сите неопходни мерки за безбедно и непречено движење на владините делегации предводени од премиерите на Северна Македонија и Унгарија. Забележително е засилено полициско обезбедување низ улиците во и надвор од градот кој го надлетуваат хеликоптери и дронови. Дислоцирани се и возилата од паркинг местата на булеварот „Турстичка“ и улиците „Коста Абраш“, […]

Промоција на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева


Промоцијата на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева, издание на ПНВ Публикации, ќе се одржи вечер во кафе-книжарницата „Буква“.  ‒ „Модра мрежа“ е интроспекција на душевните доживувања пренесени преку два спротивставени поетски јазика, натурал­на наспрема урбана поезија, метафорите наспрема директните поетски слики од секојдневното живеење, истакнува Снежана Стојчевска, која е промотор на книгата. Стихови […]

Трето издание на „Маалски Фестивал“ под мотото „Културата како јавно добро“


Од денеска до 29 септември ќе се одржи третото издание на „Маалски Фестивал“ под мотото „Културата како јавно добро“. Во просториите на КСП „Центар – Јадро“ и во Мобилно – монтажната галерија во Парк на франкофонија, во рамки на фестивалот ќе бидат изведени голем број улични уметнички акции, а ќе биде одбележан и петгодишниот јубилеј […]

Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан


 Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.  Седницата ќе се одржи во хотелот „Инекс Олгица“, а веднаш потоа на истата локација се очекува двајцата премиери да одржат прес-конференција. Унгарскиот премиер, кој ја предводи […]

Промоција на Водич за активна транспарентност на политичките партии во Северна Македонија


По повод 28 Септември — Меѓународниот ден за слободен пристап до информации, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во соработка со Меѓународен републикански институт (ИРИ), денеска ќе го промовира новиот Водич за активна транспарентност на политичките партии во Република Северна Македонија. Целта на Водичот за активна транспарентност е […]

ЕУ ја одбележува Европската ноќ на истражувачите


На универзитети и научните институции во 25 земји ширум Европа денеска ќе биде одбележана Европската ноќ на истражувачите, како најголем настан на континентот за спознавање на истражувачката работата од страна на граѓаните преку забавни активности. Како што соопшти Еврокомисијата, Европската ноќ на истражувачите обезбедува уникатно искуство за запознавање со истражувањата преку научно-популарни емисии, практични експерименти, […]

Сончево и топло време до утре попладне


Сончево и топло време ќе преовладува до утре попладне, кога ќе започне да се зголемува облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува денешната минимална температура да биде во интервал од 7 до 16, а максималната да достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, се очекува сончево и топло време со слаб ветер […]

Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, вели Филипче


  Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче смета дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ немаат право да ја блокираат иднината на државата. Условите што треба да се исполнат за членството во ЕУ се јасни, прецизни и во ниту еден момент не ги загрозуваат националните интереси и идентитетот на државата, рече Филипче вечерва во емисијата „Само интервју“ на […]

Целото обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во ОН


  Почитуван претседателe на Генералното собрание на Обединетите нации, Ценети екселенции, Дами и господа, Поупатените во македонскиот случај знаат за сцилите и харибдите низ кои помина и сè уште минува мојата татковина, малата балканска држава, којашто иако индиректно, како една од шесте конститутивни југословенски републики учествуваше во создавањето на Обединетите нации, при приемот во ОН […]

„Мојата држава, Република Северна Македонија“: Сиљановска се прекрши во ОН


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пркосно одби да го изговори новото име на државата при поднесувањето на заклетвата во Собранието, но од говорницата на Обединетите нации го кажа без ни малку колебање – „Мојата држава, Република Северна Македонија“. Во делот од излагањето на шеф на македонската делегација во дебатата на генералното собрание, зборувајќи за јазот меѓу […]

Град Скопје доделува субвенции за купување велосипед


Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари за лице, со вклучен данок на личен доход. Од Град Скопје информираат дека целта е стимулација на алтернативна форма на превоз за зголемена употреба на велосипедите. Право на учество на јавниот повик имаат […]

Рекордни летни температури во Југоисточна Европа


Рекордни високи температури се забележани летово во југоисточна Европа, покажува првата проценка на европската служба за климатски промени Коперник. Луѓето во тој регион биле изложени на „силен топлотен стрес“ бидејќи максималната дневна температура била најмалку 32 Целзиусови степени во 66 дена меѓу јуни и август, објави Коперник. Тоа беше убедливо најголем број денови со ваков […]

Повеќе од 140 луѓе во Србија секој ден умираат од срцеви заболувања


 Фармацевтската компанија Teva/Actavis денеска истакна дека болестите на срцето и крвните садови и понатаму се еден од водечките причини за смртност во Србија, каде во просек, дневно од овие болести умираат повеќе од 140 граѓани. Во соопштението од компанијата се наведува дека податоците од Институтот за јавно здравје „Батут“ предупредуваат дека и понатаму постои недоволна […]

Кирков до Арсовска: За кого се бараат вработувања во ЗОО Скопје, кога половина кафези се празни


 Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката во Скопје се претвори во хорор приказна, смета советникот во Град Скопје, Стефан Кирков. „Мојот збор ќе се однесува за годишната програма за вработување во Зоолошката Градина. Навистина ми е жал што немаме претставник од Зоолошката Градина што говори и за тоа каква […]