Филипче: Со раздвојувањето од Албанија Македонија останува изолирана и без план


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека „раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Но пред сѐ, ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште […]

Клековски го презентираше планот за намалување на долгот на ЈЗУ, со ребалансот ќе биде намален за два милијарди денари


Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, денеска го презентираше планот за намалување на долгот на Јавно здравствените установи. Како што посочи Клековски, долгот на ЈЗУ во земјава изнесува пет милијарди денари, а само на почетокот на годинава бил зголемен за една милијарда. Долг, кој рече, можеше да го загрози редовното работење на здравствените […]

ЕУ повтори: Прво уставни измени, па преговори по поглавја


  Ставот на Европската комисија е многу јасен, со нетрпение очекуваме да почнат преговорите со Албанија и Северна Македонија по кластерот „Основни вредности“, откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот, изјави портпаролката на ЕК за проширување, Ана Писонеро, по одлуката на Комитетот на постојаните претставници во Европската унија , […]

Јавниот сервис лани со загуба од 132 милиони денари, а комерцијалните телевизии 140 милиони денари


Во 2023 година вкупните приходи во радиодифузната индустрија изнесувале 2.458.000 денари, а вкупните трошоци 2.708.000 денари. Резултатот од работењето на сите субјекти на пазарот покажува загуба од 261 милион денари, при што  загубата на јавниот сервис изнесувала 132 милиони денари, а на комерцијалните телевизии 140 милиони денари. Добивка оствариле само комерцијалните радија која изнесувала 10 […]

ИСОС и МБА склучија партнерство за развој на сметководствената професија и имплементација на меѓународните стандарди


Јакнење на меѓусебната соработка преку искористување на целокупното расположиво знаење и искуство на двете организации, во насока на поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и делување, се главните цели кои треба да се остварат со Меморандумот за соработка помеѓу Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), што го […]

Мицкоски вели дека „ЕУ се изживува со нас“, а Филипче дека тоа e „катастрофа за иднината“


  Одлуката Македонија и Албанија да бидат разделени на патот кон ЕУ се очекуваше веќе некое време, па сепак, одлуката на Унијата предизвика своевидан тревога во државава. Премиерот денеска рече дека тој нема да прифаќа диктат (внесувањето на Бугарите во уставот), а лидерот на опоцијата тоа го гледа како катастрофа за иднината на граѓаните. Спикерот […]

Назначени нови директори во подржници и друштва во рамки на ЕСМ


Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори во дел од подружниците и друштвата во рамки на компанијата, соопштија од ЕСМ. За директор на подружница ХЕС „Црн Дрим“ е назначен Гоце Божиновски, доктор по технички науки и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во подружницата. Горан Исков, дипломиран информатичар со работно искуство во ЈКП […]

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите


Лиценците за онлајн игрите на среќа кои ги укина Владата на последната седница биле давани незаконски, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Фондот за здравство. Тој додаде дека според правното мислење од Министерството за финансии, истите биле давани незаконски без да бидат запазени процедурите. „Затоа што тие лиценци […]

ЕУ ќе ни даде 13 милиони евра помош за Армијата


ЕУ преку Европскиот мировен фонд (EPF) ќе ни даде помош од 13 милиони евра за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на МакедонијаoNoSpacing”>.  -Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија во однос на нејзиното учество во операциите и мисиите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика (CSDP) на ЕУ и другите меѓународни […]

Важно е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ, му рекол Муцунски на О’Брајан


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк. Дискусиите се фокусираа на продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на клучните области како што […]

Меѓународна премиера на документарниот филм „Време на бетон“ на Игор Иванов во Прага 


Интернационалната премиера на долгометражниот документарен филм „Време на бетон” во режија на Игор Иванов ќе биде во рамките на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Ова е единствениот фестивал во Чешка со архитектурата во својот фокус, кој има за цел да ја истакне како особено значаен сегмент во секојдневниот живот и да ги […]

Ѓорѓиевски: Некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети


Децениски проблеми во општините ќе се решат со помош на парите кои Владата ќе ги распредели до локалните самоуправи по разгледување на пароектите кои стигнаа до неколку министерства, смета градоначалникот на Кислеа Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. -Сметам дека со средствата од Владата на Република Македонија, конечно ќе се решат децениски проблеми кои […]

Арсовска повторно не се појави на советнички прашања


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и постават прашања за случувањата во градот. Претседателот на Советот, Трајко Славевски по дадената пауза од 10 минути да ја пронајде градоначалничката и да се појави на седница на советот мораше да ја заклучи. „Бидејќи не […]

За Гаши заостанувањето во преговорите со ЕУ не е добро, но не кажува дали притискаат за решение


  Мешањето на претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали во внатрешните работи на Македонија за време на неодамнешната посета и обраќањето во македонскиот Парламент за спикерот Африм Гаши е само – култура на дипломатија.  „Тоа е култура на дипломатија. Моја оценка е дека во нејзиното обраќање немаше мешање туку тоа беше повеќе во смисла  на […]

Во Бугарија се задоволни што Албанија се оддели од Македонија


  Нема голем триумфализам во бугарските политички кругови, но постои јасно задоволство што Европаската унија ги оддели Македонија и Албанија од нивниот заеднички пат и Тирана сега ќе продолжи самостојно. Македонија ќе чека некои други времиња за да го продолжи процесот. Претседателот на ГЕРБ, кој како премиер ја почна блокадата на Македонија, Бојко Борисов, ја […]

Пристигнаа најавените локомотиви од „Србија Карго” за товарниот сообраќај на МЖ Транспорт


Четирите најавени локомотиви од „Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на „Македонски железници”, објави денеска министерот за односи помеѓу заедниците Иван Стоиљковиќ. Станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што, како што наведува во објавата на Фејсбук, ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање […]

Гаши одбива да каже дали Даути го крши Деловникот заради бранителите


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес имаше ден со новинарите кои не успеја да ги убеди дека работи според Деловникот и дека нема моќ да ги стави на дневен ред измените на Законот за припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства, попознат како закон за бранителите. Иако новиот Деловник за работа на Собранието […]

Програма за ментално здравје во средните училишта преку кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“


Десет средни училишта од земјава ќе имаат можност да бидат дел од програмата за позитивна трансформација, насочена кон подобрување на условите и грижата за менталното здравје на нивните ученици. Граѓанската организација „Младите можат“, во рамки на кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, објави повик преку кој ги повикува сите средни училишта да аплицираат и да станат […]

Во Шпанија синдикатите организираат протести со барање за намалување на бројот на работни часови


Во Шпанија денеска на повик на синдикатите ќе се одржат протести со цел да се постигне договор меѓу владата и бизнис секторот за намалување за два и пол часа на една 40-часовна работна недела. Работодавците тоа го одбиваат бидејќи се загрижени за зголемените трошоци, додека социјалистите на шпанскиот премиер Педро Санчез се обидуваат да ги […]

Со дрон се трага по исчезнатиот белгиски планинар Марк Јорис


Со помош на дрон пребаран е теренот на кој пред една недела исчезна 72-годишниот белгиски планинар, Марк Јорис, на Галичица, но од него нема ни трага ни глас. Од МВР апелираат до граѓаните доколку имаат каква било информација, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112. Претходно објавивме, дека Марк Јорис исчезнал на […]