Одржан протестот на косовските Срби во Северна Митровица, побарано да не се отвора мостот на Ибар


Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. На насобраните граѓани на протестот што се одржа во близина на мосотот […]

Започнува со работа дежурната служба при Стоматолошките клиники во Скопје, ќе работи и викенди и празници


Директорката на стоматолошки клиники Цветанка Бајрактарова објави дека дежурната служба на Стоматолошките клиники во Скопје ќе работи и за време на викендите и празниците. – Со цел подобрување на грижата за пациентите и нивното орално здравје, започнува со работа ДЕЖУРНАТА СЛУЖБА во рамките на ЈЗУ Универзитетскиот стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје. Оваа иницијатива е […]

ВМРО-ДПМНЕ се брани: Има разлика, сега никој не е над законот (освен Гаши)


Има разлика: Сега никој не е над законот и обезбедувањето на Африма Гаши има кривична пријава. Во два наврати претходно за време СДС ДУИ косовската претседателка кршела процедури и протоколи, а МВР молчело – возвратија од владеечката партија на обвинувањата дека само што направи коалиција со Вреди, коленичи пред албанскиот партнер и не го повикува […]

Се огласи Зоолошката градина, слоницата Дуња била еутанизирана поради старост и болести


Со голема жалост ве информираме дека во текот на вчерашниот ден  сопствениците кои ја позајмија на нашата зоолошка градина азиската слоница Дуња („Pairi Daiza” од Белгија), заедно со тимот експерти (ветеринар, офтамолог и негувател на тимот за слонови), кои изминатите денови ја прегледуваа, донесоа одлука за евтаназија. Ниту еден третман ниту операција не можеше да […]

Алкалоид домаќин на Вардар во дербито на првото коло на новата ракометна сезона


Во дербито на првото коло од македонската ракометна Супер лига сезона 2024/25 ќе се соочат Алкалоид и Вардар.  Бранителот на шампионскиот трофеј Еурофарм Пелистер во првото коло ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш. Двојки за 1.коло: Алкалоид – Вардар Радовиш – Охрид Бутел Скопје – Куманово Прилеп – Пролет Тиквеш – Еурофарм Пелистер Струга – […]

Беспилотните летала „Бајрактар“ Албанија ќе ги стави во функција на борбата против пожарите


Министерот за одбрана Пиро Венгу при посетата на воздухопловната база Кучово најави дека  беспилотните летала „Бајрактар“ се подготвени да бидат вклучени  за итни случаи, односно во актуелната состојба со пожарите, кои беснеат низ целата земја. -По успешното тестирање за ноќни мисии, беспилотните летала „Бајрактар“ ќе бидат ставени во функцијата на следење 24 часа на ден, […]

ЛДП бара одговорност за умирањето на животните во скопската ЗОО


Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува загриженост за случувањата во скопската Зоолошка градина и бара одговорност во врска со последниот скандал на смртта на слоницата Даела. „Бидејќи не станува збор за прв случај, да потсетиме дека само пред некој месец угинаа жирафите, тигрицата, пингвин, кланицата со расните коњи, а прашање на време е кое животно ќе биде […]

Наследникот на Хермес вели дека неговото богатство од 13 милијарди долари исчезнало


  81-годишниот милијардер , наследникот на Хермес, Николас Пуеш  се најде на насловните страници минатата година кога вети дека ќе остави половина од своето богатство на својот поранешен градинар по неговата смрт. Сега, швајцарскиот суд ги отфрли тврдењата на Пуеш дека неговиот советник за богатство наводно лошо управувал со неговите акции на Хермес, вредни приближно […]

Инфлацијата во јули на годишно ниво беше 3,0 отсто, но во однос на јуни годинава се зголеми за 0,7 отсто


Инфлацијата во земјава, мерена преку порастот на трошоците на живот во јули годинава во однос на истиот месец лани изнесуваше три отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Она што загрижува е месечниот пораст на инфлацијата, односно на трошоците на живот во однос на јуни годинава, кои се поголеми за 0,7 отсто. Најмногу за […]

Во наредните два дена на повеќе места пороен дожд, грмежи и ветер, за викендот сончево и топло


Во четврток, претежно во западните делови, а во петок на повеќе места во земјава ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во петок. За време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува […]

Девизните резерви во јули зголемени за 91 милион евра


Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 4.428,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 91 милион евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (59,6%), по што следуваат валутите и депозитите (29,1%) и монетарното злато (11,2%).

Не фрлајте ги лушпите од јајца! Еве како можете да ги користите


Лушпите од јајца речиси секогаш завршуваат во ѓубре, но не ни сфаќате каква грешка правите ако ги фрлите. Лушпите од јајцата содржат дури 90 проценти калциум – минерал кој ги зачувува нашите коски и придонесува за целокупното здравје. Не постои храна која содржи толку калциум колку што ни е потребно. Се разбира, навистина нема да […]

Трамп најави „големо интервју“ со Илон Маск


Поранешниот претседател на САД и републикански кандидат Доналд Трамп ќе седне на разговор со технолошкиот милијардер Илон Маск следната недела. „ВО ПОНЕДЕЛНИК НАЧЕР ЌЕ ПРАВАМ ГОЛЕМО ИНТЕРВЈУ СО ИЛОН МАСК – Детали за следење!“ -Трамп објави на својата платформа за социјалните медиуми, Truth Social. Маск допрва ќе го коментира планираното интервју. Магнатот, кој  станува сè […]

Битола: Со камери ќе се штитат новите спортски терени


  По реакциите на јавноста за дивеење и оштетување на новите спортски терени во основното училиште „Елпида Карамади“, Општина Битола најавува поставување камери покрај чуварската служба. Во нецели десет дена од отворањето на комплексот на нови спортски терени во „Елпида Караманди“ во кои се вложени 22 милиони денари, вработени во училиштето констатирале дека не само […]

Тамара, Just RB & Nikifor со римејк на „Зови ме Лена“ ( видео)


Песната „Зови ме Лена“ доживеа римејк верзија од Тамара Тодевска, Just RB и Никифор. Имено, оваа песна за прв пат беше изведена на последниот избор за песна на Евровизија на Србија 2024 („Беовизија“), во изведба на Лена Ковачевиќ. Автор на музиката на песната е Дарко Димитров, кој заедно со Роберт Билбилов (Just RB) и Лазар […]

Украинската војска зазеде 11 села во Русија во неочекуваниот напад


  Вооружените сили на Украина, кои се пробија на територијата на руската област Курск еден ден претходно, напреднаа најмалку 15 километри во регионот и окупираа до 11 населени места, јавуваат руските провоени канали на Телеграм. Телеграмскиот канал „Два мајори“ пишува дека украинските трупи биле присутни во 11 населени места: Љубимовка, Обуховка, Покровско, Зелени Шлјах, Толсти […]

Трето олимписко злато за кинеско чудо од дете (17): Погледнете го нереалниот скок од 10 метри


Кинеското чудо од дете Куан Хонгчан (17) го освои третото олимписко злато во кариерата. Кинеската го освои златото во скок од 10 метри на последните Олимписки игри во Токио, а синоќа триумфираше во истата дисциплина во Париз. Претходно таа освои злато во двојки од 10 метри. Куан ја победи конкуренцијата, а таа направи особено спектакуларен […]

На овие три хороскопски знаци им се враќа старата љубов


За овие три хороскопски знаци во август се враќа старата љубов. Астрологот, писател и публицист Павел Глоба предвиде дека три хороскопски знаци ќе запознаат личност од минатото во август 2024 година. Експертот за ѕвездите верува дека поврзувањето со духовите од минатото ќе ја промени иднината на тројцата претставници на зодијачките соѕвездија. До што ќе доведе […]

Средношколецот што донесе сребро по хемија од Ријад, утре со тимот на прием кај Сиљановска-Давкова


Прилепскиот гимназијалец Петар Мирчески на земјава ѝ го донесе сребрениот медал од Олимпијадата по хемија што од 21 до 30 јули се одржа во Ријад, Саудиска Арабија. Целиот македонски тим на оваа Олимпијада покажа завидни резултати: Марио Ванчоски и Иван Костевски од Гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип и Елена Живаљевиќ од „Јахја Кемал“ од Скопје. […]

Питбул доби стадион за 5 милиони долари


Питбул плати над 5 милиони долари за да го именува фудбалскиот стадион на Флорида Интернационал по себе. Во следните пет години, секогаш кога фудбалерите на Меѓународниот универзитет во Флорида ќе влезат на нивниот стадион, тие ќе се потсетуваат на самиот г-дин 305: Питбул. Раперот склучи договор со академската институција со седиште во Мајами која му […]