Аирбнб навестува слабеење на побарувачката, акциите тонат


Американската платформа за изнајмување сместувачки капацитети Airbnb објави мешани квартални резултати, додека најавата на раководството за забавување на растот доведе до остра корекција на цената на нејзината акција. Во тековниот квартал, кој ја вклучува сезоната на летни одмори, Airbnb очекува приходи во опсег од 3,67 до 3,73 милијарди долари, што е под очекувањата од 3,84 […]

Дали шестдневната работна недела во Грција е предвесник?


Растејќи во Грција, еден од моите најрадосни спомени од детството беше најавата дека училишната (и работната) недела ќе се намали од шест дена на пет. Бидејќи, исто така, се сеќавам дека моите сонародници беа подеднакво возбудени поради промената, бев изненаденa кога слушнав дека според новиот закон, работодавачите во неколку сектори може повторно да спроведат шестдневен […]

Царината ќе ги зајакнува контролите и присуството на аеродромот „Скопје“


Унапредување на процесите на царинење преку унапредување на анализата на ризик со цел поголеми приходи во Буџетот, поголемо присуство на царинските службеници во делот на селекција на сомнителни пратки, како и подобрување на информираноста на граѓаните за пријавување на стоката при влез и излез од државата. Ова беа суштинските заклучоци од денешната средба на директорот […]

Половина век црно-бели линии што ја револуционизираа светската трговија


Првиот модерен бар-код беше скениран на пакување од 10 гуми за џвакање во самопослуга во Трој, Охајо пред 50 години. Не размислуваме за овие црно-бели линии, и покрај – или можеби поради – нивната сеприсутност, ниту сме свесни колку тој прв бар-код на пакување мастика за џвакање поттикна синџир на настани што го трансформираа светот. […]

Пуџдемон се појави во Барселона и исчезна, полицијата го затвори градот


  Поранешниот каталонски сепаратистички лидер Карлес Пуџдемонт му пркоси налогот за апсење за да се појави на митинг во шпанскиот град Барселона во четвртокот по седум години самонаметнат егзил, а потоа исчезна пред полицијата да го уапси. Каталонската полиција ја затвори Барселона во обид да го фати Пуџдемонт. За време на Operatiu Gabia, што во […]

Пожарот кај Папрадиште се разгорува, полицијата го уапси потпалувачот


Во средата, во 12 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода С.М.(50) од с.Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на во вторникот, околу 12 часот предизвикал пожар во реонот на с.Папрадиште кон с.Ореше, при […]

Кина му подари палата на претседателот на Вануату


Сместенa на врвот Порт Вила, приморскиот главен град на Вануату, се наоѓа светкава црвено-бела зграда, која Кина ѝ ја подари на оваа пацифичка земја минатиот месец. Новата претседателска палата има посакувана позиција во градот, високо на рид и со поглед на канцеларијата на премиерот, зграда која беше реновирана исто така благодарение на големата кинеска донација […]

МВР го проверува 19-годишникот осомничен за планиран терористички напад во Виена


Министерството за внатрешни работи информира дека постапува по барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена.  – Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое […]

ЗНМ реагира дека злобно се злопотребува името на починатиот новинар Саше Димовски


  Здружението на новинари на Македонија денеска преку соопштение „со чувство на горчина ги отфрла малициозните обвинувања од дел од колегите од фелата, кои искористија еден трагичен настан за да се обидат да прикажат лажна слика за функционирањето на нашата организација“. Во соопштението се вели: „Димовски беше клучен дел од ЗНМ, почитуван меѓу колегите и […]

Јаневска: Не може на моите наставници да им се зголеми платата за 200-300 денари – од март 12 отсто


 Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот на спортска сала во Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како […]

Потребите за вода во земјоделството се големи – да се внимава и на пламеница кај лозата


Потребите за вода во земјоделството се големи. Намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата, поради што наводнувањето останува приоритет, велат агрометеоролозите од УХМР.  Како што истакнуваат, во овој период треба да се посвети поголемо внимание на заштита од појава на пламеница кај виновата лоза и да продолжи примената на сите агротехнички мерки […]

Јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 50 отсто од БДП


Јавниот долг на Србија на крајот на јуни годинава изнесуваше околу 38,18 милијарди евра, што е 50 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии. На крајот на мај јавниот долг изнесуваше 36,35 милијарди евра или 47,6 отсто од БДП, што значи дека државата за еден месец се задолжила за дополнителни 1,83 милијарди […]

Нема да има пролетен распуст за учениците – се покажа еднократен


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска информира дека нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година. Финалните анкети на родителите покажале дека тие не сакаат пролетен распуст, но истото го мислат и повозрасните ученици. -Оваа година пролетен распуст нема да има – рече Јаневска во изјава за медиумите по  извршениот увид […]

Јубилејниот „МакеДокс“ од 15 до 22 август –  фокусот ќе биде на балканските кинотеки 


Со документарниот филм „Целулоидно подземје“ во иранско-британска продукција, чиј режисер е Ехсан Кошбахт, на 15 август ќе биде отворено 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Мотото на Фестивалот оваа година е „Копање на емоции низ времето“, затоа што тематски оваа година Фестивалот се фокусира на архивата, односно користењето на архивскиот материјал во […]

Камала Харис и политичката моќ на црнечките сестринства


На 10 јули, помалку од две недели пред Џо Бајден да се откаже од претседателската трка, Камала Харис присуствуваше на собир на сите членови на едно дружење. Но, ова не беше било какво дружење, тоа беше Алфа Капа Алфа, историското црнечко сестринство на кое Харис му се придружи на колеџ и едно од Божествените девет […]

Платила 52 долари во украински фонд, рускиот обвинител бара затвор од 15 години за неа


  Обвинителството бара 15 години затвор за американската и руската државјанка Ксенија Карелина, која е обвинета за „велепредавство“. Ова го соопшти нејзиниот адвокат Михаил Мушаилов. „Обвинителството побара казна од 15 години затвор, [во казнена колонија] на општ режим“, ја цитира ТАСС изјавата на бранителот. Обвинителството бара и да ѝ се ограничи слободата на Карелина две […]

Дијана Петрова е лауреатката на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2024 година


Дијана Петрова е авторката на расказот „Јоанес Даубманус“, што беше избран за најдобар на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“.  Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Нејзини се книгите „Бдеењето […]

Виртуелна видео – игра ве носи во средновековната Палата на Скопско Кале: Кои биле владетелките на Балканот? 


Приказните на истакнати жени што владееле во средновековниот период на Балканот,  кои беа во фокусот на проектот „Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR) кој  се реализираше во Скопје со фотограметриско снимање и дигитализација на артефакти во Музејот на Македонија, стигна до финалето. Проектот беше поддржан од програмата на „Креативна Европа“, а кофинансиран од Министерството за култура. Центарот […]

Милјана Рељиќ ја победи двојната олимписка шампионка на ЛОИ


Таеквондистката Милјана Рељиќ на својот прв настап на Летните олимписки игри во неверојатен меч ја победи искустната Џејд Џонс од Велика Британија која е двојна олимписка шампионка. Македонската таеквондиска се натпреварува во категоријата до 57 килограми. Во првата рунда, Џонс тргна агресивно и поведе со 2-0, но Милјана се спротистави храбро, направи одличен потег со […]

Русија го блокираше Јутјуб, корисниците бесни


  Руските корисници на Јутјуб почнаа да се жалат на целосно исклучување на услугата за видео хостинг. Проблемот е присутен и во работењето на страницата и во мобилната апликација. Жалби пристигнаа од жителите на Москва, Санкт Петербург, Нижни Новгород, Екатеринбург, Уфа, Саратов, Самара, Краснодар, окупираниот Крим и низа други региони. Нивниот масовен проток се појави […]