Сончево и многу топло, температурата 39 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8, информираат од УХМР. Во Скопје сончево и топло со […]

Хорор на фестивал во Германија: Неколку лица загинаа во напад со нож, спасувачите се борат за животот на ранетите


Според првите информации има најмалку тројца загинати и неколку тешко повредени во крвав напад со нож на фестивал во Солинген. Неколку луѓе беа убиени во петокот вечерта кога маж по случаен избор избоде посетители на фестивал во западниот германски град Солинген. Околу 21 часот и 45 минути непознат маж ги нападнал посетителите на фестивалот на […]

Ненадејно сменет извршниот директор на „Нестле“


Најголемиот светски производител на храна „Нестле“ го отпушти својот извршен директор Марк Шнајдер со ненадеен потег поради слабите резултати на швајцарската групација за храна, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со ситуацијата. Швајцарската компанија го објави заминувањето на Шнајдер доцна во четвртокот по состанокот на бордот и го именуваше ветеранот Лоран Фрејкс за нов извршен […]

Пауел најави намалување на каматните стапки: Дојде време за прилагодување на политиката


Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел ја постави основата за идните намалувања на каматните стапки во петокот, иако одби да даде точна индикација за времето или опсегот. „Дојде време политиката да се приспособи“, рече шефот на централната банка во неговото долгоочекувано главно обраќање на годишниот состанок на ФЕД во Џексон Хол, Вајоминг. „Насоката на движење […]

Норвешка планира да дозволи абортус до 18-та недела од бременоста


Норвешката влада денеска соопшти дека сака да го измени законот за абортус, првпат по половина век, со што на жените ќе им биде дозволено да ја прекинат бременоста до 18-та недела. Предложените измени се „во согласност со денешната пракса“. – Речиси на ниту една жена не и одбиено барањето за абортус по 12-та недела, изјави […]

Попладнево избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти


Попладнево околу 16:30 часот избувнал голем пожар во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа вечерва од ТППЕ Струмица. Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на био дизел. -ТППЕ Струмица со четири против пожарни […]

Хирургија функционира, но не се полн капацитет, Таравари се надева дека новиот тендер ќе биде успешен


Министерот за здравство Арбен Таравари се надева на позитивен исход од вториот повик за компресорскиот систем за операционите сали на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за да се постваи целата инсталација. Како што рече Таравари вечерва во гостување на ТВ Канал 5, хируршките сали функционираат, но не со полн капацитет. – На правата објава […]

Светска банка го откажа рекламирањето на Х откако под нејзиниот назив се појавиле расистички постови


Светска банка ја прекина сета платена реклама на социјалната мрежа X на Илон Маск, откако некои американски медиуми открија дека промовирани реклами на оваа меѓународна институција се појавиле под расистички пост од профил кој често објавува неонацистичка и националистичка содржина што пропагира супериорност на белата раса. Телевизијата „Си-Би-Ес њуз“ откри верифициран профил на X со […]

Водата во демиркапиското село Дрен не е за пиење, согласно анализите од ЦЈЗ


Водата во демиркапиското село Дрен не е за пиење, покажаа анализите од ЦЈЗ, информираа попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија. – Известуваме дека водата од водоводот во Демир Капија е исправна за пиење по добиените две последователни анализи добиени од Центарот за јавно здравје – Скопје, додека водата во село Дрен и […]

Тамара Котевска од Сибир: „Патување пеш“ е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика


Награди, македонска премиера и уникатен концерт синоќа го обележија затварањето на јубилејниот петнаесетти фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ под ѕвезденото небо на Куршумли ан.  Публиката ја дочека македонската премиера на документарниот филм „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска. Неговото снимање траело две години на територија на повеќе од 10 земји низ кои патува […]

Синер ја префрли вината за допинг скандалот на двајца соработници: Тандем доби отказ пред УС Опен


 Јаник Синер го започнува нападот на Гренд слем титулата во Њујорк без двајца негови поранешни соработници, откако ги отпушти Умберто Ферари и Џакомо Налди непосредно пред почетокот на Отвореното тениско првенство на САД (26 август – 8 септември). Првиот е фитнес тренер, вториот е физиотерапевт, а светскиот тенисер број еден очигледно ги смета за виновни […]

Сиљановска Давкова ги прими лауреатот и добитничките на награди на СВП


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими лауреатот и добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2024 година, Жан-Пјер Симеон, добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“, Катица Ќулавкова, добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Катрин Пиц и добитничката на возобновената награда „Млада Струга“, Филипа Сара Попова, информираат од претседателскиот кабинет. На средбата присуствуваа […]

Ослободени се заложниците во затвор во рускиот регион Волгоград, киднаперите се ликвидирани


Ослободени се сите заложници земени во затвор во рускиот регион Волгоград, јавија светските агенции, повикувајќи се на каналот База на Телеграм, близок до безбедносните служби. Специјалните сили на руската гарда јавија дека нивните снајперисти ги убиле четворицата затвореници кои киднапирале чувари во казнената колонија со висока безбедност ИК-19. Сите заложници се ослободени, потврдија снајперисти на […]

Бунт во руски затвор, членови на ИД ги сечеле затворските чувари по лицето и телото, најмалку тројца загинати


Федералната казнена служба на Русија соопшти дека затворениците од колонијата број 19 во регионот на Волгоград зеле чувари и вработени во институцијата за заложници. Медиумите јавуваат дека во колонијата во градот Суровикино има повеќе од илјада затвореници и дека во тек се напори за ослободување на заложниците. Каналот База на Телеграм неофицијално наведува дека за […]

Адвокат од Ресен злоупотребил податоци на починато лице за да продаде имот, заработи кривична пријава


Поднесена е кривична пријава за 60-годишен адвокат од Ресен, кој пред две години злоупотребил податоци на починато 94-годишно лице, за да продаде имот и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист во износ од 2.273.965 денари. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(60) од Ресен поради […]

Новиот авион на „Кроација ерлајнс“ не можел да ги прими сите патници од Скопје. Еве што се случило


Ниту еден месец откако беше официјално претставен, новиот авион Ербас А220-300 на „Кроација ерлајнс“ не можеше да ги собере сите патници на летот од македонскиот главен град Скопје. Станува збор за летот од 12 август, пишува Индекс.хр. Авијацискиот портал Zamaaero пишува за случајот. Во текстот се наведува дека „Кроација“ не прифатила шест патници на летот, […]

Мицкоски: Криминалот ќе стане неисплатлива професија


Премиерот Христијан Мицкоски денеска по посетата на Катастар, зборуваше за криминалот во земјава. Тој кажа дека битката против криминалот трае, и дека секој криминалец ќе биде изведен онаму каде што му е местото. „Мора сериозно да се занимаваме со битката против кирминалот и да го направиме криминалот неисплатлива професија. Секој криминалец кој мисли дека може […]

Мицкоски за тврдењата на СДСМ за Рамадани: Тоа е ноторна лага!


Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика Јавното обвинителство да ги провери тврдењата на СДСМ дека бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани на Косово е реализирано со помош на луѓе од државни институции. Тврдењата на СДСМ, според Мицкоски, се ноторна лага. – Добро е што конечно излегоа со тврдење. Го охрабрувам Јавното обвинителство уште […]

Курти: Историска посета на директорот на ЦИА на Косово


Косовскиот премиер Албин Курти денеска се сретна со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс и оцени дека посетата е важен историски момент во билатералните односи меѓу Косово и САД. На средбата беше истакната заложбата на косовската Влада и безбедносните и разузнавачки институции, предводени од Косовската разузнавачка агенција (КОА) за подобрување на соработката […]

Именуван е новиот Управен одбор на АД ЕСМ, Лaзо Узунчев е директор


Надзорниот одбор на АД ЕСМ, по препорака на Владата го назначи новиот Управен одбор на компанијата, соопштија од Владата . За претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, именуван е Лaзо Узунчев, дипломиран машински инженер со претходно долгогодишно работно искуство на менаџерски позиции во приватниот сектор. Во состав на Управниот одбор на […]