ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?


Најостро го осудуваме инцидентот на скопскиот аеродром настанат при проверка на косовската претседателка Вјоса Османи, велат од Либерално-демократската партија. – Како што заклучуваме од официјалните информации на Министерството за внатрешни работи, насилниот чин од страна на припадници на обезбедувањето на претседателот на Собранието кон вработените и контролорите на скопскиот аеродром, претставува сериозно загрозување по животите […]

Изложба со дела од Вангел Наумовски ќе биде отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид


Во чест на 100 години од раѓањето на сликарот Вангел Наумовски и 70 години од неговата прва самостојна изложба во галеријата „Охридска порта-Љубица“, на Илинден, 2 Август, ќе биде отворена ретроспективната изложба на слики од уметникот кој го воодушеви светот. Наумовски е роден 1924, а почина во 2006. „На овој ден, овде поминале плејада уметници, […]

Поради сексуален напад приведен таткото на златната хрватска олимпијка


Париз – Таткото на златната хрватска џудистка Барбара Матиќ, која вчера ја освои титулата олимписки шампион, Борис Матиќ во четвртокот заврши во притвор поради сомнение за сексуален напад. Борис Матиќ е осомничен за сексуален напад на волонтерка задолжен за ред во публиката која поднел пријава, јавува француската телевизија „BFMTV“. Осомничениот е приведен во полициска станица […]

СДСМ бара да се расчисти случајот со Вјоса Османи


По инцидент со косовска претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром во Скопје со граничната контрoла, опозицијата бара целосно расчистување на настаните.  Од опозициската СДСМ со писмено соопштение прашуваат дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини, затоа што во јавноста се појавија три верзии дипломатскиот скандал. „Вистина ли е […]

ЕК ја предупредува Унгарија за олеснувањето на визниот режим за Русите и Белорусите


Брисел – Еврокомесарката за внатрешни работи на Европската унија, Илва Јохансон,вчера ја предупреди Унгарија дека нејзината одлука за олеснување на визните ограничувања за Русите и Белорусите претставува потенцијална безбедносна закана и рече дека ќе преземе мерки доколку не се реши нејзината загриженост. Унгарија минатиот месец ја прошири својата доселеничка програма на „национални лични карти“ за, […]

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм


Анкара – Турција го блокираше пристапот до платформата Инстаграм, објави денеска регулаторот за инфотехнологија, без да ја прецизира причината или времетраењето на забраната, што ја остави недостапна и мобилната апликација на платформата. Овој потег уследи по коментарите на турскиот службеник за комуникации, Фахретин Алтун, од пред два дена, кога ја критикуваше платформата за, како што ја […]

ТАВ Македонија: Никој не сакаше да ѝ го одземе телефонот на косовската претседателка


Операторот на скопскиот меѓународен аеродром ТАВ Македонија категорично ги отфрла наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка Вјоса Османи при вчерашниот преглед во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.  -Телефонот и беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. […]

Целовечерен концерт на „Охридско лето“ посветен на македонскиот композитор Гоце Коларовски


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со целовечерниот концерт „Вечерен ѕвон“, посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски. Гоце Коларовски (5.02.1959, Скопје – 30.11.2006, Скопје) ѝ припаѓа на генерацијата македонски композитори чиешто творечко формирање се одвиваше во условите на постојан подем на професионалното музичко творештво и зацврстување на позициите […]

Париз 2024: Бајлс е горда на своите перформанси откако се врати во спортот


Симон Бајлс мислеше дека нејзината кариера во гимнастиката е завршена откако се повлече од Олимписките игри во Токио поради проблеми со менталното здравје, но сега е горда на нејзиното враќање во спортот, што и донесе втор златен медал на Игрите во Париз по титулата во повеќебој. По повлекувањето од Токио, кое предизвика реакции ширум светот, […]

Три лица се повредени – МВР со детали за сообраќајката во Автокоманда


Три возила се судрија вчера попладне во скопската населба Автокоманда, а едното заврши превртено на кров. Според информациите од МВР, во несреќата повредени се три лица кои се префрлени во болница. Сообраќајката се случила поточно на булеварот „Александар Македонски“ околу крстосницата со улицата „16-та Македонска бригада“, а едното од возилата од ударот е превртено на […]

Русија версус Украина: Најголемата војна во ерата на лажни вести


На почетокот на април, некои жители на Харков добија серија застрашувачки СМС пораки од владини претставници во кои пишува – да го напуштат градот пред руските сили да го опколат. „Поради заканата од непријателско опкружување, го повикуваме цивилното население на Харков да го напушти градот до 22 април“, се вели во едно предупредување, кое го […]

Сиљановска Давкова: Должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и да го обновува духот на македонската република


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, истакнувајќи дека на овој празник на светлината се потсетуваме на борбата за слободна македонска република што ја започнаа Илинденците а ја продолжија учесниците во народноослободителната и антифашистичка војна. -На 2 август 1944-та, пред точно 80 години, делегатите на АСНОМ ја […]

Во Трново 53. Семакедонска средба по повод Илинден


 Во потпелистерското село Трново денеска, по повод празникот Илинден и Денот на Републиката, ќе се одржи 53. Семакедонска средба „Трново 2024“ на која, како што соопшти Матицата на иселениците на Македонија, се очекуваат Македонци од сите делови на државата и од дијаспората. Семакедонската средба  ќе се одржи од 10.30  до 12.30 часот во дворот на […]

Унгарката  испрати порака до Иман Хелиф: „Ако е маж – поголема победа за мене“


Унгарката Ана Лука Хамори не се плаши од својот следен противник – контроверзниот Иман Хелиф од Алжир. Големо внимание на годинешните Олимписки игри привлече боксерката Иман Хелиф од Алжир, која минатата година беше дисквалификувана од Светското првенство кога тестовите покажаа дека има премногу тестостерон и дека тоа ја нарушува дозволената граница за жени. Италијанката Ангела […]

Ѓоковиќ загрижен за коленото по пласманот во полуфиналето на олимпискиот тениски турнир


Србинот Новак Ѓоковиќ, кој го победи Стефанос Циципас од Грција со 6:3, 7:6(3) за да се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во сингл, рече дека ќе побара дополнителна лекарска проценка за неговата состојба на коленото. На Ѓоковиќ му беше потребен третман на теренот и за време на неговиот четвртфинален натпревар против Циципас и не […]

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“


 Со подигнување на бајракот на Републиката, со симболично испукување на црешовото топче и со читањето на Крушевскиот манифест, синиќа на Гумење во Крушево свечено беа отворени научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ со што и започна чествувањата за големиот Илинден и 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. На чествувањето покрај повеќе гости присуствуваше […]

Со ребалансот на Буџетот се обезбедени пари за субвенциите за клима уреди


Субвенциите за инвертор клима уредите за кои аплицираа граѓаните на јавниот повик на Министерството за економија во почетокот на годинава, ќе бидат исплатени по донесување на ребалансот на Буџетот. Ова вчера на брифинг со новинарите го потврди министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, која на новинарско прашање рече дека за оваа намена се обезбедени пари. […]

На Илинден прва литургија на македонски јазик за Македонците во Србија


На барање на македонската заедница во Србија, денеска на Илинден во Јабука крај Панчево, во православниот храм Св. Пророк Илија, ќе се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник, јави дописникот на МИА од Белград. Црковната литургија ќе ја одржи јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем, за што има добиено благослов […]

Во Вашингтон, Берлин и Москва пристигнаа авионите со ослободени затвореници во најголемата размена меѓу Русија и Западот по Студената војна


Неколку затвореници ослободени од Русија во историска размена со Западот, вклучително и новинарот Еван Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан, пристигнаа синоќа во САД. Ослободените затвореници, ноќеска, пред полноќ, во воздухопловната база Ендрус, во близина на Вашингтон, ги пречекаа американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, на аеродромот „Внуково“ […]