Откупот на винско грозје во фокусот на средбата меѓу Трипуновски и потсекторската група за лозарство и вино


Претстојната берба на винско грозје, приносите и квалитетот, биле темите за кои денеска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претставници од потсекторската група за лозарство и вино. На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното […]

Гран-при за турскиот „Нечуени работи“ на Килич на Галичник филм фестивал


  „Нечуени работи“ во режија на Рамазан Килич од Турција доби Гран-при за најдобар филм на петтото издание на Галичник филм фестивал. На фестивалот се прикажаа 28 кратки филмови. За наградите одлучуваше жири-комисијата во состав Ѓорѓи Јолевски, Тамара Котевска, Мартин Иванов и Жан Дакар. Наградата за најдобра кинематографија ја доби Себастијан Вебер за „Нечуени работи“, […]

Кипар ја зголеми казната затвор за предизвикување пожар од три месеци на 8 години


Построги казни за предизвикување пожар што се меѓу осум и 12 години затвор и парична казна меѓу 50.000 и 100.000 евра, одлучи кипарската Влада на вчерашната владина седница. Министерката за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар Марија Панајоту соопшти дека казната за предизвикување пожар во шуми од десет години затвор и/или парична казна […]

Новите правила на ЕУ за емисии на штетни гасови засегаат поголем број сточарски фарми


Измените на Регулативата на ЕУ за емисии на штетни гасови при производството, што стапија во сила во неделата, предвидуваат поголем опфат на сточарските фарми кои ќе мора да ги почитуваат правилата од ова законско решение од 2030 година, што се очекува да се одрази и врз нивната работа.  Според анализите, фармите за одгледување на свињи […]

Аеродромци го исфрлаат кабастиот отпад – општината го собира


Над 100 кубни метри или околу девет тона кабаст отпад се собрани досега во бесплатната акција што Општина Аеродром ја започна минатиот месец, а ќе трае и во текот на август и септември при што ќе се реализира на 40 пунктови на ниво на целата територија. Акцијата што се спроведува во соработка со ЈП за […]

Вреди нема информации за план за дестабилизација на ДУИ


Пратеникот Беким Сали од коалицијата „Вреди“ нема информации за наводен план на ДУИ за дестабилизација, како и за тоа со какви информации располага премиерот Христијан Мицкоски. „Доколку има информации, има Јавно обвинителство, како што ние денеска се обраќаме, така што, сметам дека институцијата е зад нас да сподели информации“, одговори Сали на новинарско прашање. Премиерот […]

Вина од Македонија: Притисокот врз винарниците за поголеми откупни цени за грозјето е непродуктивен и води кон нивно пропаѓање 


Здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на македонско вино, е на ставот дека претстојната берба на грозје е добра можност повторно да се отворат вистинските теми кои треба да овозможат долгорочен, одржлив развој на македонското лозарство и винска индустрија. Според Здружението, постојат потврдени начини и чекори кои треба да се […]

Опозицијата ја тресе фотелјата на Гаши, ВМРО-ДПМНЕ молчи


  СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Христијан Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, во кој учествуваше неговиот шеф на обезбедување кој доби кривична пријава и отстранување од работното место. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, вели дека како партија го повикуваат […]

Осум години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица


Скопје денеска одбележува осум години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица, а материјалната штета беше огромна. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Градоначалникот на општина Гази Баба […]

Кабинет на Вјоса Османи: Прес-конференцијата во Скопје беше за жалење!


  Од кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи денеска повторно реагираа за инцидентот на скопскиот аеродром. Оттаму велат дека претседателката на Република Косово никогаш не побарала пречекорување или прекршување на процедурите, туку почитување на меѓународните правила, како што се прави во целиот свет. Според соопштението, претседателката на Косово ја претставува државата внатре и надвор. И […]

Шкафчето на Коби Брајант од ерата на Лејкерси продадено за 3 милиони долари


  Шкафчето кое Коби Брајант го користеше во поголемиот дел од неговата легендарна НБА кариера, беше продадено за 2,9 милиони долари во петокот во Њујорк, како дел од аукција на ретки спортски сувенири во Сотби. Цената за шкафчето од „Стејплс центар“, кое Брајант го користеше додека играше за Лос Анџелес Лејкерс, речиси ја удвои 1,5 […]

Брук Шилдс напиша мемоари за нејзиното искуство со стареењето, не е за жени кои се подмладуваат со ботокс


Брук Шилдс влегува во нејзиното следно животно поглавје и се надева дека со читателите заедно ќе патуваат. PEOPLE ексклузивно ја откри корицата за новата книга на Шилдс, Brooke Shields Is Not Allowed to Get Old, што ќе излезе од Flatiron Books на почетокот на следната година. Книгата е „интимно и охрабрувачко истражување на стареењето“ кое […]

Тренинзите во Сена откажани по петти пат поради квалитетот на водата


На Олимпијадата во Париз, тренинзите за пливање во реката Сена повторно беа откажани поради лошиот квалитет на водата. За 8 и 9 август е предвидено да се одржат натпревари во пливање на отворени води. Претходно, организаторите четири пати ги откажаа тренинзите за триатлонците во Сена. Но, на крајот медалите во овој спорт беа доделени. Неколку […]

Германски производител на чипови укинува 1.400 работни места: „Се селиме на поевтини локации“


Германскиот производител на микрочипови „Инфинеон“ (Infineon) ги објави плановите за укинување на 1.400 работни места и уште толку да премести на „поевтини локации“ за да се преброди периодот на слаба побарувачка. Отпуштањата ќе опфатат околу 500 работници во германски Регенсбург, соопшти компанијата, без да даде детали за други локации. Овој потег треба да ги пренесе […]

Има жалење, нема извинување: Курти ја пушти Вјоса Османи „низ вода“


  Има жалење, нема извинување. Вака некако, на средина, се најдоа премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти по очигледната мачна двочасовна средба денес во Скопје од која излегоа споделувајќи ја вината за инцидентот, но со силна желба да ги подобруваат односите меѓу Македонија и Косово. Тоа што Курти, без да биде прашан, кажа дека претседателката […]

Способноста на Европа да го одврати Путин попречена од „неверојатната“ бирократија


 Ако Европа сака да одврати можна руска агресија, мора да обезбеди подобро преместување тенковите, војниците и муницијата низ континентот, изјави висок француски генерал за ПОЛИТИКО. Ако Русија нападне земја на НАТО, европските и американските војници ќе треба да стигнат до источното крило на алијансата што е можно побрзо. Но, сегашните пречки за брзото движење вклучуваат […]

Битка со соопштенија околу наводната дестабилизација


  Соопштение на сооопштение – така неколку дена се претвора политичката битка помеѓу двете најголеми партии, а поврзано со објавите на владејачките структури дека ДУИ, наводно, имала план за дестабилизација на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ утринава побараа „СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта?“ Од партијата прашуваат дали ДУИ […]

Блумберг отпушти новинар поради предвремено објавување на веста за размена на затвореници меѓу САД и Русија


Американскиот весник Блумберг објави дека ќе има размена на затвореници меѓу САД и Русија пред официјалната потврда, а поради овој пропуст најмалку еден новинар на овој медиум е отпуштен, пишува Гардијан. Уредничкиот тим на Блумберг се осврна на ситуацијата во е-пошта испратена до сите вработени, каде што беше објаснето дека овој потег ја става во […]

Правниот пораз на „Гугл“ може скапо да го чини „Епл“


  „Гугл“ претрпе неверојатен удар врз својот бизнис за пребарување и рекламирање во понеделникот кога судијата на округот Колумбија Амит Мехта пресуди во корист на Министерството за правда во антимонополска тужба против технолошкиот гигант. Тоа може скапо да го чини и „Епл“. Еве како: Пресудата може да го принуди „Гугл“ да направи драматични промени во […]

Прескапите станови и високите кирии ја уриваат вербата на младите во демократијата


Од Калифорнија до Краков, младите гласачи кои ја губат вербата во демократијата беа делумно поттикнати од изненадувачка причина: високите кирии и зголемените цени на имотите. Недостигот од достапни станови предизвика протести низ европските градови, од Лондон до Лисабон, и на двата брега на САД каде што цените на куќите се зголемија за 54 отсто од […]