Ќе добие ли „Визер“ конкуренција во земјава. Еве со какви мерки ќе се зголемува бројот на летови и патници


Со сет мерки Владата во текот на 2025 година ќе го зголемува бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром. Така, со цел да се избегне зависност од само една авиокомпанија се воведуваат субвенции по дестинации, а важна промена е и субвенционирањето по патник на доаѓање во Македонија, наместо како сега на заминување од Македонија. […]

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за набавка на нови екоавтобуси


По којзнае кој пат, советниците на Град Скопје не го поддржаа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови екоавтобуси, со кои би се растоварил градскиот сообраќај. Иако, денеска требаше да се гласа само согласност за набавка на автобуси, повторно Арсовска не успеа да ги убеди советниците. Претседателот на Совет, Трајко Славески, рече дека […]

Максим Димитриевски плати казна за зонско паркирање – и ги пофали тие што го казниле


Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, плати казна од 1.000 денари за зонско паркирање и истовремено го пофали градското претпријатие „Куманово паркинг“ за неселективност. „Нулта толеранција! Респект Куманово паркинг!“, напиша Димитриевски на Фејсбук, истовремено објавувајќи фотографии од неговото возило со поставена „канџа“ и платената сметка.

Французин волонтер го носел знамето на Македонија на Параолимпијадата бидејќи немало кој друг


  Во средата церемонијата на отворањето на Параолимписките игри во Париз беше одбележана со прилично несекојдневна епизода. Кога беше преставувана делегацијата на Северна Македонија, знаменосецот не беше спортист, туку француски волонтер, иако на овие игри земјата има еден учесник, пишуваат француските медиуми. Првично номинирана да го носи транспарентот на нејзината земја, Оливера Наковска-Бикова не можеше […]

Миленко Неделковски тврди дека има клучна улога во ФК Вардар


  Желбите на „Комитите“ и амбициите на новата управа на ФК Вардар никако да се усогласат. Некаде  на почетокот на летото, откако заврши претходната сезона, меѓу навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб започна да преовладува еуфоријата која беше поттикната од влезот на австриски „Новоматик“, односно „Новоматик Македонија“, како главен спонзор на клубот во новата сезона. […]

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта


Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“. Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба […]

Ништо од пругата Крива Паланка – Деве Баир, повлечени претставниците во комисијата за избор


  Изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија, односно делницата од Крива Паланка до Деве Баир, е ставена ад акта, откако денес Министерството за транспорт и Јавното претпријатие Македонски железници инфраструктура ги повлекоа претставниците во Комисијата за избор на надзор и изведувач што требаше да ја заврши работата овој месец. Ова, како што образложи […]

Министерката Јаневска потпиша нова четиригодишна програма за соработка во образованието и науката со Хрватска


Македонија и Хрватска ја продолжуваат и унапредуваат соработката во образованието и науката. Новата четиригодишна програма за соработка, што денеска ја потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс, ги прави националните образовни системи подостапни за граѓаните на двете земји. Во областа на основното и […]

Комичарката Ники Глејзер ќе биде водителка на „Златен глобус“ 2025


Доделувањето на наградите Златен глобус за 2025 година го најде својот водител: Ники Глејзер. Во среда, 28 август, CBS и Златните глобуси објавија дека комичарката (40) ќе биде домаќин на 82-та годишна церемонија во недела, на 5 јануари. „Апсолутно сум воодушевена што ќе бидам домаќин на Златните глобуси. Тоа е една од моите омилени вечери […]

Герасимовски: Стартува јавниот повик за проектот „Нега на стари лица во домашни услови“


Започнува Јавниот повик за проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ кој опфаќа 90 корисници, жители на Општина Центар. Преку овој проект граѓаните корисници во сопствениот дом бесплатно добиваат помош и поддршка од страна на стручни и обучени лица. Три пати во неделата по два часа ги посетува негувател кој им помага во извршување […]

Нема краток пат до ЕУ, вели новата холандска амбасадорка


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Узлем Џанел. се заблагодари за конзистентната поддршка од пријателска Холандија, која од осамостојувањето е еден од најголемите донатори и силен поддржувач на европскиот процес на нашата држава. „Холандија континуирано ни помага во реформите на судството, […]

Борел бара санкции против израелските министри


Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска во Брисел најави дека ќе побара од земјите членки да размислат за санкционирање на одредени министри во израелската влада поради пораките со омраза што ги испраќаат до Палестинците. „Иницирав процес да ги прашам земјите членки дали сметаат дека е соодветно да се стават […]

Има голема неправда спрема Македонија, изјави хрватскиот премиер Пленковиќ


  ЗАГРЕБ – Хрватска останува подготвена да ѝ помогне на Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во официјална […]

ВМРО-ДПМНЕ прашува кој се патувал со Бисера Костадиновска во Виена на државна сметка


“Кој се патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој се спиел во луксузниот трособен стан?“, праша денес Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ задолжен за преасметка со опозицијата, во продолжението од серијалот ообвинувања на сметка на екс министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.  „Ова е првата страна од копијата од резервацијата која […]

Петмина од осудените за 27 април барале прекин на затворските казни поради болест


Од десетина лица осудени за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, кои во јули-август користеа 30 дневен отпуст поради здравствени причини, петмина побарале судски прекин на издржување на казните. Тројца од нив добиле прекин во траење од еден месец. Овие одлуки го отвораат прашањето дали се подготвува терен  да излезат од затвор пред […]

ВМРО-ДПМНЕ повторно не го поддржа проектот БРТ во Скопје


  Повеќе од 20 пати советниците во Градот Скопје имаа можност да гласаат за набавка на нови автобуси за сообраќајното претпријатие, за кои е потребен кредит, но и за Бас рапид транзит системот, кој беше проект на претходниот градоначалник Петре Шилегов и за кој Собранието донесе закон, а државата се задолжи кај ЕБОР, но скопјани […]

Украинската армија во Курск затвори 3 илјади руски војници во клопка


  Украинската војска во областа Курск го затвори „котелот“ во кој се најдоа околу 3 илјади руски војници, пишува „Билд“. Украинските вооружени сили пред неколку дена успеаја да го окупираат селото Краснооктјабрское, поради што источната граница на „котелот“ беше „целосно затворена“, која од запад е блокирана со државната граница, а од север со реката Сеим, […]

Осака ја копира Вилијамс, играше со гламурозен фустан на УС Опен


Двократната гренслем шампионка, Наоми Осака, тргна одлично на САД опен, ја победи Јелена Остапенко со 6-3, 6-2 во пресметката на две некогашни гренслем шампионки и покажа дека е во добра форма после паузата од една година која ја имаше бидејќи стана мајка. Она со што јапонската тенисерка дополнително ги шокираше присутните во Њујорк беше нејзината […]

Искра Гешоска го прими медалот на роденденот на Гете


На македонската теоретичарка на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска, на роденденот на Јохан Волфганг фон Гете – 28 август, ѝ беше врачено најзначајното германско признание во културата за уметници и културни работници од странство – Гете-медал. Наградата ја доделува Министерството за надворешни работи на Германија преку Гете институтот, нивниот оддел за културна дипломатија, кој […]

„Нашите приказни“: ТРИ промовира нова едиција


Познатата графичка новела „Брчки“ што го сврте вниманието на книжевниот свет најпосле и пред македонската читателска публика во издание на ТРИ. Делото на Пако Рока, познат и наградуван шпански автор, преку љубовта, хуморот и хуманоста ја прикажува реалната и трогателна слика на последното поглавје од животот.  Станува збор за вистински ролеркостер од емоции преку гледање […]