Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската казна на Фреди Белери


Врховниот суд на Албанија во петокот ги потврди одлуките на пониските судови според кои Фреди Белери, припадник на грчкото национално малцинство, европратеник и поранешен градоначалник, е осуден на две години во затвор за купување гласови, што ги заостри односите меѓу Албанија и Грција, пренесува Бета. Како што се наведува во соопштението, судот ги потврдил и […]

Високи темпeратури, до крајот на следната недела портокалова фаза


 Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе бид во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ индексот […]

Грција не се однесува зрело кон Преспанскиот договор, вели Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски вели дека „сè што е содржано во (Преспанскиот) договорот го почитувам, целокупната официјална, формална, институционална комуникација е апсолутно со придавката. Не сум среќен со тој договор, знаете како тој договор беше донесен во парламентот, кога пратеници за уши се носеа, а претходно притвораа и затвораа, се уценуваа за да гласат за […]

Руската армија загуби 70.000 војници во изминативе две месеци, соопшти Британија


  Руската армија се соочува со највисока стапка на загуби за време на нејзината целосна инвазија на Украина досега, со над 70.000 војници најверојатно убиени или ранети во мај и јуни, соопшти во петокот британското Министерство за одбрана. Зголемувањето на загубите е поврзано со тоа што Русија го отвори својот нов фронт во регионот Харков, […]

Десетто Вимблдон финале за Ѓоковиќ


Лондон – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон, откако вечерва во Лондон во три сета го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 6:4, 7:6(2), 6:4. Вториот тенисер во светот до победата над 25. на АТП листата дојде по два часа и 51 минута игра. За Ѓоковиќ ова е десетто финале на Вимблдон во […]

Време за Матка (фотогалерија)


Додека Скопје врие на температури близу 40 степени Целзиусови, Матка е најдоброто место за разладување. Длабоката клисура исполнета со сино-зеленкаста вода нуди можност за скопјани слободно да дишат. Температурата на воздухот е за неколку степени пониска од центарот на градот, а секој што сака може да нурне во студените води. Платформи за рекреација, педалинки, кајаци, […]

Четворица малолетници пронајдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија


Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тинејџерите во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Докторите се обидуваат да ја дознаат причината за нивната здравствена состојба, а повикан е и дежурниот персонал, јавува Фокус. Тие се во сериозна здравствена состојба, а забележани се и повреди на нивното тело. Од […]

Новиот ирански претседател го назначи поранешниот министер за надворешни работи Зариф за свој главен советник


 Новоизбраниот ирански претседател Масуд Пезешкијан го назначи поранешниот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф за свој главен советник, јави ДПА. Според иранските медиуми, Зариф ќе го советува Пезешкијан за прашања од внатрешната и надворешната политика во периодот на транзиција на власта. Во својата улога на советник, поранешниот министер за надворешни работи ќе врши контрола […]

Германија ќе го забрани Хуавеј


Германија од својата 5G безжична мрежа во следните пет години постепено ќе ги отстрани компонентите направени од кинеските Хуавеј и ЗТЕ. Ова може да ги влоши и така заладените односи со Пекинг. Мобилните мрежни оператори, вклучувајќи ги Водафон, Дојче Телеком и Телефоник, се согласија да ги отстранат компонентите од нивните „основни 5G мрежи“ кои се […]

Независниот синдикат на државна администрација на средба со Филков и Пандов поради недостатоци во судството и Затворската Полиција


Независниот синдикат на судска администрација и Синдикатот на Затворска полиција и администрација, како дел од Независниот синдикат на државна администрација, денеска, остварија средба со министерот за правда Игор Филков, како и со директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.  Како што посочи претседателот на Независниот синдикат на државната администрација, Горан Петрески, на средбата […]

Ристовски во Прилеп со цел да ги оспособи спортските сали – Универзалната и салата „Македонија“


Ќе направиме комплетна инспекција на спортските сали во Прилеп, кој стопанисува со нив и какви се имотно-правните односи и нема да дозволиме политиката да се меша во спортот, изјави минисгерот за спорт Борко Ристовски при денешната посета на Универзалната сала во Прилеп. Неговата посета е на покана и петиција од градот со која се бара […]

Момчето што се самозапали и почина во Ќојлија, не било киднапирано – само отишло таму


 СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 4 јули беше  пријавено дека во индустриска зона Ќојлија, во близина на Меѓународен аеродром Скопје, избувнал пожар на плац од агенција за рент-а-кар, во кој со изгореници по телото се здобил Б.А. (24) од Скопје, по што на 7-ми месецов, како последица на изгорениците Б.А. […]

Косовски Албанец осуден на 15 години затвор за воени злосторства врз Албанци во 1999 година


Основниот суд во Приштина го прогласи косовскиот Албанец Мухамет Алидемај за виновен и го осуди на 15 години затвор за воени злосторства во војната од 1999 година во селото Избица, општина Србица (Скендерај) во северозападно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според обвинението, Алидемај учествувал, заедно со припадниците на српските полициски и воени сили, […]

Дел од затворениците во Велика Британија ќе бидат ослободени по отслужување на 40 отсто од казната


Затворениците кои отслужиле 40 отсто од казната во Велика Британија ќе бидат ослободени со цел да се намали пренатрупаноста во затворите. Затворениците во Англија и Велс, освен најтешките престапници, обично се ослободуваат по отслужување на 50 отсто од казната, а новата одлука ќе стапи на сила во септември, пренесува „Скај Њуз“. Претседателот на Здружението на […]

Надвор од функција РЕК Битола, заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО


Заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО, надвор од функција е РЕК Битола, соопштија од службата за односи со јавност од Подржницата на Рударско – енергетскиот комбинат „Битола“ при АД ЕСМ. -Околу 15:45 часот дојде до прекин на напојувањето, по што од мрежа испадна Блок 1 на РЕК Битола. Прекинати се и пуштачките операции […]

Љутков го посети Плаошник


Културно-историското наследство во Охрид е загрозено, тоа е во очајна состојба, оставено на забот на времето. Недоволната грижа на државата изминатите години може да остави трајни последици на дел од културно-историските споменици и археолошки локалитети. Тоа го посочи министерот за култура, Зоран Љутков, кој денеска заедно со директорите на Управата за заштита на културното наследство […]

Предизвикот на Бајден: Како да го задоволи апетитот на медиумите за неговата способност?


  Кон крајот на неговата внимателно следена прес-конференција во четвртокот вечерта, на маргините на самитот на НАТО, претседателот Џо Бајден зборуваше дека лекарите го прегледале poraди неговата ментална острина. Одеднаш, помина мала фрустрација. „Без разлика што направив“, рече тој, „никој нема да биде задоволен“. Тоа е предизвикот со кој се соочи Бајден за време на […]

СДСМ: Африм Гаши ја наруши секуларноста на државата


    На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, откако денес со молитва во македонското Собрание, беше одбележана годишнината од геноцидот во Сребреница.   „Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на […]

Се реновираат тоалетите во „Лазо Ангеловски“, нови спортски центри во салата „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче


Повеќе градежни активности се спроведуваат во текот на летниот период во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, како и во спортскиот центар „Марко Божиновски“ што се наоѓа во рамките на ова училиште. Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска ги посети локациите каде што активно се работи на подобрување на инфраструктурата на овие објекти пред […]

УЈП апелира: Ако издавате педалинки, лежалки, кајчиња – пријавете се за паушален данок


Управата за јавни приходи се обраќа кон сите физички лица кои вршат определена дејност од времен карактер (продавачи на крофни, пуканки, пченка, цедени сокови, изнајмувачи на педалинки, кајчиња, велосипеди, лежалки, сликање со влекачи и друго ) на пазарите и на отворени простори и локации одредени од локална самоуправа, од приредувачи на манифестации или на други […]