Во Србија додатокот за прво дете се зголеми на 3.250 евра


Родителскиот додаток за родено прво дете во Србија од 1 јули годинава изнесува 380.161 динари (3.250 евра), предвидено со решението потпишано од министерката за семејна грижа и демографија, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, јави Бета. Родителскиот додаток за второ дете, што се исплаќа на 24 рати, сега изнесува 337.225 динари (2.880 евра), 14.051 динари месечно, за трето […]

Мбапе: Многу години сонував да играм за Реал, денес овој сон се оствари


Мадрид – Големата фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе ги сподели своите емоции за преселбата во Реал Мадрид. На денешната промоција на „Сантијаго Бернабеу“ 25-годишниот француски фудбалер рече дека сонувал да игра за Реал и го бакна грбот на „кралскиот клуб“. – Неверојатно е чувството да се биде овде. Долги години сонував да играм за Реал Мадрид. […]

Маск планира да му дава на Трамп 45 милиони долари месечно


Мултимилијардерот Илон Маск најави дека ќе дава околу 45 милиони долари месечно на новиот политички комитет кој го поддржува Доналд Трамп, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на неименувани извори. Донациите на Маск ќе бидат наменети за политичка група наречена America PAC, што ќе се фокусира на промовирање на регистрација на гласачите, предвремено гласање и гласање […]

Мецола: Да им пружиме рака на луѓето од Западниот Балкан


Мора да бидеме подготвени да ја пружиме раката на Европа на луѓето кои гледаат кон нас во Украина, Молдавија и Грузија и на сите оние од Западниот Балкан на кои предолго им се ускратува напредокот, изјави денеска Роберта Мецола во обраќањето пред европратениците по нејзиниот реизбор на местото претседателка на Европскиот парламент. – Мора да […]

Коп на проштална средба кај Коцевски: Честопати беше фрустрирачки да се работи тука


Кадровскиот дефицит, недоволниот буџет за работа  на Обвинителството и ефектите од последните измени во Кривичниот законик, беа темите на кои денеска разговараа јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Како што соопшти Јавното обвинителство, Коцевски го прими амбасадорот во проштална посета за да му заблагодари за […]

Во Германија на една муслиманка ѝ беше забрането да биде судија-поротник затоа што носи шамија


На една муслиманка не ѝ беше дозволено да служи како поротник со образложение дека носењето традиционална шамија го нарушува принципот на државна неутралност во Германија. Таа сега поднела уставна жалба против таа одлука, пишува ДВ. Во германските училишта, дебатата за носење традиционални шамии не е нова. Но, сега оваа тема повторно предизвика жестоки дискусии во […]

Земјотрес од 2 степена по Рихтер регистриран во Скопје


Земјотрес со локална магнитуда од 2 степена по Рихтер е регистриран попладнево во 14 часот и шест минути со епицентар во скопско епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. -Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира […]

Тони и Зива се враќаат во спиноф серијата „НЦСИ“, еве ја целата актерска екипа


Долгодипните обожаватели на серијата „NCIS“ на CBS ќе бидат воодушевени кога ќе слушнат дека популарната двојка-се-или-не се- Зива Давид и Тони Динозо наскоро ќе се вратат на екраните. И сега, ја знаеме актерската екипа која ќе им се придружи. Paramount+ на 15 јули ја објави целосната екипа на ликови кои ќе глумат заедно со омилените […]

Славески тврди дека пари за нови автобуси во буџетот на Град Скопје нема


Пари за нови автобуси нема, објави претседателот на Доветот на Град Скопје, Трајко Славески, по реакциите во јавноста околу недостигот на автобуси и неисправноста поради што има случаи на колабирани патници.   „Три-четири месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување […]

Украина очекува да потпише безбедносни договори со уште девет земји


Украина разговара за билатерални безбедносни договори со уште девет земји, објави претседателот Володимир Зеленски на прес-конференција во Киев. Украинската влада се обидува да потпише безбедносни договори со вкупно 32 земји, бидејќи досега веќе има потпишано безбедносни договори со 23, рече Зеленски. Безбедносните договори опфаќаат хуманитарна, воена и финансиска помош за Украина. Според претседателот, потпишаните договори […]

МОН: Се изработуваат шест закони од областа на образованието


Работни групи во Министерството за образование и наука (МОН) во кои членуваат и стручни лица од наставничката и академската фела, експерти и претставници на повеќе надлежни институции, подготвуваат шест нови законски решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги кои се испорачуваат кон граѓаните и ќе се обезбедат повеќе права и можности за различни засегнати […]

Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ


На 84-годишна возраст денеска почина Кики Мангова Поњавиќ (1940 – 2024), редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за финансово право и финансии. -Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет експерт во областа на науката […]

Петровска: Ковачки ја крие пресудата за клевета, а ВМРО-ДПМНЕ се брука


  Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за наводното криење дека има хациенда за што, потсети таа, имаше судски спор против Драган Ковачки  и пресуда дека тоа што го зборува не е вистина, односно е клевета. -Еве веќе 20 дена како и официјално сте власт, па нема потреба од повторувања на […]

Стуб го потпиша законот за протерување бегалци


Финскиот претседател Александар Стуб денеска го потпиша таканаречениот закон за протерување бегалци, кој ќе стапи на сила на 22 јули, соопшти кабинетот на шефот на државата. Стуб на Инстаграм напиша дека чинот е од витално значење за националната безбедност, како и дека ги разбира тензиите поврзани со тој закон. Законот за итни овластувања, кој ќе […]

Касами речиси три години е градоначалник на Тетово, а уште не знае колку паркинг-места му требаат на градот


Градоначалникот на Тетово заедно со началникот на СВР Тетово и директорот на ЈП „Градски паркинг“ денеска на булеварот „Илинден“ извршија надзор на состојбите во сообраќајот, по вчерашната одлука на делови од две булеварски сообраќајници да не се дозволи паркирање на возила. Одлуката се однесува на делови од „Илинден“ и „Благоја Тоска“, а не се дозволува […]

Македонските млади ракометари ја совладаа Романија


Со подобра игра во второто полувреме, македонската репрезентација составена од ракометари до 20 години, попладнево ја победи соодветната селекција на Романија со 31:26. Ова е втора победа по ред за избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ на Европското првенство во Словенија. За најкорисен играч на натпреварот МВП беше прогласен голманот Иван Галевски. Следен ривал на Македонија […]

Вулин: Ѝ помагаме на Македонија иако застана зад антисрпска резолуција!


„Како министер за полиција, секоја година испраќав луѓе и опрема да и помогнат на Северна Македонија да ги изгасне пожарите. Така е и денес, српските хеликоптери и пожарникари се борат со огнот за да ги спасат луѓето и имотот на Северна Македонија“, истакна вицепремиерот на Србија и поранешен министер за полиција Александар Вулин, потсетувајќи дека […]

ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите


Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Северна Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари. – Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три […]

Зошто е добро да се јаде лубеница?


Лубеницата, која содржи дури 92 отсто вода, е многу повеќе од обично летно разладување. Имено, во преостанатите осум проценти, се кријат изобилство од хранливи материи и антиоксиданси. Токму како и доматот, својата интензивна црвена боја лубеницата ја добива благодарение на состојката ликопен. Исто така, лубеницата влегува во категоријата на алкални намирници, што е уште една […]

Талески тврди: Градоначалникот на Неготино три дена се сончал во Грција додека беснеел пожарот


СДСМ ја обвини Владата за состојбите со пожарите. Тврдат дека владините институции целосно потфрлиле во справувањето и задоцниле со реакциите. Според партијата на Венко Филипче, било дозволено да изгорат околу 1500 хектари зеленило ширум државата, а само во неготинско преку 1000 хектари на планината Серта.Пратеникот Миле Талески денеска на прес-конференција изнесе повеќе детали околу пожарот […]