УНХЦР вети нов пакет помош за да и помогне на Украина да се подготви за зимата


Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР, објави пакет помош од 100 милиони долари за да и помогне на Украина да се подготви за зимата, соопшти кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како што јави ДПА, Зеленски се сретна со високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди за време на петтата посета на Гранди на […]

Без струја делови од општина Гази Баба


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска прекин во електричната енергија ќе имаат делови од општина Гази Баба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од осум до 15 часот, без струја ќе бидат селата Страчинци, Виниче, Булачани и дел од Црешево. 

Ѕвезда до ѕвезда на венециска Мостра, сосе Педро Алмодовар


Првиот долгометражен филм на Педро Алмодовар, „Room Next Door” на англиски јазик – во кој главните улоги ги толкуваат оскаровките  Џулијан Мур и Тилда Свинтон – ќе биде промовиран на  Филмскиот фестивал во Венеција, кој ги прави последните подготовки на ѕвездената постава пред  официјално објавување следната недела. „Соба до врата“ е продолжение на филмот на […]

Без вода ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и околината


Поради дефект, без вода денеска ќе останат неколку објекти кај Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“- Скопје, како и претпријатието, информираат од „Водовод и канализација“ – Скопје. Вода за пиење ќе немаат кафаната „Балканика“, приватната градинка и неколку куќи позади објектот на претпријатието. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 7.30 часот до завршување на работните активности.

Активни повеќе пожари, најзагрижувачки е на планината Серта


Повеќе пожари сѐ уште се активни на територија на државава од кои најзагрижувачки е пожарот на планината Серта. Државата веќе четири дена е во кризна состојба, а воведена е и целосна забрана за движење во шумите од 6 до 20 часот. Во гаснењето вклучени се и воздухоплови од Турција, Србија, Хрватска, Црна Гора, а вчера […]

Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа


 Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА. Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад. Запленетиот кокаин се проценува […]

10 години од уривањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над Украина: Русија да ја прифати одговорноста, вели Борел


Денеска го одбележуваме споменот на 298-те невини луѓе, меѓу кои и 80 деца, од 17 националности, кои ги загубија животите при соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над територијата на Украина на 17 јули 2014 година, наведе високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во изјавата по повод 10-годишнината од уривањето […]

Поради активен пожар, кај Пепелиште прекин на сообраќајот во два правци


Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања […]

Каков ребалансот на буџетот „скрои“ Владата, детали се очекуваат во текот на денот


Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, но повеќе детали се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден. Премиерот Христијан Мицкоски во централниот дневник на телевизија „Сител“ изјави дека Буџетот е во алармантна состојба и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за […]

Изложба „Скопски урбани приказни 2024“ во ДЛУМ


Изложбата „Скопски урбани приказни 2024“ ќе биде отворена вечерва од 20:30 часот, во куќата на Друштвото на ликовни уметници. На изложбата, која е дел од „Скопско лето“, уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски, преку различни медиуми и инакви перцепции ќе ги претставуваат своите толкувања за […]

Седмо издание на Фестивалот на нов европски филм во Охрид


 Во Охрид денеска започнува седмото издание на Фестивалот на нов европски филм – BEACH FILM FESTIVAL ОХРИД 2024 што ќе трае до 21 јули. Како што информираат организаторите, овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и […]

Сончево и многу топло, температурата до 42 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до […]

Се испитува работата на еден државен и два приватни универзитети


 Во моментов работиме на три пријави – за еден државен и два приватни универзитети. За кои универзитети конкретно станува збор, ќе говориме кога ќе имаме сериозни докази, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.  Таа во емисијата „За и против“ на телевизија „Алфа“ најави дека ќе следува реевалуација и реакредитација на сите универзитети. Во […]

Според Стерјовски во Абанија има над 100.000 Македонци


Кога ќе имаме вистински попис ќе дознаеме колкава е реалната бројка, но македонската заедница во Албанија е над 100 илјади на целата територија на Република Албанија, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската МЦН. Додаде дека македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник, областа на […]

ЈСП во криза, и сите да функционираат ќе му фалат 100 автобуси!


Предлогот за набавка на нови еколошки автобуси повторно беше отфрлен во Град Скопје иако состојбата со градскиот јавен превоз е алармантна и од септември ќе биде уште полошо.  Мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за оваа предлог одлука, за која беа потребни гласови од 23 советници, а гласа само 17 советници. Дека сотојбата во ЈСП […]

За Мицкоски е некоректно што Мицотакис кажа дека го употребил уставното име на Македонија


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека не е коректно политичарите кои учествувале на Самитот на НАТО да раскажуваат што се зборувало зад затворени врати, одговарајќи на изјавата на грчкиот премиер дека Мицкоски на состаноците го користел уставното име на земјата, Република Северна Македонија. „Јас нема да зборувам за тоа што се случувало внатре бидејќи е непристојно […]

ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто во 2024 година


Светската економија ќе порасне за 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели во јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавена денеска. Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април. – Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, што беше поддржано од силната […]

Астероид поголем од Ајфеловата кула ќе помине блиску до Земјата


Астероид поголем од Ајфеловата кула, 99942 Apophis, ќе помине блиску до Земјата во 2029 година, а научниците, кои до неодамна стравуваа дека може да ја погоди планетата, ќе ја искористат можноста да истражат како може да се избегнат судири во иднина. Европската вселенска агенција (ESA) објави финансирање за подготвителната работа на мисијата Рапид Апофис (Рамзес), […]

Нетото богатство на Доналд Трамп по атентатот се зголеми за повеќе од милијарда долари


Личната нето вредност на поранешниот американски претседател Доналд Трамп драматично се зголеми во понеделникот, само неколку дена откако тој преживеа обид за атентат во Пенсилванија. Трамп додаде приближно 1,2 милијарди долари на своето нето богатство во понеделникот, што е зголемување од 21,8 отсто, според Форбс. Најголем дел од тоа зголемување е благодарение на инвеститорите кои […]

Даниел Крег непрепознатлив во кампања за луксузна модна куќа


Џејмс Бонд, кој? Даниел Крег позира во новата кампања на Loewe. 56-годишниот британски актер е непрепознатлив во глобалната кампања на луксузната модна куќа FW24, во која глуми и амбасадорката на брендот и ѕвездата од Минати животи, Грета Ли. Во минималистичките снимки, Крег го отфрла својот досегашен изглед со кратка коса во корист на подолга коса […]