Македонија е на второ место во регионот по квалитет на услуги на продажни места, БиХ е на врвот


Македонија е втора во регионот според квалитетот на услугите на продажните места, покажува истражувањето „Регионален сервис-ГОСТ“ на агенцијата Хераклеа во соработка со агенции од регионот. Ова е 16-то истражување за квалитетот на услугите во регионот, спроведено од 1 до 30 јуни од Хераклеа во соработка со тајни трговски агенции од Босна и Херцеговина (БиХ), Црна […]

Лајен реизбрана за претседателка на Европската комисија


Европскиот парламент попладнево со тајно гласање ја реизбра Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија.   „За“ реизборот на Фон дер Лајен гласаа 401 европратеници, 284 беа „против“, а 15 се „воздржаа“ од гласање. Вкупно гласаа 707 европратеници, а при што седум гласови беа прогласени за неважечки.  Фон дер Лајен, која доаѓа од […]

Замрзнатите средства за Гостивар-Букојчани биле за изградба на тунел, ДУИ длабоко разочарани


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку соопштение изрази „длабоко разочарување“ поради одлуката на Владата да ја укине претходната одлука за изградба на патната оска Гостивар-Букојчани, која е дел од Коридорот 8, преку изградба на тунел што го поврзува Гостивар со Кичево наместо изградба на висински автопат. „Сакаме да нагласиме дека одлуката што ја изгласа […]

Грција го затвори Акропол, рекордни температури на Јадранското Море


  Акропол во Грција е затворен со часови, рекордни температури на морето во Хрватска а во Италија се планира животните во зоолошката градина да се хранат со сладолед – јужна Европа се пече под „пеколно жешкиот“ топлотен бран. Грчкото Министерство за култура нареди затворање на Акропол – најголемата културна атракција во земјата – на пет […]

Каде е Љутков: Синдикатот на вработените во културата шокирани од наративот на министерката за финансии


„Како Синдикат на сите вработени во културата шокирани сме од наративот на Министерката за финансии, кој во ништо не се разликува од наративот на нејзините претходници. Ваквите паушални изјави за висината на платите во културата, кои ѝ се достапни на Министерката за финансии не се ништо повеќе од обични манипулации, кога сакаат да се нападнат […]

Маж се удави во Дојранското Езеро


 Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило. -Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани […]

На Струмица опен фестивал само македонски изведувачи


Годинашното тринаесетто издание на Струмица опен фестивал ќе започне на 22 јули, а ќе заврши на 20 август. -За општина Струмица особено е важен културниот развој и промената на менталната матрица на струмичани во нешто што е здраво и убаво и во ова наше секојдневие навистина е време и ред да ставиме на пиедестал нешто […]

Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите


Денеска во Mинистерството за внатрешни работи се одржа координативен состанок на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР на кој тема беше целокупната состојба со пожарите кои ја зафатија нашата држава, активностите што ги презема […]

Пожарникарите спасиле 12 лица од лифт наменет за тројца во Велес


Пожарникарите од Велес интервенирале во заглавен лифт во кој можело да се возат најмногу три лица, а внатре имало 12-мина.  Луѓето го преоптовариле лифтот и покрај предупредувањето, поставено на секој кат од лифтовите во т. н. социјална зграда во Велес во населбата Тунел, дека може да се возат најмногу три лица, јавува СДК.   „По […]

Јаневска пред Агелер со идејата за консензус за долгорочни политики во образованието


Одличната соработка на Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на образованието и науката ќе продолжи и во иднина. Интересот е взаемен и двете земји и понатаму ќе создаваат добри образовни и научно -истражувачки можности за своите граѓани преку постојните спогодби и протоколи за соработка, а ќе се размислува и за нови иницијативи кои ќе […]

Тинејџер почина од сипаници во Сараево


Доктор Аниса Бајрамовиќ, специјалист по епидемиологија од Институтот за јавно здравје на кантонот Сараево, потврди дека 17-годишен тинејџер починал од сипаници. Како што објави „Аваз“, тој е првата жртва на епидемијата. „Се подготвува извештај за ФБиХ, каде што ќе се опише епидемијата на пертусис (голема кашлица) и сипаници. Пертусис како што започна во ФБиХ минатата […]

Кратка средба на Мицкоски со Зеленски


  Премиерот Христијан Мицкоски објави на Фејсбук дека денеска во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Англија имал кратка средба и разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство. […]

Пад на обемот на градежништвото во ЕУ во мај


Градежниот сектор во ЕУ во мај годинава бележи пад од 1,0 отсто споредено со претходниот месец, додека во Еврозоната се намали за 0,9 проценти, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Во април 2024 обемот на градежништвото на Еврозоната на месечно ниво се намали за 0,4 отсто, а на ниво на цела ЕУ остана непроменето. […]

Концерт на Национален џез оркестар и Васил Хаџиманов на 11 август во Охрид


На 11 август, од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика […]

Лукаревска: Со 4,9 отсто дефицит и 68 отсто јавен долг, ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис


  ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто Социјалдемократскиот сојуз макотрпно ги градеше изминатите седум години во услови на економска и ковид криза, истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера. „Со буџетот се предвидува […]

Во делови на Атина веќе десет дена минималната ноќна температура е над 30 степени


Во повеќе делови на Грција, биле регистрирани високи температури и во текот на ноќта, а во атински населби веќе десет дена минималната ноќна температура е над 30 степени, според податоците од Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Во предградието Пиреас од 9 јули, во континуитет, во текот на целиот ден […]

Во ЕУ во јуни регистрирани речиси 1,1 милион нови автомобили


Во земјите на Европската унија во јуни се регистрирани 1.089.925 нови автомобили, што е за 4,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA). На повеќето големи европски пазари е забележан раст на продажбата на годишно ниво, во Италија за 15,1 отсто, Германија за 6,1 отсто, […]

За првпат отворена лабораторија за испитување на квалитетот на водата во општина Илинден


Од денеска е пуштена во употреба нова лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење со која ќе раководи ЈКП „Водовод“-Илинден, а се отвора за првпат од основањето на претпријатието. На отворањето на лабораторијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП „Водовод“-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот истакна дека лабораторијата е […]

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), Весна Прентоска, а неговата основна цел е воспоставување соработка на полето на […]

Во Скопје, од понеделник до четврток ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестичната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира од 22 до 25.07 2024 година, во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, […]