„Истрчав низ огнот за да куртулам“: Пожарникарот Тодорчевски раскажува за пеколот на пожарот кај Битола


  БИТОЛА – По осум дена поминати во болница, битолскиот пожарникар Александар Тодорчевски – Ато (49) се врати дома жив. Зараснуваат повредите од големите изгореници на рацете, лицето, делови од грбот и бутините, но левата шака сѐ уште е нефункционална и обвиткана со завој. И покрај нараснатите меури од изгорениците на десната рака, Ато, како […]

Почина новинарот Петар Ѕалев


  По кусо боледување денеска во Скопје почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија. Ѕалев e роден во Битола во 1959 година. Дипломирал новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а сиот работен век го поминува во Јавниот радиотелевизиски сервис. Во неговиот богат авторски и новинарски опус, […]

Москва им нуди на жителите бонус од 22.000 долари за да се борат во Украина


  Властите во градот Москва нудат рекорден бонус за пријавување за нови регрути кои ќе се борат во Украина, како најнов знак за борба за зголемување на бројот на руските војници. Финансискиот засладувач доаѓа во време кога претседателот Владимир Путин се мачи да регрутира војници за својата армија додека руската инвазија на Украина продолжува во […]

ОИ: Пет ватерполистки од тимот на Австралија позитивни на Ковид


Париз  – Пет ватерполистки од женскиот тим на Австралија за Олимпијадата во Париз се позитивни на тестот за Ковид-19. Ана Меарс, шеф на делегацијата на австралискиот тим во Париз, рече дека случаите на Ковид се ограничени на тимот за ватерполо. Таа рече дека на засегнатите спортистки им е јасно да вежбаат кога се чувствуваат доволно […]

Изложба на ретки фотографии од семејни прослави од минатиот век на браќата Манаки


НУ Центар за култура и битолскиот Архив, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ промовираа ретки фотографии од семејни прослави, свадби, крштевки, народни собири, селски слави и други настани од минатиот век снимени со камерата на браќата Манаки. Камерата на неуморните трагачи по уникатен кадар, браќата Манаки, биле сведоци на многу од овие збиднувања, почнувајќи од […]

ЕУ е загрижена за влијанието врз судството во Македонија


  БРИСЕЛ – Северна Македонија спроведе неколку бранови на реформи во правосудството и усвои нова стратегија за правосудството со цел да се подобри независноста, ефикасноста и професионалноста на правосудниот систем, но сепак независноста на судството и институционалниот капацитет за негова заштита од несоодветно влијание претставуваат сериозна загриженост, се наведува во годишниот Извештај за владеење на […]

„Менуваме“: Додека децата играат баскет на физичко, слепото дете чува ранци – да се вратат специјализираните училишта


Инклузијата не вроди со плод, сметаат од Коалицијата „Менуваме“, па бараат враќање на стариот систем каде децата со оштетен вид, слух или говор и другите деца кои имаат некаква попреченост да учат во специјализирани училишта каде ќе имаат стручни лица кои ќе работит со нив, но и со нивните родители. Денеска,за таа цел беа на […]

Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“


На 25 јули (четврток),  во 20 часот,  во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски […]

Македонските Microsoft и Adobe шампиони, со поддршка на реномирани домашни компании патуваат на светскиот натпревар во Анахејм, Калифорнија


Најдобрите меѓу најдобрите средношколци, победници на националните натпревари за Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (ACP) ќе имаат уникатна можност да ја претставуваат Македонија на светските натпревари кои ќе се одржат од 28 до 31 јули во Анахејм, Калифорнија. Сердар Цветков, Леонид Петковски, Илина Арсовска и Огнен Бабунски ќе се натпреваруваат во категоријата […]

Франција домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година


Париз – На 142. седницата на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Париз, денес се прифати кандидатурата на француските Алпи за организација на Зимските олимписки игри во 2030 година. За гласаа 84 делегати, против 4, а воздржани 7. – ИОК ја има честа да објави дека Олимписките игри во 2030 година ќе се одржат на француските […]

Најмоќниот пасош за 2024: Има најголемо меѓународно влијание, а еве кој е на второ место


Сингапурскиот пасош штотуку е прогласен за најмоќниот патен документ во светот во кварталното рангирање на пасоши со најголемо меѓународно влијание. Следни пасоши кои се приближуваат до глобалната популарност на Сингапур се пасошите на Јапонија, Германија, Франција, Италија и Шпанија, кои заедно го заземаат второто место и чии граѓани можат да уживаат безвизно патување до 192 […]

Принцот Вилијам заработил над 23 милиони фунти во првата година како војвода од Корнвол


Лондон – Принцот Вилијам добил скоро 28 милиони евра на својата сметка за неговата прва година како војвода од Корнвол – имот и титула што ги наследи од неговиот татко, Чарлс Трети, кога кралот седна на престолот, објави порталот „Тијалото“. Војводството Корнвол го објави својот интегриран годишен извештај на 24 јули, откривајќи распределен вишок од 23,6 […]

Путин ѝ даде на Кина 18 милијарди долари со попусти за нафта


  Рекордните набавки на руска нафта наместо барели од другите земји производители на нафта ѝ донесоа бенефиции од милијарди долари на Кина, изјави извршниот директор на „Роснефт“, Игор Сечин, за време на шестиот руско-кинески енергетски бизнис форум. „Според нашите проценки, од јануари 2022 до јуни 2024 година, економскиот ефект за Кина од увозот на руска […]

Претставена првата слепа Барбика


Производителот Mattel ја претстави првата слепа кукла Барби. А на популарните кукли им се придружила црна Барбика со Даунов синдром. Двата модели се дел од колекцијата Fashionistas 2024. Американската компанија соопшти дека куклите ќе им овозможат на уште повеќе деца да ја најдат онаа што ги претставува и ќе ги инспирираат сите деца да раскажуваат […]

За ССМ барањата на Стопанската комора за ревизија на недела неработен ден се несериозни


 Сојузот на синдикати на Македонија најостро се спротиставува на барањето на Стопанската комора на Северна Македонија да се разгледува Законот за недела неработен ден. Во изјава за МИА, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов потсетува дека ССМ по пат на протести и штрајкови и преку социјален дијалог со Организација на работодавачи на Македонија и Владата го […]

Џон Галијано ја напушта Maison Margiela, каде ќе оди?


Биографијата на Џон Галијано е прилично легендарна – тој беше креативен директор во Живанши, Диор, Оскар де ла Рента и Мезон Марџела. Но, по една деценија во Марџела, изгледа дека е подготвен да ги промени работите и да го донесе својот креативен правец во друга луксузна модна куќа. Работата на Галијано во Марџела беше ништо […]

Од Берлути до Ралф Лорен: Олимписките игри во Париз во знакот на високата и уличната мода


Париз – Париз отсекогаш бил моден главен град на светот, родно место на класичните трендови и дизајнерските моќници. Оваа година, сепак, Градот на светлината ги плени модните критичари од друга причина – Летните олимписки игри 2024 година, кои се отвараат на 26 јули и ќе траат до 11 август 2024 година. Овој петок, церемонијата на […]

Ангелов: Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што треба


На системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа. Ако се спојат ЦУК и ДЗС, би се добила една функционална институција, но и специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална – летно време ќе гасне пожари, а истовремено може да спасува и луѓе ако се […]

Во автокамп во Охрид пронајдена дрога


Во вторникот, во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје.   При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле […]

МВР нема да „брка вештерки“, туку ќе гони криминал, вели Тошковски


  Министерството за внатрешни работи ќе ги процесуира сите постапки коишто ги има врз основа на докази и факти, за секој од оние коишто досега биле „недопирливи“ и чиешто име и презиме не смеело ни да се каже во рамки на истражните органи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со […]