Околу еден час се чека за влез во земјава на Табановце, а на Богородица од 30 до 40 минути


На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од земјава е од 30 до 40 минути, информира Авто Мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Фреквенцијата […]

Шабан Трстена со моќна порака за македонските олимпијци


Еден од најдобрите македонски спортисти на сите времиња, златниот олимпиец од Лос Анѓелес 1984, Шабан Трстена пред денешниот  официјален старт на Летните олимписки игри 2024 во Париз, испрати порака до спортистите кои ќе ја претставуваат Македонија на ЛОИ. Им посака успех на престојните Олимписки игри, повикувајќи ги сите млади спортисти силно да веруваат во својот […]

Наесен ќе стигнат дел од парите од унгарскиот заем, опозицијата изразува загриженост, ССМ со порака да не се повторат грешките


Наесен се очекува да стигнат дел од парите од унгарскиот заем од половина милијарда евра што го најави премиерот Христијан Мицкоски. Владата уверува дека целата постапка ќе биде транспарентна и го задолжи Министерството за финансии да изготви закон за заемот, а претседателот на СДСМ Венко Филипче изрази загриженост за ваквиот заем и побара законското решение […]

Втор ден расправа за Ребалансот на буџетот


Расправата за ребалансот на буџетот треба да продолжи денеска во рамки на собраниската Комисија за финансирање и буџет откако вчера на првиот ден од расправата се обрати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.  Во своето експозе, министерката за финансии посочи дека ребалансот е скроен согласно затекнатите состојби во Буџетот и дека се обезбедени средства за се […]

Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес


Во Скопје денеска со изложба и филмски проекции ќе биде одбележана 61. годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. Во Музејот на град Скопје вечерва  во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот […]

Четири нови имиња во новата сезона за РК Алкалоид


Ракометниот клуб Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона, а на стартот промовираше и четири нови засилувања. Марко Кизиќ (23 г. голман), долгогодишен репрезентативец на Македонија во сите категории кој ни доаѓа од редовите на РК Е. Пелистер, а зад себе има настапи и во РК Вардар 1961. Никола Костески (31 г., десно крило), искусен […]

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл


Париз – Надалеку одекна веста дека можеме да гледаме дерби во второто коло на Олимписките игри – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, уште еднаш како во старите добри времиња. Сепак, сега тој дуел не е сосема извесен бидејќи и пред двајца тенисери да го минат првото коло, еден од нив може да не се појави на […]

Мурал и награда во чест на актерската легенда Мето Јовановски


Пред Кинотека денеска во 11 часот ќе бидат претставени новоизведениот монументален мурал на актерот Мето Јовановски, како и наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот. Муралот е уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ. Како што е најавено, Советот на Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ и […]

Сончево и ветровито, температури до 35 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8 Во Скопје сончево со мала […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 26 јули 2024 година, 208-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 158 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 22 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути. Денов трае 14 часа и 36 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

„Тесла“ престана да гради фабрика во Мексико поради страв од царините на Трамп


Компанијата „Тесла“ минатата година најави дека ќе гради нова фабрика во Мексико, на локација во близина на границата со САД. Сепак, овие планови се чини дека заглавија поради можната победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, во разговор со инвеститорите оваа недела рече дека изградбата на фабриката […]

МВР ја „тресе“ Академијата за судии и јавни обвинители


По наредба на судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, МВР влезе во Академијата за судии и јавни обвинители за да истражува можни злоупотреби. „Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители“ – соопштија од […]

Утре одлука за цената на парното – ќе плаќаат ли скопјани поевтино парно?


Одлуката за цената на парното греење од Регулаторна комисија за енергетика треба да се објави во текот на утрешниот ден, при што се очекува таа да се намали. Во моментов се разгледуват барањата на трите енергетски компании и се одлучува што ќе им биде прифатено за трошок, а што не. Компаниите се произнесоа со барања […]

Кавадарчанец на докторски студии по физика во САД истражува примена на квантна физика во финансиски сектор


Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски студии по физика во САД, ја истражува примената на квантна физика во финансиски сектор. За овој 28 – годишен докторант денеска е објавена статија на универзитетската веб страница.   – Како дел од докторските студии по физика на Браун универзитетот, летово стажирам во голема инвестициона фирма во Бостон, Масачусетс. Со […]

Гутереш: Човештвото е жртва на екстремна топлотна епидемија


 Човештвото е жртва на „екстремна топлотна епидемија“, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повикувајќи на мерки за ограничување на влијанието на топлотните бранови кои се зголемуваат поради климатските промени. – Ако има едно нешто што го обединува нашиот поделен свет, тоа е што станува се потопол … Милијарди луѓе се соочуваат со епидемија […]

Два земјотреса попладнево во Беровско-делчевскиот крај


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 km југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е […]

МВР: На 1 и 2 август да не се користи делницата Прилеп – Крушево


Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на одбележувањето на државниот празник 2 Август, Денот на Републиката, Илинден, на 1 и 2 август 2024 година да ги користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат […]

Зошто модата и спортот прават добар олимписки тим


Париз– Модата ја започнува својата игра – и изгледа добро. Стилот и спортот одат заедно долго време, но Летните олимписки игри во Париз, почнувајќи од петок, ќе понудат потсетник за тоа колку е добар парот. Бидејќи младите од светот се собираат за да се натпреваруваат во Градот на светлината, модата добива невообичаено големо парче од […]

Без струја утре делови од општините Чаир и Карпош


Без електрична енергија утре од 06:00 до 09:00 часот  ќе останат корисниците од улицата „Самарџиска“ во Старата Скопска Чаршија во општина Чаир,  а од 08:30 до 14:30 часот делови од улиците „Атинска“, „Борка Талески“ и „Рузвелтова“ во општина Карпош. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето […]

Луксузната вила на Бреговиќ на Јадранот сега е достапна за туристите. Ноќевање – 1.400 евра


На платформите за изнајмување се појави вилата на Горан Бреговиќ во Пераст, Црна Гора. Вилата за која српските медиуми пред десетина години пишуваа дека Бреговиќ им ја купил на своите ќерки, во шпицот на сезоната (јули и август) се издава за нешто повеќе од 1.400 евра од ноќевање, пишува Индекс. „Се наоѓа на само 400 […]