Димитриевски: МАНУ им припаѓа на сите


Максим Димитриевски, лидер на Движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија, реагираше околу иницијативата на Вреди  за формирање Академија на науките на Албанците во Македонија и порача дека науката не смее да се етницира. -Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на […]

Лавров: Целта на Израел да го елиминира Хамас не е реална


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека уништувањето на Хамас е нереална цел за Израел. Зборувајќи со новинарите за време на посетата на Малезија, Лавров рече дека „на крвопролевањето во Газа не му се гледа крајот“. „Израел преку Нетанјаху вели дека војната нема да заврши додека Хамас целосно не се искорени. Според […]

Либан бара меѓународна истрага за ракетниот напад врз Голанската висорамнина


Либан денеска повика на меѓународна истрага за ракетниот напад врз Голанската висорамнина, за што Израел го обвини Хезболах и предупреди дека израелскиот напад врз Либан може да предизвика регионален конфликт. Израел соопшти дека 12 деца на возраст меѓу 10 и 16 години се убиени, а 30 лица се повредени од ракета истрелана од Либан врз […]

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното


Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре најави прес-конференција на која, како што наведува, тема ќе биде цената на парното. Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април, а на системот за парно греење во Скопје се приклучени 63 000 домаќинства. Од нив, најмногу 58 000 се на системот на ЕСМ или […]

Меџити негира дека Ејлјеса Назири има кривична пријава за насилство, а е предложен за директор


 Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити  порача денес дека не е точно дека Елјеса Незири, предложен за директор на Државниот завод за индустриска сопственост, има кривична пријава за насилство. -На ДУИ никој не им се закануваше додека беа власт, така што нема никаква логика некој да им се заканува сега, кога се […]

Меџити: Се додека граѓаните сакаат да се занимаваат со наука и истражување, не треба да се плашиме


Се додека граѓаните во државата, без разлика од која етничка припадност се, сакаат да се занимаваат со наука, истражување, не треба да се плашиме. Одиме кон прогрес, одиме кон еволуција, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во Парк – шумата Гази Баба, каде почна кампањата на Министерството за животна средина […]

ВМРО-ДПМНЕ ја брани Божиновска: Од кога долг кон компанија е кривично дело?


СДСM наместо да биде конструктивна опозиција,  решиla  да служи на енергетската мафија во државата, порача ВМРО-ДПМНЕ по тврдењата на СДСМ дека министерката Сања Божиновска не платила еден милион евра долг на МЕПСО. -Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната […]

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах


Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека има „секакви индикации“ дека ракетата што ја погоди Голанската висорамнина била лансирана од Хезболах, јави Би-Би-Си. Блинкен, исто така, рече дека САД стојат зад правото на Израел да ги брани своите граѓани и додаде дека прекинот на огнот во Газа би бил можност да се донесе трајно смирување […]

Под слоганот „Борбата трае“ ќе се одбележи 2 Август – Денот на Републиката


Под слоганот „Борбата трае“ годинава ќе биде одбележан еден од најголемите национални празници во Република Северна Македонија, 2 Август – Денот на Републиката.   -Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2 Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. […]

Македонците во Албанија незадоволни што ќе нема загарантирани пратенички места за малцинствата


По неприфаќањето на барањата на малцинствата во Албанија за гарантирани пратенички места, реагираше и Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, изразувајќи длабоко разочарување и порачувајќи дека ќе продолжат да се борат за правата и за изборен систем кој гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани. -Изразуваме длабоко разочарување и огорченост на одлуката на албанскиот законодавен […]

Македонија бара влез во единствениот европски платежен пазар СЕПА


 Доставувањето на барањето за членство во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА e историски исчекор, којшто ќе донесе голем број придобивки, бидејќи ќе овозможува пристап до европскиот платежен систем и користење на придобивките од тој систем пред земјата да стане членка на ЕУ, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската радио телевизија. Според неа значајно ќе се […]

ВМРО-ДПМНЕ контра Вреди: Во академија не се членува според етничка припадност


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на најавите од Вреди дека ќе создадат Албанска академија по примерот на МАНУ.  „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници. Како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или […]

Светска премиера на „Кралот Лир“ со театар од Санта Барбара на „Охридско лето“


Вонвременскиот Шекспир и неговиот „Крал Лир“ повторно на програмата на „Охридско лето“, но овојпат во продукција специјално подготвена за фестивалската  публика и наменски осмислена за да се игра во неповторливиот амбиент на Предворјето на „Света Софија“. Во рамки на американската вечер на „Охридско лето“, вечерва од 21 часот, на сцената на Предворјето на „Света Софија“ […]

Брако и Феро Инвест/Централ Инвест го чистеа езерото Младост, за еден ден извлекоа 60 тони штетен отпад што ќе стане биогас


 По допрен глас од медиумите до сопствениците на БРАКО и ФЕРО ИНВЕСТ/ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, кои имаат сопственост и во биогасната електрана Биоентерпрајз во Сарамзалино, општина Лозово, испратија цистерна за собирање на штетната материја која се наоѓа на површината на велешкото езеро Младост и нејзино пренесување во биогасната електрана, за таму да се истури во т.н. дигестор […]

Фирма на Божиновска должела речиси еден милион евра на МЕПСО


СДСМ објави, како што велат, скандал со фирма на министерката Сања Боѓивонска која им должела речиси еден милион евра на МЕПСО. „Божиновска која важи за партнер на Мицкоски во енергетика премиерот ја претстави како врвен експерт и менаџер во оваа индустрија. Божиновска која криеше и се уште крие дека има бугарски пасош, крие и многу […]

Левица најавува организирана борба ако недела стане работен ден


Според информациите во јавноста кои протекоа од дијалогот меѓу Стопанската комора на чело со олигархот Азески и премиерот Мицкоски, десничарската влада ДПМНЕ-ЗНАМ е во анти-работничка офанзива со цел недела повторно да добие статус на работен ден! Наместо да го заштити интересот на работниците, Премиерот, којшто лета во бизнис класа (затоа што има болки во колената), […]

Лефков го повика Обвинителството да го гони Дрин Ахмети „експедитивно“


„ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата. Ахмети свесно ја оштетил државата, ја ограбил“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:   „ЈО не смее да остане под притисок на поранешната власт на […]

Голем помор на риба во Вардар кај Градско


олем помор на риба и останатиот жив свет во Вардар кај Градско утрово во 4:30 часот се случи пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во Градско. Како што информира за МИА Даниел Наумоски од ЗСР „Бабуна“ Велес за поморот тој бил рано утрово бил известен од својата рибочуварска служба во Градско […]

Академијата на Вреди е понижувачка за Албанците, смета ДУИ


Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека иницијативата на лидерите од коалицијата „Вреди“ за општинско финансирање на здружението „Албанска академија на науките и уметностите“ е идеја која ги понижува Албанците. Од ДУИ денеска преку соопштение велат дека „Вреди“ требало да го преземе управувањето на Македонската академија за науките и уметностите (МАНУ), а не, како што […]

Претседателски избори во Венецуела


 Во Венецуела денеска се одржуваат претседателски избори на кои гласачите ќе одлучат дали актуелниот шеф на државата Николас Мадуро ќе добие трет последователен мандат. Мадуро на изборите го предизвикува поранешниот дипломат Едмундо Гонзалес Урутија, кој ја претставува опозицијата, и уште осум други кандидати. Право на глас во Венецуела имаат повеќе од 21 милион граѓани, меѓутоа, […]