Калтрина Зеколи Шаќири ја презеде функцијата заменик министер за транспорт и врски


Калтрина Зеколи Шаќири и официјално ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски, соопштија од Демократско движење. Од таму додаваат дека од стапувањето на функцијата, заменик министерката ја изрази својата длабока посветеност да работи максимално и да придонесе за развој на инфраструктурата и врските во нашата земја. „Чест ми е што ја […]

Тејлор Свифт ја изведе оваа песна во живо за прв пат досега на европската турнеја


Минхен – Тејлор Свифт им подари на фановите изведба на турнејата Ерас за паметење за време на нејзиното последно шоу во Минхен! На нејзиниот концерт во германскиот град во неделата, 28 јули, 34-годишната суперѕвезда, пред 75 илјадна публика на стадионот, за прв пат изведе песна во живо за време на сегментот на тајните песни од […]

Кедев повторно на врвот на светот – го освои и Г2


Уште еден успех на кардиологот Сашко Кедев во неговата мисија да си искачи сите врвови со надморска височина поголема од 8.000 метри, јави Imagine Nepal. Тој го искачи Гашербрум II (Г2) со надморска висина од 8.035 метри и е тринаести највисок врв на планетава. Congratulations to Sashko Kedev #Macedonia and @Imaginetrek team for summiting Gasherbrum […]

Мултинационалните компании ќе добиваат субвенции за вложената добивка кај нас, ќе се намали и данокот на добивка


Намалување на даноците може да се очекува, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски. Прв чекор во овој правец, рече, ќе биде данокот на добивка. Тој информира и дека ќе добијат субвенција сите мултинационални компании што планираат добивката од 50 милиони евра плус да ја консолидираат во земјава.  -Апсолутно. Во периодот што следи ја анализираме и таа […]

Лејди Гага во Париз откри дека Мајкл Полански е нејзин свршеник


Париз – Свадбените ѕвона може наскоро да бијат за Лејди Гага. Актерката и пејачка го претстави Мајкл Полански, нејзиниот четиригодишен дечко, како „мој свршеник“ на францускиот премиер Габриел Атал, кого Лејди Гага го запозна додека присуствуваше на олимписки натпревар во пливање во неделата. Оскаровката беше во Париз за време на викендот за да настапи за […]

Трамп и Харис влегоа во спринт од 99 дена откако изборната трка се измени


  Пред едвај една недела, чувството на неизбежност надвисна над претседателските избори во САД. Сојузниците на Доналд Трамп радосно предвидуваа убедлива победа за време на републиканската национална конвенција која повеќе се чинеше како крунисување на кандидат кој штотуку преживеа обид за атентат и ветуваше дека ќе ја обедини земјата. Демократите, очајни и безволни, се плашеа […]

Од каде ќе се користи варовник за „Бехтел и Енка“: Се бара решение за рударскиот коп кај Ореовец


Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со протестот на жителите од прилепските Ореовец, Крстец и Плетвар кои се против отворање на рударскиот коп во близина на селото Ореовец од страна на фирмата „Бехтел и Енка“, најави дека ќе се бара решение за овој случај. Напомена дека досега единственото решение е да […]

Признание за директорката Поповиќ за промовирање на американската култура на „Охридско лето“


 Амбасадата на САД во Скопје,  синоќа, во рамките на Американската вечер на програмата од Фестивалот „Охридско лето“, на директорката Наташа Поповиќ и додели Признание за големи достигнувања и соработка во промовирањето на Американската уметност и култура во Република Северна Македонија. Ова високо признание е одобрено со печат од Стејт департментот во Вашингтон. Агуста Филбин, Американската […]

Како дизајнерите во подем триумфираа на отворањето на Олимпијадата во Париз 


Париз – Како врвен партнер на Олимписките игри во Париз во 2024 година, луксузниот конгломерат LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton беше сеприсутен на церемонијата на отворањето, но глобалниот телевизиски настан обезбеди подеднаква изложеност на независните француски модни брендови кои работат со минимален буџет.   Дафне Бурки, директорката за стајлинг и костими на церемонијата на отворањето, […]

Во ЕУ рекорден број измами поврзани со маслиновото масло


Рекорден број потенцијални измами и случаи на погрешно означување на маслиновото масло се забележани во првиот квартал од годинава во земјите од Европската Унија. Цената на маслиновото масло е повеќе од двојно зголемена во однос на 2018 година поради различни фактори, повеќегодишната суша и маслиновите насади погодени од екстремните временски услови. Како што растеше цената, […]

Бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ и еластографија за хронични црнодробни заболувања


Министерството за здравство заедно со Клиниката за гастроентерохепатологија и „Хепар центар“ – Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, започнаа заедничка национална кампања за бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и за ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања. Министерот за здравство Арбен Таравари ја посети мобилната единица во […]

Средба Ангеловска-Бежоска – Гир: Членството во СЕПА еден од приоритетите на ЕУ за побрза интеграција на Западен Балкан


Членството во СЕПА е еден од приоритетите на Европската унија за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан, констатирале гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска со амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Како што соопшти денеска Народната банка, амбасадорот Гир ги поздравил напорите на Народната банка за поднесување на барањето за членството во СЕПА […]

Започна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


 Комисијата за финансирање и буџет денеска во Собранието на Република Северна Македонија ја почна амандманската расправа за ребалансот на Буџетот откако во саботата заврши општата расправа која траеше три дена. Поднесени се 58 амандмани.  Во текот на општата расправа власта и опозицијата беа со различни ставови и обвинувања. Пратениците од владејачките партии обвинија дека минатата […]

Општина Центар со засилени контроли – не може маси до сред улица!


Општина Центар согласно своите надлежности, започна со вонредни инспекциски надзори и контроли на правни субјекти што функционираат на територијата на општината, а коишто користат јавна површина за поставување на урбана опрема. Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ги спроведува ваквите контроли, со цел спречување на поставување и отстранување на нелегално поставена урбана опрема. Правните […]

Ампева: „Гласен синдикат“ нотираше кршење на работнички права во Штип, Битола, Свети Николе и Македонска Каменица


 „Гласен синдикат“ изминатиот период евидентираше кршење на работнички права во Штип, Битола, Свети Николе и Македонска Каменица. Кристина Ампева претседател на „Гласен синдикат“ на денешната прес-конференција рече дека дел од работодавците не го почитуваат Законот за недела неработен ден. – Во Македонска Каменица имаме случај работниците да работат по 3 пати во неделата по 11 […]

Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга „Итно Копче”


Општина Кисела Вода и Црвениот Крст денеска објавија јавен повик на кој може да се пријават заинтересираните за користење на услугата „Итно Копче”. Како што соопштија од Општината, станува збор за аларм уред поставен на нараквица, кој на повозрасните и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да искомуницираат со оператор или […]

Мицкоски: Сите Македонци ќе ги искинат бугарските пасоши на првиот ден кога ќе бидеме дел од ЕУ


Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашањето дали ќе побара сите македонски државјани кои имаат бугарски пасоши да се откажат од нив, рече дека тој не може да се меша во индивидуалните одлуки на граѓаните. „Јас не можам да се мешам во одлуката на граѓанин да земе или не бугарски пасош. Јас имам информација дека од […]

Од полноќ поевтинуваат бензините


Од полноќ се намалуваат цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 за половина денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од […]

Се намалува цената на парното


Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика. За деловните корисници и училиштата поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и […]

Јапонка освои олимписко злато на 14 години


Уличниот скејтбординг е спорт во кој доминираат тинејџери, а Коко Јошизава, на Олимписките игри во Париз освои златен медал и со 14 години стана трета најмлада натпреварувачка со злато во историјата на Летните Олимписки игри. Јошизава, родена на 22 септември 2009, собра 272,75 поени од нејзините три најдобри возења. Лиз Акама, која има 15 години, […]