Мажите бегаат од Украина за да го избегнат фронтот: „Не сум создаден за војна“


Дмитро едвај ја чека есента, кога му ветиле бегство од Украина. Во текот на изминатиот месец, 31-годишниот фотограф од Харков, вториот по големина град во Украина, беше заробен во својот стан и ретко излегува. Тој сака да избегне да биде регрутиран во војска. „Сакам да ја напуштам земјата. Не поднесувам повеќе да бидам заробен овде“, […]

Спој на технологија и дизајн, еве зошто „Ephesus Experience“ е најдобар музеј во светот


Турскиот музеј „Ephesus Experience“, лоциран во античкиот град Ефес, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО, освои престижна награда на Mondo-Dr Awards, една од најистакнатите светски награди во областа на технологијата, дизајнот и изложби. Музејот за искуство на Турција остави свој белег во светот во категоријата „Најдобар музеј“. Наградите Mondo-Dr, организирани од списанието MONDO-DR […]

Прекинато водоснабдување за дел од корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ и дел од село Драчево


 Поради дефект на приклучна цевка од Ф – цол на ул. „Солунска глава“ 8 во Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улиците „Солунска глава“, „Сердарот“ и дел од село Драчево. ЈП Водовод и канализација-Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Орбан пристигна во Киев, ден откако Унгарија го презеде претседателството со ЕУ


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во посета на Киев, негова прва од почетокот на војната во Украина, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Посетата на Орбан следи еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ. Орбан ќе се сретне со Зеленски и други високи претставници во Киев само неколку дена […]

Роналдо по пласманот во четвртфиналето на ЕП 2024: Необјасниви моменти


Франкфурт – Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо на социјалните мрежи реагираше на прогресот на тимот во четвртфиналето на Евро 2024.  Португалците синоќа ја совлада Словенија на пенали 3:0 во осминафиналето. -Необјасниви моменти. Да дадеме сѐ од себе! Благодарам – напиша Роналдо. Во четвртфиналето на Евро 2024, репрезентацијата на Португалија ќе се сретне со селекцијата […]

На „Богородица“ за излез од земјава се чека 40 минути, на „Табановце“ за влез околу 30 минути, стартуваше летниот времен режим на сообраќај за камиони


На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од земјава е околу 40 минути. На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, време на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Бајден: Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден, по одлуката на американскиот Врховен суд со кој на Доналд Трамп и на другите претседатели им даде широк имунитет од кривично гонење, рече дека пресудата го поткопува владеењето на правото. Судската одлука прави речиси сигурно дека Трамп нема да се соочи со судење во Вашингтон пред ноемвриските избори, на […]

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер од над 70 километри на час […]

ЕВРО2024: Португалија ја совлада Словенија на пенали за четвртфинале


Франкфурт– Португалија на драматичен начин обезбеди синоќа пласман во четвртфиналето на ЕВРО2024, совладувајќи ја Словенија на пенали со 3-0, откако натпреварот во Франкфурт во регуларниот дел и по двете продолженија заврши без голови. Херој на португалската репрезентација беше голманот Диого Кошта, кој ги одбрани сите три удари од белата точка на словенечките фудбалери. Претходно, во […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 2 јули 2024 година, 184-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 182 денa.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Соларен мост меѓу Европа и Америка: Се планира најдолгиот подморнички интерконектор во светот


Тројца европски бизнисмени предлагаат инсталирање на подводен енергетски интерконектор кој би ја поврзал Европа со Северна Америка. Тој би бил најдолг во светот и би пренесувал обновлива електрична енергија од еден континент на друг во зависност од тоа каде сјае сонцето во даден момент. Трансатлантскиот интерконектор, кој сè уште е само идеја, би се состоел […]

Жена го претепала сопругот, па го обвинила за закани


Во неделата, во 10.20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје. Имало претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје. Претходно, во 15:20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава […]

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ


Сметам дека е навреда на членовите некој да смета дека некој може да им влијае на тоа како ќе гласаат, рече новиот претседател на СДСМ Венко Филипче во врска со обвинувањата дека изборниот процес во партијата бил нелегитимен. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Филипче ваквите обвинувања ги нарече некоректни и потценување на членовите на […]

Исчезна млад скопјанец со здравствени проблеми


В.С.(52) од Скопје на 30.06.2024 во 18:40 часот во СВР Скопје, пријавила дека од домот на подрачје на општина Аеродром во Скопје се оддалечил нејзиниот син М.С.(25) од Скопје. Мајката пријавила дека тој имал здравствени проблеми. Според пријавеното, тој и претходно се оддалечувал и бил враќан дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Проект на ЗКРСМ и на амбасада на Словенија „Образување и економско зајакнување на жените“


Занаетчиската комора (ЗКРСМ) и Aмбасадата на Словенија реализираат проект „Образување и економско зајакнување на жените“, информираа денеска од ЗКРСМ. Преку проектот ќе се обезбедат обуки и менторство за жени кои сакаат да ги развијат своите вештини и да започнат или унапредат свој бизнис и да се зајакнат жените од ранливите групи (невработени жени, самохрани мајки, […]

Бугарски „Фактор“: Министерката Сања Божиновска раководеше со компанија во Бугарија со милионски промет


  Бугарски медиум „Фактор“ денеска во подолг текст се осврнува на изборот на Сања Божиновска за министерка за енергетика во новата македонска влада, предводена од, како што пишуваат „бугаромразецот Христијан Мицкоски“. Во текстот се наведува дека Божиновска била дел од огромната деловна структура поврзана со Србија, Москва и Кина, како и дека раководела со компанија […]

ЕВРО2024: Спречен влез на 37 хулигани


Полицијата во германската покраина Баварија, која патролира на границите со Австрија и Чешка, спречи влез на 37 лица осомничени дека се агресивни фудбалски хулигани, соопшти денеска полицијата во Минхен. Дополнителните гранични контроли беа повторно воведени на 7 јуни по повод Европското фудбалско првенство. Други 186 лица беа уапсени на граничните премини, откако е утврдено дека […]

Франција со гол пред крајот ја совлада Белгија и се пласираше во четвртфиналето на ЕУРО2024


Во дербито на осминафиналето на Европското првенство, фудбалерите на Франција ја совладаа Белгија со резултат 1:0 и со тоа се пласираа во четвртфиналето од натпреварувањето на најдобрите селекции на Стариот континент. Натпреварот беше отворен со поголем посед на топка за Франција, која повеќе сакаше да стигне до голот отколку Белгија. „Црвените ѓаволи“ од старт сакаа […]

Јаневска најавува враќање на дигнитетот и достоинството на наставниците


Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска, на отворањето на Синдикалните спортски игри на СОНК во Струга, имаше видео обраќање во кое вели има големи планови врзани со подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес, како и враќање на дигнитетот и достоинството на наставниците. – Сакам да знаете дека вие ќе ми бидете […]

Платете ги долговите кон „Водовод“ до 31 јули и нема да имате камата


„ЈП Водовод и канализација“ – Скопје спроведува акција за отплата на долговите за вода. Ако граѓаните ги платат сметките до 31 јули нема да им се пресметува камата за задоцнето плаќање „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати […]