Нa Табановце и Богородица за излез од земјава се чека 30 минути


Нa граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од земјава. Времето на чекање е околу 30 минути, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Трамп има убедливо водство пред Бајден во новите анкети на „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит Џурнал“


Вашингтон – Републиканскиот кандидат Доналд Трамп има значителна предност пред претседателот Џо Бајден во трката за Белата куќа откако двајцата кандидати дебатираа минатата недела, покажаа одделни анкети објавени вчера од Њујорк Тајмс и Волстрит џурнал. Бајден вети дека ќе остане во претседателската трка во 2024 година за време на вчерашните разговори со изборниот персонал и се […]

Промоција на романот „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, денеска, ќе се одржи промоција на романот „Последното име на иднината“ од македонскиот писател Живко Грозданоски во превод на бугарски јазик од Маријан Петров, а во издание на Books4All. За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот […]

Предизвици и дилеми по најавата за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители


Најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители деновиве предизвика дискусија колку тоа ќе влијае на судската власт.   Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева смета дека не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност која точно ќе биде детектирана и санкционирана.  – Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој […]

Зеленски: Ме интересира како точно Трамп би ја завршил војната за 24 часа


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би сакал американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да му објасни како точно би ставил крај на војната во Украина за само 24 часа. – Ако Трамп знае како да го заврши војната, нека ни каже денес, изјави Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг. – Ако е загрозена […]

Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. UV=7 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 4 јули 2024 година, 186-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 180 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 4 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Мицотакис го исфрли од партијата пратеникот кој му се заканувал на вработен на аеродромот


  Грчкиот обвинител во средата нареди истрага против пратеникот на владејачката партија Нова демократија, Лефтерис Авгенакис, кој беше фатен на камера како напаѓа вработен на аеродромот. Премиерот Кирјакос Мицотакис го упати Авгенакис до етичкиот комитет на Нова демократија, препорачувајќи да биде исклучен од партијата, што и се случи. Авгенакис, во меѓувреме, рече дека нема да […]

Во Скопје, Тетово и Куманово набрзо ќе биде ставен во функција системот „Безбеден град“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека системот „Безбеден град“ многу набрзо ќе биде ставен во функција, и тоа првично во Скопје, Тетово и Куманово.  – Сите сакаме ред, кој не сака ред? Сите сакаме да има ред, сите сакаме да спиеме навечер без да има гласна музика, сите сакаме да имаме мир без […]

Џо Бајден не мисли да се откажува од трката


  Пркосниот претседател Џо Бајден во средата вети дека ќе продолжи да се кандидира за реизбор, отфрлајќи го зголемениот притисок од демократите да се повлечe откако катастрофалниот дебатен настап покрена прашања за неговата подготвеност. Но, како застрашувачки знак за претседателот, водечки сојузник јавно предложи начин партијата да избере некој друг. „Дозволете ми да го кажам […]

Илјадници луѓе во Тирана му оддадоа почит на Исмаил Кадаре


  Илјадници Албанци се собраа во Тирана за да му оддадат почит на најпознатиот романсиер во нивната земја, Исмаил Кадаре, кој почина во понеделникот по срцев удар. Знамињата се вееја на половина копје додека ковчегот на 88-годишниот писател и поет лежеше во влезниот хол наТеатарот на операта и балетот на плоштадот Скендербег, опкружен со офицери […]

Германска компанија ги продава правата на вакцините против Ковид и грип


Германска биотехнолошка компанија Curevac во средата објави дека ќе укине речиси една третина од своите работни места и ќе ги продаде правата за вакцини против Ковид и грип за да ги намали трошоците и да се фокусира на примена на технологија заснована на гласник РНК за третмани за рак. Почнувајќи од следната година, Curevac планира […]

Без вода утре улиците „Франклин Рузвелт“ и „Ристо Равановски“


 Без вода утре од 08:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“ и „Ристо Равановски“.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„Франклин Рузвелт“ раскрсница со бул.„Партизански Одреди“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Централна банка на Албанија ја намали основната каматна стапка на 3 отсто


Централна банка на Албанија ја олабави монетарната политика, намалувајќи ја основната каматна стапка за 0,25 процентни поени за првпат од март 2022 година, објавија албанските медиуми. -Основната каматна стапка сега изнесува 3 отсто. Позитивните перформанси на економијата и падот на инфлацијата се главните причини за ваквата одлука. Достапните податоци сугерираат дека албанската економија продолжува да […]

Манчестер Јунајтед отпушта 250 луѓе за да го оптимизира буџетот


Англискиот клуб Манчестер Јунајтед предложил укинување на 250 работни места како дел од програмата за отпуштања во целиот клуб, изјави извор близок до раководството, цитиран од англиските медиуми. Одлуката ќе влијае на сите нивоа, одделенија и структури на клубот со исклучок на неговата добротворна организација, Фондацијата Манчестер Јунајтед, се додава во информацијата. Кратењата, првпат објавени […]

Општина Бутел со помош од три милиони денари за граѓаните кои претрпеа штети од невремето


На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за помош во износ од три милиони денари, за граѓаните кои претрпеа штети од невремето во општина Бутел. Како што денеска соопштија од Општината, средствата во износ од три милиони денари ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет и ќе биде формирана комисија […]

Андоновски: Македонија да не биде повеќе последна во дигитализација во Европа


Нашата визија е целосна дигитализација на јавните услуги, комплетирање и целосно интегрирање на системот е-услуги, подобрување на капацитетот на јавните институции за испорака на ефикасни е-услуги, подигнување на дигиталната писменост на граѓаните и деловните субјекти за користење на е-услуги и зголемено користење и запознавање на граѓаните со овие услуги, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација, […]

Во Скопје утре ќе се прска против комарци


 Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.  На подрачјето на градот Скопје во раните утрински часови ќе се изврши авионската дезинсекција, додека во текот на денот ќе се изврши терестричната дезинсекција против ларви од комарци. Доколку временските услови не […]

Тошковски: За најмногу два месеци ќе се нормализира процесот на вадење патни исправи


 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека може да се очекува најмногу за два месеци да се нормализира процесот на издавањето на патни исправи односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок од 15 дена. Во интервју за Топ Тема на ТВ Телма, Тошковски рече дека најмногу 80 дена се […]