СДСМ тврди: Македонија станува див запад, има се повеќе нерачистени убиства


СДСМ реагира на бројот на нерачистени убиства во земјата откако контролата над МВР ја има владеечката партија ВМРО-ДПМНЕ.  -Изминаа шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со МВР, а Панче Тошковски е министер. За овие шест месеци, Македонија се претвори во Див Запад, опасно место каде секојдневно се случуваат убиства, палење на автомобили и насилство кое останува […]

Орбан сега отиде на самит во Азербејџан, ЕУ се оградува


Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го потсети унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој учествува на самитот на Организацијата на туркофонски земји, дека тој ја претставува само својата земја, а не ЕУ. Унгарија претседава со оваа организација во следните шест месеци, наведе Бета. Борел во вчерашната изјава нагласи дека […]

Симовски: Имаше јаки притисоци на Бугарија пред пописот во Албанија


Дел од населението во Албанија на пописот се изјаснија како Бугари откако имаше интензивни активности од Бугарија. Ова е ставот на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски кој смета дека тоа не е пропуст на Албанија и вели дека сепак попис може да се повтори. Секаде во светот во земјите во кои се […]

Сите 18 пожари на отворено се изгаснати


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека сите18 пожари на отворено во последното деноноќие се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема.  Пожарите на отворено беа во општините: Гази Баба три пожари, покрај ул.„Зендел Џемаили“ (ниска вегетација и ѓубре), кај с.Идризово (ниска вегетација) и кај с.Смилковци(ѓубриште); Аеродром во реон на Долно Лисиче(ниска […]

Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк


На 12 локации во источна Украина продолжуваат тешки борби, соопштија синоќа во Киев украинските воени лидери. Украинскиот Генералштаб во својот редовен вечерен рапорт наведе дека „ситуацијата е најлоша во областа Покровское, иако непријателот беше активен и во правец на Лиман и Кураково“, пренесе Хина. Трите наведени града се наоѓаат во источниот украински регион Доњецк, каде […]

Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам


Неколку илјади лица синоќа демонстрираа во Барселона против прекумерниот туризам и неговите последици врз секојдневниот живот во главниот град на шпанската провинција Каталонија, кој секоја година го посетуваат милиони посетители, пренесуваат француските медиуми. Според полицијата, околу 2.800 лица излегле да демонстрираат под слоганот: „Доста! Да го ограничиме туризмот“, барајќи промена на економскиот модел на градот, […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во интерес на крупниот капитал, а не на работниците


СДСМ ја обвини актуелната владеечка партија дека дала уште едно лажно ветување – дека ќе ја зголеми минималната плата – а сега праќа праќа пораки дека пари нема и дека треба да ги испружиме нозете колку што ни е долга чергата. -ВМРО-ДПМНЕ во својата прогама ветуваше дека во првите 100 дена ќе ја покачи минималната […]

Израелците денес на протест, сакаат нови избори


Во Израел за денеска се најавени протести на кои групи антивладини активисти ќе бараат распишување избори. Активистите најавија дека ќе ги блокираат главните патишта, а протестите треба да завршат со масовни антивладини демонстрации пред седиштето на израелската армија во Тел Авив, пишува „Џерусалим Пост“. Протестите се одржуваат на денот кога пред девет месеци палестинската милитантна […]

Негирачи на холокаустот, обожаватели на Путин и расисти се тркаат на листата на Ле Пен


ПАРИЗ – Во изминатата деценија, француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен направи извонредни напори за да ја ослободи нејзината партија Национален собир од нејзината репутација за расизам и ксенофобија – вклучително и со отпуштање на сопствениот татко и отфрлање на историското име на партијата. Но, обидите на Ле Пен да прикаже полиран, мејнстрим-пријателски фурнир […]

Бошко Грујоски избран за в.д. директор на Кинотека


Изминатава недела Кинотеката на РС Македонија доби нов в.д. директор – Бошко Грујоски, кој доаѓа на местото на претходниот в.д. директор Бојан Станишиќ.   Грујоски повеќе од 15 години е дел од тимот на Кинотеката, и веќе бил на директорската позиција претходно, во периодот во 2016 и 2017 година. На менаџерската позиција доаѓа од Одделението […]

Грејс Џонс под ѕвездено небо – Скопје звучеше како светска метропола (галерија)


Скопје синоќа беше музички центар во регионот – повеќеилјадна публика од Македонија и од соседството ја имаа уникатната можност да ја видат и слушнат под ѕвездено небо светската музичка ѕвезда Грејс Џонс на стадионот на АРМ која и во седмата деценија изгледа и звучи спектакуларно. Вечерта се измешаа фудбалската и музичката еуфорија, и се чини […]

Денес втор круг избори во Франција, ќе добие ли земјата екстремно десничарска влада?


Во Франција денеска се одржува вториот круг од парламентарните избори, на кои се предвидува победа на екстремната десница, но со недоволно мнозинство за формирање влада. Евроскептичната, антиимигрантска партија Национален собир (РН) на Марин Ле Пен беше најуспешна во првиот круг од изборите со освоени над една третина од гласовите, што го отвори патот за првата […]

Тошковски и објави војна на нелегалната трговија со дрога


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога – Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво. Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога […]

Денес сончево и многу топло – до 38 степени


Синоптичарите за денеска најавуваат претежно сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево, тивко и топло. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе […]

ЕВРО2024: Холандија со пресврт во полуфинале


Берлин – Холандија е последниот полуфиналист на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во возбудливо четвртфинале во Берлин ја совлада Турција со 2-1 (0-1). Самет Акајдин ја донесе Турција во водство во 35 минута, а Арда Ѓулер на средина од второто полувреме пропушти голема шанса да го удвои водството, откако неговиот удар ја погоди стативата. Казната дојде […]

Села уште го чека исходот на судската битка за печатите на Алијанса за Албанците


  Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, денеска одговорајќи на новинарско прашање за тврдењата на Арбен Таравари дека ги има печатите, одговори дека уште сѐ чека на исходот во врска со печатите на партијата. „Вие сте ги слушнале изјавите на Тараври дека вршиме притисоци. Јас прашувам кој е тој што врши притисоци? Алијанса за […]

Македонија на самитот на НАТО ќе ја претставува премиерот Мицкоски


  Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска патува за САД, каде ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, на кој Алијансата одбележува 75 години од формирањето. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во видео објавено на својот Фејсбук профил, порача дека настанот е одлична прилика да го „демонстрираме единството на сите сојузници и заемни […]

Антикорупциска ќе испитува дали именувањето в.д. директори е законско


  Именувањето на десетици в.д. директори на јавни институции и во здравството се најде под лупа на Антикорупциската комисија. Таа денеска преку соопштение најави дека ќе испитува дали тоа е направено законски. „Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) известува дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни […]

Што значи „Проектот 2025“ за втора американска револуција


  Доналд Трамп се огради во петокот од „Проектот 2025“, масовен предложен ремонт на федералната влада, подготвен од долгогодишни сојузници и поранешни функционери во неговата администрација, неколку дена откако шефот на тинк-тенкот одговорен за програмата предложи дека ќе има втора американска револуција. „Не знам ништо за ‘Проектот 2025’“, објави Трамп на својата веб-страница на социјалните […]

6 јули во историјата – Џон Ленон се сретна со Пол Мекартни за првпат


  На 6 јули 1957 година, двајца тинејџери од Ливерпул по име Џон Ленон и Пол Макартни се сретнаа за прв пат во аудиториум на црква. Тоа беше почеток на едно од најплодните музички партнерства во историјата. Седум години подоцна, тие – заедно со Џорџ Харисон и Ринго Стар – ќе станат светски феномен познат […]