Ѓаволот носи Балмен – Гизела Бундшен како деловна жена во новата кампања


Гизела Бундшен повторно се здружува со Балмен. 43-годишниот бразилски супермодел го предводи вториот дел од кампањата на француската модна куќа за нејзината колекција за пролет 2024 година на тема градина со рози. На сликите објавени во понеделник, 17 јуни, Бундхен носи два црни структурирани ансамбли украсени со позлатени рози – отстапување од шарената кампања најавена […]

Плажата „Месечев залив“ во Словенија – една од најубавите во светот


Малата карпеста плажа „Месечев залив“ на словенечкото крајбрежје е прогласена за една од најдобрите во светот од страна на „Биг 7 травел“ – глобална интернет-страница за совети за патувања, објави весникот „Словенија тајмс“. „Плажата не може да се пофали со тропскиот ветар на Карибите, но е неверојатно убава. Благодарение на нејзината изолираност и заштитениот статус, […]

Шефот на НАТО ја истакна важноста од проширување на соработката со Индо-пацификот


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја истакна важноста од проширување на соработката меѓу западната воена алијанса и партнерите во Индо-пацифичкиот регион, во однос на посетата на Северна Кореја на рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА. -Посетата на Путин на Северна Кореја ја покажува и потврдува многу блиската усогласеност меѓу Русија и авторитарните држави како […]

Плочите од новиот албум на Колдплеј ќе бидат направени од стари пластични шишиња


Секој примерок тежок 140 грама од „Мун Мјузик“, кој ќе излезе на 4 октомври, ќе биде направен од девет пластични шишиња извадени од отпад. Но и останатите медиуми ќе бидат обележани со префиксот „еко“ – албумот уште од сега може да се нарача во четири физички формати, сите јасно означени како „прво издание“, и тоа […]

ДЗР: Слабости во ИТ системот на ФЗО, не се воспоставени контрола и систем за успешноста на лекување во странство


Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот ревизорски извештај на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Меѓу другото, се укажува на слабостите во функционирањето на ИТ системот на Фондот поради неколку причини, а имало слабости и неправилности и кога е во прашање постапката за упатување за лекување во странство. – Изразено е мислење со резерва во однос […]

Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот


Претседателот на Собранието Африм Гаши ја закажа седницата за избор на новата Влада во сабота во 11 часот.  Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во законодавниот дом го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа. Собранискиот Деловник предвидува седница за избор на Влада да трае најмногу два дена. Мандаторот […]

Сончево и многу топло, УВ индекс 9


Сончево и многу топло време – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе биде 9. Утринската температура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 38 […]

Комеморативна седница по повод смртта на Стојан Андов


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи Kомеморативна седница по повод смртта на Стојан Андов, поранешен претседател на Парламентот. Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија, почина вчера на 89-годишна возраст. Роден е 1935 година во Кавадарци, Република Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет. […]

Книжевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда


Интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар, вечерва во 19 часот ќе се одржи во просториите на Европска куќа во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје под мотото „Најдоброто од Франција“.  Матиjас Енар е реномиран француски писател и преведувач и добитник на […]

Роналдо веќе постави два рекорда на ЕП 2024


Лајпциг – Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо веќе ги собори своите први два рекорди на Евро 2024 благодарение на неговиот старт против Чешка, прв за неговата репрезентација на Европското првенство во Германија. Триесет и девет-годишниот напаѓач стана единствениот играч во историјата кој учествувал во шест изданија на турнирот. Неговото прво Европско првенство беше во Португалија во 2004 […]

Без струја делови од Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од улица „Андон Папрадишки“ и дел од корисниците на улица „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров. Како што информираат од РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во период од 09:00 до 13:00 часот. 

Филхармонија во Градскиот парк со „Одисеја 2024“


Македонската филхармонија вечер од 21 часот во Градскиот парк во Скопје ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“. Концертот насловен „Одисеја 2024“ е инспиран од филмот „2001: Вселенска одисеја“ на режисерот Стенли Кјубрик и ја најавува и новата концертна сезона. Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од […]

Унгарија за претседавањето со ЕУ го избра слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“


Будимпешта – Унгарија ќе го преземе претседавањето со Европската унија на 1 јули, а ќе ја води под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, што е копија на слоганот на Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“. Паролата ја откри унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока на прес-конференција во пресрет на почетокот на […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 19 јуни 2024 година, 171-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 195 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

65 години ФЕИТ, родното место на информатиката и на техничките системи (фото)


Вечерва во Скопје се одржа Свечена академија по повод 65 години од формирањето на Факултетот за електротхеника и информациски технологии (ФЕИТ), при што беа промовирани магистри и дипломирани инженери за 2024. На Академијата, организирана под мотото „65 години наставна и научна извонредност“ беше претставен академскиот стремеж за постојан напредок, развој на науката, поддршка на иновативноста, […]

ЕП 2024: Португалија со пресврт до победа против Чешка


Лајпциг – Репрезентацијата на Португалија направи пресврт и забележа крајно драматична победа од 2:1 над Чешка во натпревар од групата Ф на двете селекции на ЕП 2024. Иако „морнарите“ целосно доминираа на натпреварот, Чесите изненадувачки поведоа преку Лукаш Провод во 62. минута. Иберијците сепак успеаја да израмнат по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а […]

Ципрас и Заев уште еднаш ја истакнаа потребата да се почитува Договорот од Преспа и ја повикаа ЕУ да ги одржи ветувањата


Двете страни да покажат лидерство во однос на Договорот од Преспа, повика поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев, додека пак поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас порача дека Договорот е единствениот пат и за европската перспектива, но и за самата иднина на земјата, за време на нивното учество на Меѓународната конференција за мир и […]

Илјадници војници на НАТО на воени вежби на северот на Европа


Околу 9.000 војници од 20 земји на НАТО учествуваат во воени вежби овој месец во регионот на Балтичкото Море, кој е стратешки чувствителен поради руската агресија врз Украина. Шведска и порано учествуваше во вежбите, а сега првпат како членка на НАТО. Вежбите вклучуваат отстранување мини од морето, откривање подморници, десанти и медицинска помош во случај […]

Новата влада не може да ја поевтини струјата пред Нова година, вели Мицкоски


Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати цената на струјата со тенденција да ја намали кога ќе почне новиот период на регулирање на цената, а тоа е од 1 јануари, но сега не може да интервенира, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски. За укажувањето од експертите дека новата влада може веднаш да понуди […]

ЕП 2024: Турција ја победи Грузија во возбудлив натпревар


Дортмунд – Турција ја совлада Грузија со 3:1 во првиот натпревар од групата „Ф“ на Европското првенство. Еден од натпреварите за кој имаше најмалку очекувања се претвори во несекојдневен спектакл. Дебитантите на континенталното првенство, Грузија понудија прекрасен фудбал и успеаја да го постигнат својот прв гол во европските завршници, благодарение на Жорж Микутадзе. Тимот на Винченцо […]