Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци


Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од понеделник ќе почнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци. Како што соопштија од МОН, на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален […]

Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ


Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ. Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер. Агелер, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека граѓаните од новата Влада треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата, нагласувајќи дека секогаш постои ризик од […]

Естонскиот министер за клима избран да ја замени Калас на премиерската функција


Рига – Партијата на реформите на естонската премиерка Каја Калас соопшти дека го номинирала министерот за клима Кристен Михал за нејзин наследник на премиерската функција, доколку таа биде назначена за шефица на дипломатијата на Европската Унија, пренесе ДПА. Извршниот комитет на партијата едногласно го поддржа предлогот. Михал им заблагодари за укажаната доверба и вети дека […]

Кој е кој од кандидатите за Патријарх на Бугарската православна црква и дали има фаворит меѓу нив?


На 20 јуни, по 42 круга на последователно гласање, беа избрани тројца митрополити кои денеска ќе се борат за местото патријарх на Бугарската православна црква. Иако бројката изгледа импресивно, всушност изборот беше значително побрз од последниот во 2013 година, кога траеше цели два дена. Сега, еден од тројцата кандидати – Григориј Врачански (намесник-претседател на Синодот) […]

Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам


Малага – Илјадници жители на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам, кој според нив е причина за високите наеми и недостигот на станови, пренесе ДПА. Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: “Малага не се продава” и “Ова не е туризам, ова е инвазија”. Според организаторите, на вчерашниот митинг учествувале околу 25.000 […]

Во Франција се одржува првиот круг вонредни парламентарни избори


Париз– Во Франција денеска ќе се одржи првиот круг од вонредните парламентарни избори, кои би можеле за првпат по Втората светска војна да ја доведат крајната десница на власт, по убедливата победа на партијата Национален собир (НС) над центристичкиот сојуз на претседателот Емануел Макрон на изборите за Европскиот парламент. Повеќе од 49 милиони граѓани имаат […]

Орбан: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е запрено, на европскиот блок му се потребни нови членки


Будимпешта – Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е запрено, истакнувајќи дека на европскиот блок му се потребни нови држави-членки и нивниот економски замав повеќе од кога било досега. „Проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е запрено. Само херојската борба на унгарскиот комесар […]

СДСМ избира нов лидер на партијата


СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови.  Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, […]

Нема кој да ги управува „Ер тракторите“ на ДЗС – плата во висина од 300.000 денари услов за враќање на двајцата обучени пилоти од пензија


Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Авио-одделението на Дирекцијата е сѐ уште нефункционално и покрај предупредувањата на директорот на ДЗС Беким Максути дека „дополнителен предизвик ова лето ќе биде справувањето со шумските пожари“. Во разговор за МИА, Максути […]

Германија се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024


Дортмунд – Германија стана втората селекција која се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024. Домаќините ја победија Данска со 2:0 во осминафиналето меѓу двете селекции по прилично бурната ноќ во Дортмунд. Таа беше таква, буквално и фигуративно. Буквално, затоа што на средината на првото полувреме, големо невреме го преврте стадионот, поради што натпреварот беше прекинат близу […]

Сончево и многу топло време со температури до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.  Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 30 јуни 2024 година, 182-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 184 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Научниците објавија откритие на „најстариот компјутер“, механизмот Антикитера стар 2.000 години


Механизмот Антикитера, древен уред со големина на кутија за чевли што се користел за следење на движењата на сонцето, месечината и планетите – го следел грчкиот лунарен календар, а не соларниот календар што го користеле Египќаните како што претходно се мислело, открива новото истражување. Механизмот Антикитера, кој го пронајдоа нуркачи со сунѓери во близина на […]

„Спејс икс“ ќе ја урне Меѓународната вселенска станица во Пацификот


Компанијата SpaceX доби договор вреден 843 милиони долари од американската вселенска агенција НАСА за уривање на Меѓународната вселенска станица (ISS) во Пацификот. Тоа е дел од програмата на НАСА за безбедно соборување на ISS во следните десет години. ISS работи од 1998 година и е стара колку и се друго во светот. Вселенската станица би […]

Италија нуди до 30.000 евра за преселба во Тоскана, овие услови мора да се исполнат


Италијанскиот регион Тоскана се обидува да привлече нови жители со грантови во износ од 10.000 до 30.000 евра. Имено, Италијанците нудат пари за помош за покривање на трошоците за купување и реновирање на куќа, а за овој поттик на располагање се 76 градови и села, пишува CNBC. Грантовите од Тоскана се доволни за покривање до […]

Борел: Сојузот меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот


 Западот денес има голема одговорност да спречи поделба меѓу Западот и Истокот, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Тој додаде дека сојуз меѓу Русија и Кина би можел да го подели светот. На меѓународната конференција Дубровник форум 2024, Борел истакна дека денес има криза на мултилатерализмот, па многу […]

Украински министер за надворешни работи: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна


 Без праведен мир, ќе дојде до нова војна, предупреди денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Форумот во Дубровник. Шефот на украинската дипломатија на Дубровник Форумот нагласи дека „нема алтернатива за праведен мир“. – Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна. Целта не е само да се запре војната, туку […]

Малолетник избегал од дома по претходна семејна расправија


Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска (29.06.2024) во Полициското одделение Петровец Б.Ц.М.(34) од с.Петровец-скопско пријавила дека по претходна семејна расправија, од домот се оддалечил нејзиниот малолетен син Г.Ц.(12). Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Европските компании потпишаа договори во вредност од над 42 милијарди долари во Египет


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека компании од Европската унија (ЕУ) потпишале договори за инвестирање со Египет во вредност од над 40 милијарди евра. Објавувањето на повеќе од 20 нови договори или меморандуми за разбирање со Египет уследи по пакетот финансирање на ЕУ од 7,4 милијарди евра, во услови на […]

Зоран Милановиќ, како кандидат на Социјалдемократската партија, ќе се бори за втор мандат


Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Пеѓа Грбин, денеска соопшти дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ ќе биде кандидат на партијата на претседателските избори оваа година. Милановиќ се кандидира за втор мандат на функцијата, пренесува Н1. Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање. […]