Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција


Берн/Париз – Најмалку седум лица загинаа во силните бури во Швајцарија и Франција, соопштија локалните власти. Невремето предизвика поплави, лизгање на земјиштето, прекин на електричната енергија и паднати дрвја. Во Франција, три лица загинаа кога паднало дрво врз нивниот автомобил од силината на ветерот во департманот Од, во североисточна Франција. Едно лице е повредено. Во […]

Четворица фудбалери и официјално ја напуштија Барселона


Барселона – Барселона на последниот ден од јуни се прости од четворица фудбалери кои од утре веќе не се на платниот список на клубот. На Маркос Алонсо му истече договорот, Серхио Дест беше префрлен во ПСВ Ајндховен бесплатно, додека на Жоао Кансело и Жоао Феликс им истече позајмицата. Каталонците се уште имаат финансиски проблеми и за […]

Спалети ќе продолжи да ја води Италија и покрај лошиот настап на ЕП 2024


Рим– Селекторот на Италија, Лучано Спалети ќе продолжи да ја води селекцијата на Светското првенство во 2026. Ова го изјави првиот човек на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина на прес-конференција. „Азурите“ синоќа загубија од Швајцарија со 0:2 во осминафиналето на Европското првенство во Германија и не успеаја да ја одбранат шампионската титула. -Не можам да […]

До 14 часот на изборите за нов лидер на СДСМ гласале 28,61 отсто од регистрираните избирачи


СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ информираше дека според пресекот направен во 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто. – Утринава во 8 часот се отворени 77 избирачки места, гласањето ќе трае до 20 часот. […]

Берил прогласен за ураган од трета категорија


Мајами – Берил е прогласен за ураган од трета категорија кога помина над Антилите, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на американскиот Национален центар за урагани, со седиште во Мајами. Според центарот, ветровите на ураганот се потенцијално опасни. Берил се наоѓа на околу 675 километри југоисточно од Барбадос со ветрови од 155 километри на час.

(Видео) Хеликоптерот исфрла вода на пожарот кај Василево


Со хеликоптер се гаси пожарот кај Василево кој се заканува да се прошири на две села, соопшти ЦУК. На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.   Претходно од ЦУК соопштија дека, пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево сеуште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна […]

СДСМ избира претседател: Филипче, Деспотовски и Бајдевски со различни оценки и очекувања


СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови.  Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, […]

Даниил Видински е новиот бугарски патријарх, започна интронизацијата


Софија – Видинскиот митрополит Даниил денеска е избран за бугарски патријарх и митрополит Софиски од делегатите на Патријаршискиот изборен црковен собор. Со литија, новоизбраниот патријарх ја напушти Синодалната палата и стигна до спомен храмот „Александар Невски“. Насобраните граѓани скандираа „Достоен“ и му аплаудираа. Веднаш по пристигнувањето, започна устоличувањето на новоизбраниот бугарски патријарх и молебенот.  Новиот […]

Со ребаланс на буџетот ќе обезбедиме 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините, објави Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова иницијатива за развој на општините во земјата преку обезбедување на 250 милиони евра од Буџетот за развој и капитални проекти. Како што соопштија од Владата, овој план е дел од напорите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните. На работниот состанок со министерката за финансии, Гордана […]

Силни дождови во Швајцарија предизвикаа свлечишта, осум лица се сметаат за исчезнати


Берн – Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја, соопшти полицијата. „Големите бури предизвикаа свлечиште во регионот Фонтана и луѓе се пријавени како исчезнати“, се наведува во соопштението на полицијата без да изнесат дополнителни детали. […]

(Видео) Пожарот кај Василево се шири кон селата Сушево и Злеово


Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на с. Сушево, а се шири и кон с. Злеово, соопшти Центарот за управување со кризи. Оттаму додаваат дека за гаснење се подготвува еден полициски хеликоптер кој ќе полета набргу. На […]

Вучиќ: Ќе има уште апсења, повеќето ќе ги завршиме до вторник


Белград – Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има уште апсења во Србија, дека сега се проверува поврзаноста на сите лица со напаѓачот на жандармот Милош Јевремовиќ и дека очекува до вторник да се реши најголемиот дел од таа работа, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ гостувајќи на ТВ Прва нагласи дека се […]

Утревечер очекувајте невреме – не стојте на отворено и под дрвја!


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со […]

Продажбата на сопствен бренд на алкохол е полесна отколку продажбата на  идеја за филм од 1,4 милијарди долари


Со оглед на манијата и апсолутната опсесија со филмот за Барби минатото лето, може да се претпостави дека тоа беше лесна продажба на холивудските студија. Погрешно. „Филмовите се луда работа каде што продавате нешто што не е опипливо, тоа е идеја“, изјави за Тајмс Марго Роби, славната австралиска актерка која ја играше Барби во саканиот […]

„Патриотски манифест“: Орбан најави нов десничарски блок во Европскиот парламент


Виена – Премиерот на Унгарија Виктор Орбан престојува во Виена за да го промовира „Патриотски манифест“ со Херберт Кикл, лидер на австриската крајнодесничарска Партија на слободата, и Андреј Бабиш,  поранешен премиер на Чешка. Орбан, Кикл и Бабиш го потпишаа „Патриотскиот манифест“ изутринава во Виена, обидувајќи се да формираат најголем крајнодесничарски блок во Европскиот парламент. Говорејќи […]

Десет пожари на отворено од коишто еден е се уште активен


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно десет пожари на отворено и неколку помали интервенции. Еден се уште се води како активен, во Општина Василево, кај с.Добрашинци, каде гори ниска вегетација,ниска шума и грмушки. Целосно изгасените се девет пожари на отворено  во општините: Гази Баба имало два пожара, кај […]

Синагогата во Белград можна мета на нападот, извршени претреси низ Србија


Белград – Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека и денеска продолжува акцијата низ цела Србија по вчерашниот терористички акт, дека синагогата во Белград била можна прва мета на Жујовиќ, и да е извршен претрес на неколку локации, а две лица се во притвор, јави дописникот на МИА од Белград. -Треба да најдеме […]

Унгарија го презема претседавањето со ЕУ: „Лошото момче“ ќе ја прави Европа „повторно голема“


Брисел – Унапредување на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, зајакнување на заедничката одбрана и подобрување на европската конкурентност, се трите врвни приоритет на претседавањето на Унгарија со Европската Унија во следните шест месеци, што официјално стартува утре и чие мото е „Да ја направиме Европа повторно голема“.  Како што информира […]

Пленковиќ на средбата со Фидан се заложи за хрватскиот капетан кој е во турски затвор


Дубровник – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и, како што објави на платформата Икс, се заложи за хрватскиот поморец Марко Бекавац кој се наоѓа во турски затвор, велејќи дека Хрватска очекува турските надлежни органи „да постапат праведно во неговиот случај”. Пленковиќ во објавата наведе дека […]

Бајден ќе разговара со семејството за иднината на својата кампања


Вашингтон – Американскиот претседателот Џо Бајден денеска во Камп Дејвид ќе разговара со своето семејство за иднината на неговата кампања за реизбор. По дебатата што се емитуваше на Си-Ен-Ен во четвртокот, многу демократи изразија загриженост околу неговата способност да го победи поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесува Ен-Би-Си Њуз. Патувањето на Бајден било планирано пред дебатата во […]