(Видео) Кинеската сонда слета на подалечната страна на Месечината


Кинеската сонда „Chang’e-6“ слета денеска на подалечната страна на Месечината, каде што ќе собира примероци за првпат во историјата на човештвото, објави Кинеската Национална вселенска агенција (CNSA). Сондата полета на Месечината на 3 мај, а слета денеска во 6:23 часот по локално време во Пекинг, пренесе Ксинхуа. За време на слетувањето користен е автономен систем […]

Поведена истрага против седум лица за улична продажба нa дрога во Скопје


Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од ОЈО, двајца од нив се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека […]

Мексико денеска ќе ја избира својата прва жена претседател? Може да гласаат 100 милиони луѓе


Во Мексико денеска се одржуваат претседателски, парламентарни и локални избори, а право на глас имаат околу 100 милиони луѓе, јавуваат американските медиуми. Гласачите во 32 сојузни држави ќе изберат претседател кој ќе го замени актуелниот шеф на државата Андрес Мануел Лопез Обрадор, популист кој ги прошири социјалните програми, но не успеа да го спречи насилството […]

Делови од Волково и Радишани утре без струја


Корисниците од Волково на потегот од кружниот тек кон село Кучково утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Ѓоре Ѓоревски“ на третиот влез во населбата Радишани. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на […]

Ролан Гарос: Во 3 часот по полноќ Ѓоковиќ извојува историска победа со неверојатен пресврт (видео)


Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Музети со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0 за осминафиналето на Ролан Гарос. Натпреварот траеше 4 часа и 28 минути. Почна Во саботата во 22:38 часот, а заврши во неделата во 3:06 часот. Тоа е досега најдоцна завршен меч на парискиот Грен слем. На Ролан Гарос никогаш не се играло после […]

Дали Европската централна банка следната недела ќе ги намали каматите


На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна минатата недела, додека курсот на САД во однос на европската валута остана непроменет. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на валутата на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,1 отсто, на 104,62 поени. Во исто […]

Легија на странците „горда“ што ќе ги обезбедува Олимписките игри во Париз


  Припадници на познатата Легија на странци се собираат во воена база во јужна Франција, што се наоѓа на стотици километри од париските улици со кафулиња, каде што ќе се распоредат за само неколку недели. „Нема Ајфелова кула, но ние сме во Париз“, им вели поручникот Антоан на војниците собрани околу него, кои, како и […]

Дачиќ: На преминот Мердаре е уапсен Албанец осомничен за воени злосторства


Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, вчера изјави дека на административниот премин Мердаре е уапсено лице осомничено за воени злосторства врз цивилното население на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. „Станува збор за Тефик Мустафа, кој како припадник на ОВК беше спомнат во изјавите на сведоците како учесник во киднапирањето на […]

Во Србија се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград


Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за собранието на град Белград, како и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево и повеќето општини во Војводина. Граѓаните ќе можат да гласаат на избирачките места кои се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 20:00 часот, […]

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје


Поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво“ денеска од 11:00 до 12:00 часот во центарот на Скопје ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците на трката. Како што информираат од МВР, […]

Претпладне сончево, попладне услови за локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. […]

Реал со нов трофеј: Карвахал ги замолкна Германците, Винисиус „удри печат“


Фудбалерите на Реал Мадрид го бркаа својот 15-ти трофеј во Лигата на шампионите, по разочарувачкото прво полувреме, избраниците на Карло Анчелоти тргнаа многу порешително во вторите 45 минути од натпреварот. Борусија неколку пати се закани во текот на првиот дел, беше поблиску до водечкиот гол, но играчите од Кралскиот клуб го издржаа почетниот притисок на […]

Бугарска фондација купи 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп


  Бугарската фондација на издавачот Манол Пејков од политичката коалиција „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ купила 2/3 од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп. Распаднатата куќа на Талев, кој после 1948 година стана еден од најценетите бугарски писатели, е една од поважните теми во бугарската јавност во последно време. Идеја е таа да се спаси […]

Кој е Живко Грозданоски, новиот претседател на ДПМ? 


Писателот и книжевен преведувач Живко Грозданоски (1986, Кичево), релативно непознат за пошироката јавност, е новиот претседател на ДПМ, избран на денешното редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.  За функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставија петмина членови:  Живко […]

Си пукале од викендица во Смојмирово


Во петокот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.П.(31) од с.Смојмирово, беровско, М.Д.(25) и А.З.(25), и двајцата од Берово, по претходна пријава дека од викенд куќа на место викано „Тоскова ливада“, пукале со огнено оружје. Извршен бил увид на местото на настанот при што биле пронајдени и одземени сигнален пиштол „екол специјал 99“ калибар 9мм […]

Живко Грозданоски e избран за нов претседател на ДПМ


Живко Грозданоски е избран за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешното редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.  На денешното изборно собрание за членови на Управниот одбор на ДПМ се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина […]

Тунтев поднесе оставка од директорската функција во АЦВ, се враќа на работа во ТАВ Македонија


Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата од лични причини, а Управниот одбор на АЦВ веќе ја констатирал неговата оставка и донел одлука за разрешување од функцијата директор. Оставката, како што информира, ја поднел на 27 мај, а Управниот одбор на АЦВ ја констатирал на седница на 30 мај. […]

Сите го прифатија предлогот на Бајден за примирје во Газа, освен Нетанјаху


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека нема да има „траен прекин на огнот“ во Газа додека не бидат уништени воените и управувачките капацитети на Хамас. Неговите коментари, во ретка изјава објавена во сабота и само на англиски, дојдоа откако американскиот претседател Џо Бајден во петокот објави дека Израел предложил трифазен договор за […]

Започна голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро


  На брегот на Охриското езеро утрово започна голема еко-акција за чистење на езерото, организирана од „Скопско“. Акцијата започна на пристаништето во Охрид каде околу 70 нуркачи од клубот „Амфора“ и гости од други клубови од соседните земји нурнаа во езерото за да го исчистат езерското дно. Во исто време, на плажата Дебрца на стариот […]

Лозана и Преспа: два договори кои не се многу сакани


Изгледа дека нѐ чекаат долги месеци, а можеби и години, кога прашањето на Договорот од Преспа ќе ја подјадува супстанцата на македонското општество, ќе арчи непотребна енергија, новите власти што треба да дојдат ќе смислуваат акробатски одговори за да не се отуѓат од големото гласачко тело. А во исто време ќе треба да одат по жица […]