Со МО до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерот Јајага


 Министерството за одбрана денеска информира дека со верификација на пратеничкиот мандат на 28 јуни, на  министерката за одбрана Славјанка Петровска и заврши функцијата. До изборот на нов министер, наведуваат во соопштението, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага. 

ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура


Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ,  Билјана Михајловска. Одлуката би била позната во текот […]

Климатските ризици се приоритет во реформите во финансискиот сектор


Претставници на Народната банка (НБ) присуствуваа на меѓународната конференција на Светската банка, на тема „Поставување вистински реформски приоритети во финансискиот сектор“ („Getting the financial sector reform priorities right“), која се одржа во Виена, Австрија. На Конференцијата, информира денеска НБ, беа опфатени различни актуелни теми кои се однесуваат на стабилноста на финансискиот, пред сѐ на банкарскиот […]

Мексиканците избраа жена претседател


Кандидатката на владејачката левичарска партија, Клаудија Шејнбаум (61) оствари убедлива победа на претседателските избори во Мексико, покажуваат првите официјални резултати објавени денеска од Национален изборен институт (ИНЕ). Поранешната градоначалника на Мексико Сити освои меѓу 58 и 60 отсто од гласовите, покажуваат официјалните резултати од примерокот. Нејзината опозициска противкандидатка, поранешната сенаторка од десниот центар. Чочитл Галвез, […]

НСДП останува во опозиција


Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа извештајот за претседателските и парламентарните избори поднесен од Централниот изборен штаб на партијата и донесе одлука НСДП во следниот период нејзините пратеници да делуваат опозициски.   За начинот и формата на опозициското делување партијата ќе одлучува на следната седница во месец септември. Во моментов НСДП има два […]

Поради уличен дефект без вода дел од Скопје Север и Кисела Вода


Поради уличен дефект ф 80мм, без вода од 09:30 часот се корисниците на улица „Босна Херцеговина“ во Скопје Север и на улица „Антон Попов“ во Кисела Вода соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санакција на дефектите.

Во село со 46 жители во Италија се одржуваат локални избори со 30 кандидати на листата


Селото Ингрија кај Торино чека локални избори за да се избере нова власт, но се случи неверојатна ситуација кога речиси две третини од селото на некој начин се кандидираа за функцијата. Ингрија има 46 жители, а уште 26 ќе гласаат од дијаспората. Се очекуваше лесна победа за градоначалникот Игор Де Сантис, како и во претходните […]

Катастрофална храна во хрватските продавници: „Европски контејнер за третокласна стока“


Во петокот и саботата, тајни купувачи посетија 22 продавници и месарници во Загреб и неговата околина, каде што купуваа разни стоки, како што се овошје и зеленчук, како и месни производи. Во неделата објавија дека резултатите од квалитетот се „катастрофални“ и дека Хрватска станува „европски контејнер за стоки од трета класа“. Активистите на Граѓанската иницијатива […]

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје


Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа  во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, […]

Нов обид на Уставен суд да избере претседател


Во Уставниот суд денеска треба да се одржи продолжение на седницата за избор на нов претседател на Судот. Ова ќе биде седми обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шест обиди во претходните две продолженија на седницата да се избере претседател. На седницата во четвртокот и на продолжението во петокот, судиите во шест наврати […]

Капацитетите на енергијата од ветар и сонце во ЕУ се зголемија за две третини од 2019 година


Според анализата на енергетскиот тинк-тенк Ember, капацитетот на ветерната и сончевата енергија во Европската унија порасна за 65 отсто од 2019 до 2023 година, а најголем придонес има Германија. Во извештајот објавен во понеделникот се вели дека Германија учествувала со 22 отсто од зголемувањето, а по неа е Шпанија со 13 отсто. Повеќе од половина […]

Нетанјаху може да издржи подолго на власт од Бајден


Израелската армија ќе се бори во Газа уште најмалку седум месеци, најави Шачи Ханегби, советник за национална безбедност на Израел. Предвидувањето предизвика загриженост за судбината на палестинската територија, која веќе се соочува со глад, масовно раселување и секојдневно израелско насилство во кое загинаа повеќе од 36.000 луѓе од 7 октомври минатата година. Продолжената војна, исто […]

Два авиона се судрија на аеромитинг во Португалија, загина пилот


Шпански пилот загина во судир на два каскадерски авиона на аеромитинг во португалската воена база Беха, на 180 киломтери јужно од Лисабон.  Британските медиуми пренесуваат дека по судирот, неговиот авион се урнал и експлодирал. Португалското воздухопловство (ПАФ) соопшти дека е повреден пилотот и на вториот авион што учествувал во инцидентот. JUST IN: 2 planes collide […]

Кина ја обвини британска МИ6 за врбување двајца државни службеници


Кина обвини дека британската служба за надворешно разузнавање МИ6 регрутирала двајца службеници на неименувани кинески државни агенции за да шпионираат за британската Влада, објавија британските меидуми. Според кинеското Министерство за државна безбедност, во моментов се води дополнителна истрага за случајот со двајцата наводни шпиони, кои се брачна двојка. Кина и Велика Британија со месеци наназад […]

Израел подготвува алтернатива за власта на Хамас во Појасот Газа


Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, синоќа изјави дека Израел, во моментов додека ја изведува воената операција во Појасот Газа „подготвува алтернативна власт“ за оваа област, на местото на палестинското движење Хамас прортив кого војува веќе осум месеци, пренесе Бета. Уште кон средината на мај Галант изрази противење за воената и политичка контрола на Израел […]

Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер го погоди јапонскиот остров, каде на Нова година загинаа 230 луѓе


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Јапонија, но не беше издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари во кој загинаа 230 луѓе. Според телевизијата НХК, локалните власти соопштија дека засега […]

Клаудија Шејнбаум најверојатна победничка на претседателските избори во Мексико


Кандидатката на власта Клаудија Шејнбаум најверојатно ќе победи на претседателските избори во Мексико, според анкетите на гласачите спроведени од финансискиот весник El Financiero и телевизијата Televisa по затворањето на гласачките места синоќа. Блискиот сојузник на актуелниот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, Шејнбаум од левичарската владејачка партија Морена ќе стане првата жена претседател на земјата доколку […]

Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ во галеријата „КО-РА“


Деветнаесетта завршна годишна групна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ – салон сутерен во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028. Меѓу учесниците на 19-тата завршна годишна групна изложба се членови […]

Локални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата тврди – Ниш и Чачак се слободни градови


На локалните избори што вчера се одржаа во 89 градови и општини во Србија, според првите проценки на невладините организации Цесид и Ипсос, изборната листа на СНС освои најмногу гласови на локалните избори во Белград, Ниш и Нови Сад. Претседателот на СНС Милош Вучевиќ изјави дека СНС освоила мнозинство гласови во речиси сите градови и […]

Комеморација за Велибор Џаровски – Џаро


Во Домот на култура во Ѓорче Петров денеска на пладне ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски – Џаро. Настанот симболично се организира на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки. Ќе зборуваат македонски музички ѕвезди и пријатели […]