Мицевски очекува поддршка од 80 пратеници за реорганизација на владата


  Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, очекува да го обезбедат потребното двотретинско мнозинство за да бидат изгласани законските измени поврзани со промените на министерствата во Владата.   – Тоа е предизборно ветување што го дадовме на граѓаните и со кое ги запознавме во предизборниот период. Во моментов, работиме на Законот за организација […]

Герасимовски на средба со градоначалниците од Западен Балкан во Германија


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на покана од германското МНР и во соработка со Гете-Институтот, заедно со колегите од Западен Балкан учествува на серија состаноци и дискусии на тема „Општинска Европа-Можност и одговорност“, во рамки на работната посета на Берлин, Есен и Келн. На денешната панел дискусија градоначалниците заедно со претставниците од Аспен институтот […]

Мајкрософт инвестира речиси три милијарди евра во Шведска


Американскиот технолошки гигант Мајкрософт објави дека ќе инвестира 33,7 милијарди шведски круни (2,9 милијарди евра) во проширување на бизнисот со облак и инфраструктурата за вештачка интелигенција во Шведска. Популарноста на генеративната вештачка интелигенција (AI) ја поттикна побарувачката за облак услуги, па технолошките гиганти како Microsoft и Amazon Web Services (AWS) најавуваат милијарди долари инвестиции во […]

Бројот на работниците во индустријата во април зголемен за два отсто


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истио месец лани е заголемен за 2.0%. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст […]

Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности


Во првото тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места во земјава изнесува 2.03 %, соопшти Државниот завод за статистика. Највисока стапка на слободни работни места од 3.59 % има секторот Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.50 […]

Светлана Колариќ нов претседател на Советот на Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода доби нов претседател на Советот. Светлана Колариќ која доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМЕ денес, со мнозинство гласови беше избрана да ја извршува оваа функција, на која доаѓа откако досегашниот претседател Иван Живковски на неодамна одржаните избори, доби пратеничко место во Собранието, соопшти општинската прес-служба.   Новиот претседател на Советот, Светлана Колариќ се […]

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар


Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати […]

На веб страницата на ДКСК од денеска достапни податоците за имотната состојба на актуелни избрани и именувани лица


Од денеска податоците од изјавите за имотна состојба и интереси, поднесени преку новиот електронски систем, што е ставен во функција на 01.01.2024 година, освен податоците заштитени со закон, се јавно достапни на веб страницата на ДКСК.  ДКСК во денешното соопштение укажува дека лицата кои согласно член 82 и член 85 од Законот за спречување на […]

Венко Филипче најави кандидатура за лидер на СДСМ


По Славјанка Петровска и Јован Деспотовски, денеска и ексминистерот за здравство и сегашен пратеник Венко Филипче најави дека ќе се кандидира за лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на внатрепартиските избори што ќе се одржат на 30 јуни. Филипче во изјава МИА вели „да, поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ“. На парламентарните избори што […]

И Осман Кадриу не доби доволно гласови за да стане претседател на Уставен суд


  Ниту уставниот судија Осман Кадриу денеска не доби доволен број гласови да стане претседател на Уставниот суд. Мандатот на Добрила Кацарска како претседателка на судот измина вчера, а денеска претходно без победник заврши гласањето за Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За двете судијки се гласаше безуспешно и во четвртокот и петокот, а резулатот беше […]

Вјолца Бериша ќе го води Министерството за земјоделство до изборот на новата влада


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер. Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство […]

Бугари вмешани во провокација со ковчези во Париз


Во Париз, поединци од Бугарија, Украина и Германија беа уапсени по инцидентот во саботата во кој беа вклучени ковчези украсени со француското знаме и порака „Француски војници во Украина“. Бугарскиот државјанин бил зад воланот на комбето што ги превезувало ковчезите, додека другите двајца тврделе дека им биле платени по 40 евра за да го придружуваат. […]

Фондацијата на Џорџ Клуни ќе бара апсење на руските пропагандисти


Фондацијата на американскиот актер Џорџ Клуни ќе бара да се издадат налози за апсење за руските пропагандисти кои работат во Европа.  Ова во интервју за Гласот на Америка го изјави Ана Неистат, директорка за правни прашања во проектот за правда на Фондацијата Клуни. За разлика од војниците, тие слободно патуваат во западните земји, па дури […]

Стапи во сила новиот закон: Германија ги отвора вратите за квалификувани работници од Балканот


Во Германија стапија на сила новите правила за визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во таа земја и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми. Друг елемент од правилата кои стапија на сила во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите […]

Во среда ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“


Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол организираат  ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Филмот „Втор чин“ ќе биде премиерно прикажан в среда, 5 јуни  во 20 часот во киното „Синеплекс“. Се работи за ексклузивна премиера во регионот и филм […]

Кој е д-р Драган Милиќ, човекот кој ги победи СНС на Вучиќ во Ниш?


Доктор Драган Милиќ зборуваше веднаш по објавувањето на првите резултати од локалните избори и рече дека Ниш е слободен град. Милиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста откако за време на викендите бесплатно работеше со тимот за кардиохирургија од Ниш и ги укина листите на чекање. Сега тој тврди дека нема соработка со […]

Ветераните од Нормандија дојдоа во колички во Франција, најстариот има 107 години (ВИДЕО)


Хилберт Маргол не се гледал себе како херој кога неговата атилериска единица  се бореше низ Европа за време на Втората светска војна. Но, тој дојде во  Франција како еден од 60-те американски ветерани што се истоварија во Нормандија за да ја одбележат 80-годишнината од слетувањето на Денот Д. На аеродромот беа дочекани од многу воодушевени […]

Ел Нињо оваа година ќе се претвори во Ла Ниња, еве што значи тоа


Временската шема на Ел Нињо, што може да предизвика екстремни услови, како што се шумски пожари и тропски циклони, ќе се претвори во генерално поладни услови во Ла Ниња подоцна оваа година, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Ел Нињо е природен временски феномен поврзан со нарушување на шемите на ветерот што значи потопли температури на […]

Националната опера и балет со Гала балетски концерт на 26 јуни


Во рамките на Фестивалот „Скопско лето 2024“, на 26 јуни на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт. Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П. И. Чајковски, […]

Павловска-Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство


Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен. Ова […]