Крај на дивеењето: Паѓаат цените на апартманите


Годинава хрватските станоиздавачи во приватно сместување се отрезнија и се откажаа од поскапувањето, кое лани ги чинеше празни апартмани среде летната сезона. Анализата на AirDNA за април покажа дека Хрватска дури ги намалила цените за летната сезона во 2024 година во однос на минатата година, во просек за три проценти. Ова е поврзано со побавниот […]

Турист во Италија уништил фрески стари речиси 2000 години


Холандски турист уништил фрески на ѕид во античка римска куќа во Херкуланеум, во близина на Неапол, оштетувајќи ја зградата што ја преживеала вулканската ерупција на Везув во 79 година од нашата ера, соопшти денеска италијанската полиција. Во соопштението на полицијата се вели дека 27-годишниот турист бил брзо идентификуван откако вработените во археолошкиот локалитет откриле графити […]

Се воведува „итно копче“ и превоз за стари лица во Гази Баба


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на денешната средба со секретарот на Црвениот крст на Град Скопје д-р Сузана Тунева Пауновска, договори отпочнување со реализација на два проекти и тоа Итно копче и превоз за стари лица и лица со попреченост.   За проектите, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на […]

Бесплатен летен спортско-едукативен камп за ученици од општина Кисела Вода


Бесплатен летен спортско едукативен камп за спортските таленти од основните училишта и учениците од социјално ранливите семејства, обезбеди Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива, која е плод на посветеноста за промовирање на спортот и здравиот начин на живот, ги промовира и еднаквите можности за учество и развој на сите деца без разлика на нивната финансиска состојба. […]

Реал Мадрид го објави трансферот на Килијан Мбапе


Реал Мадрид официјално објави дека големата ѕвезда на Пари Сен Жермен и Франција, Килијан Мбапе ќе биде фудбалер на 15-кратниот европски првак. 25-годишниот фудбалер пристигнува на слободен трансфер откако не сакаше да го продолжи договорот со парижаните, кој истекува на крајот на месецот. Според информациите, француската фудбалска суперѕвезда првично ќе го носи дресот со број […]

На југот на Германија се пронајдени телата на две жртви кои загинаа во поплавите


Две нови жртви се пронајдени во поплавен подрум во сојузната покраина Баден Виртемберг, во југозападна Германија, погоден од обилни дождови и поплави. Катастрофални поплави Пожарникарите ги откриле телата откако испумпaле вода од подрум во градот Шорндорф, во областа Ремс-Мур, изјави полицијата во Штутгарт за германската новинска агенција ДПА во понеделникот. Округот беше особено погоден од […]

Пукнатина на норвешката платформа во Северното Море ги подигна цените на природниот гас


  Извозот на Норвешки гас во Европа е значително намален поради пукнатина на платформата на Северното Море, објави операторот на гасоводот Гаско, со што накратко ги подигна цените на гасот на европскиот пазар на највисоко ниво од почетокот на годината. Прекинот на работата е предизвикан од пукнатина на цевководот на платформата Sleipner Riser, соопшти компанијата. […]

Тинејџер со нож избодел човек кај Бит Пазар


Утрово., М.Ф.(18) од Скопје со нож му нанел убодни рани на А.Ј на автобуската постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје . СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Мареска и официјално нов менаџер на Челси


 Енцо Мареска и официјално беше назначен за менаџер на елитниот англиски тим Челси.  44-годишниот италијански стручњак потпиша петгодишен договор со лондончани и го замени Маурисио Покетино. -Да се ​​приклучам на Челзи, еден од најголемите клубови во светот, е сон за секој тренер. Со нетрпение очекувам да работам со одлична група играчи и персонал за да […]

Музичари, пејачи и јавни личности се потсетија на соработката и пријателството со Џаро


Голем број на музички ѕвезди, соработници и пријатели на Велибор Џаровски – Џаро присуствуваа на комеморацијата за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер, одржана денеска во Домот на култура во Ѓорче Петров. Познатите музички ѕвезди Влатко Стефановски, Драган Мијалковски, Калиопи, Влатко Плевнеш, Марко Маринковиќ – Слаткар, сопственикот на радио „Бубамара“ Ранко Петровиќ, водителот Александар Блажевски, […]

Цените на нафтата паднаа под 81 долар


Цените на нафтата денеска се лизнаа под 81 долар на меѓународните пазари, сигнализирајќи го скептицизмот на трговците за оценката на водечките производители дека закрепнувањето на побарувачката треба да обезбеди услови за постепено зголемување на понудата следната година. На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во август беше за 42 центи пониска во однос на […]

Холандија и дозволи на Украина да ги користи нејзините авиони за напади врз Русија


Холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен денеска, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Сингапур, изјави дека Киев може да користи холандски Ф-16 за цел на руска територија. Олонгерн разговарала со Зеленски на маргините на безбедносната конференција „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур, пишуваат украинските медиуми. Во интервју за порталот Политико, таа рече дека Холандија нема […]

Опозицијата во Словенија го спречи Собранието да гласа за признавање на државата Палестина


Конзервативната опозиција во Словенија поднесе предлог за спречување на утрешното гласање на словенечкото Собрание за официјално признавање на државата Палестина. Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша побара „консултативен референдум“ за тоа прашање, па гласањето закажано за утре, вторник, се одложува за најмалку еден месец. Парламентот сега треба да гласа за предлогот на […]

3 јуни во историјата – Започна чистењето (и убивањето) на студентите на Тјенанмен


  Додека протестите за демократски реформи влегуваа во седмата недела, кинеската влада ги овласти своите војници и тенкови по секоја цена да го вратат плоштадот Тјенанмен во Пекинг. До ноќта на 4 јуни, кинеските војници насилно го исчистија плоштадот, убивајќи стотици и апсејќи илјадници демонстранти и осомничени дисиденти На 15 април, смртта на Ху Јаобанг, […]

Започна кривичната постапка против Хантер Бајден


Кривичниот процес на Хантер Бајден започна денеска пред федералниот суд во државата Делавер. Синот на претседателот, Џо Бајден, се соочува со обвиненија поврзани со нелегално поседување огнено оружје. Во првото судење во земјата на дете на актуелен претседател, Хантер Бајден (54) се изјасни за невин по трите обвиненија поврзани со купување и поседување на револвер […]

Сиљановска вели дека бил нарушен уставниот принцип на поделба на власта


  Македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, му рекла дека во земјата бил нарушен уставниот принцип на поделба на власта. Во соопштението од нејзиниот кабинет за средбата не се наведува во што бил нарушен тој принцип. „Во контекст на владеење на правото како прв и најважен критериум од Копенхаген, претседателката ги […]

Неочекувана оставка на главниот уредник на „Вашингтон пост“


  „Вашингтон пост“ во неделата објави дека неговата извршна уредничка, Сали Базби, се повлече од функцијата по три години на врвот на еден од најпознатите брендови во новинарството. Таа ќе биде заменета со Мет Мареј, поранешен главен уредник на „Волстрит џорнал“ низ претседателските избори оваа есен. После тоа, Роберт Винет, заменик-уредник на Telegraph Media Group, […]

Матурата во ходници и сали, но без блокатори – матурантите повторно се послужија со вибер-групи


Комисија ќе утврдува нерегуларности во текот на испитот од државната матура, а првпат Државниот испитен центар ќе формира десет комисии – за секој од наставните предмети вклучени на матурата, кои ќе констатираат неправилности во текот на оценувањето. Комисијата за прекршувања на правилникот за полагање државна матура за време на одржувањето на испитот, која постапувала и […]

Преку новата апликација „mAiGreece“, туристите ќе имаат дигитален асистент за време на нивниот престој во Грција


Информации за болници, амбасади, плажи, полициски станици, музеи и сл, достапни на 31 јазик, вклучува новата апликација „mAiGreece“ на грчката Влада што ќе функционира како дигитален асистент и со употреба на вештачката интелигенција ќе им помага на туристите за време на нивниот престој во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Апликацијата ќе биде достапна […]

Можна ли е праведна енергетска трансформација во ера на растечка сиромаштија и нееднаквости


Можностите и потребите за социјално праведна еколошка трансформација се во фокусот на четвртиот Социо-еколошки форум што денеска се одржува во Скопје во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“.  – Целта на форумот е на едно место да ги собере прогресивните носители на одлуки, претставници на синдикати, младински лидери, невладини организации од Западен Балкан, но и од […]