Тајван: 23 кинески авиони забележани околу островот за помалку од три часа


Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека 23 кинески авиони биле забележани околу островот за помалку од три часа. Како што се додава, меѓу авионите имало борбени авиони, транспортни авиони и дронови. Кина изврши слични упади повеќе пати од инаугурацијата на новиот претседател на Тајван на 20 мај. Кина тврди дека островот Тајван е […]

Словенечкиот парламент денеска, без гласање, ќе расправа за признавање на Палестина


Парламентот на Словенија денеска на итна седница ќе расправа за владиниот предлог за признавање на државата Палестина, но нема да гласа за него, како што беше претходно планирано, поради повикот на Словенечката демократска партија (СДС) да се одржи консултативен референдум за ова прашање.  Словенечката влада во четвртокот испрати предлог до парламентот за признавање на државата […]

Анкети: Британските Лабуристи пред најголема победа во историјата на изборите следниот месец


 Главната британска опозициска Лабуристичка партија е подготвена за најголемата досега победа на општите избори во Велика Британија следниот месец. Се очекува поубедлива победа од 1997 година кога партијата ја предводеше поранешниот премиер Тони Блер. Анкетата на YouGov предвидува дека централно-левичарските лабуристи на Кир Стармер ќе освојат 422 места во парламентот, со што ќе добијат мнозинство […]

Молк и засилени мерки за безбедност во Кина на 35-годишнината од задушувањето на протестите на плоштадот Тиенмен


Контролни пунктови и редици полициски автомобили се создаваат на главниот пат што води до плоштадот Тиеанмен во Пекинг, додека Кина ги зајакнува безбедносните мерки за да ја одбележи 35-годишнината од крвавото задушување на продемократските протести во Пекинг, јавуваат американските медиуми. Кина одамна заборави на убиствата, кои следеа по одлуката на кинеската Влада да и нареди […]

Уште четворица израелски заложници починале во заробеништво во Газа


 Израелската армија денеска соопшти дека уште четворица израелски заложници, киднапирани од Хамас на 7 октомври, починале во заробеништво и дека нивните тела ги држи исламистичка група. Војската ги идентификуваше четворицата мажи како Хаим Пери, Јорам Мецгер, Амирам Купер и Надав Поплвел, а сите беа живи заробени во заложнички видеа што претходно ги објави Хамас. Портпаролот […]

Денеска многу топло со температури до 36 степени, попладне можен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексто ќе изнесува 8. […]

Од патарина за пет месеци инкасирани 23,6 милиони евра, за над 2 милиони повеќе од лани


Од наплата на патарина во првите пет месеци од годинава се собрани 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра) што во однос на истиот период за 2023 година претставува зголемување или повеќе остварен приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евро). -Тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава, […]

САД се уште го чекаат одговорот од Хамас за прекин на огнот во Газа


САД сè уште не добиле одговор од Хамас за предлогот за прекин на огнот доставен до движењето во четвртокот, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Милер кажа дека е целосно убеден дека Израел се согласува со прекинот на огнот. Главниот советник на премиерот Бенјамин Нетанјаху во неделата потврди дека Израел привремено го прифатил договорот […]

Панел дискусија „ЕУ како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”


Европското движење во Република Северна Македонија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер организираат настан по повод Денот на Европа – 9 Мај. -По тој повод организираме целодневен настан со наслов “Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” кој ќе се одржи денеска во Скопје. Настанот ќе започне […]

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу


Пијанистот Арда Мустафаоглу вечер ќе има солистички концерт во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во Салон 19:19. Пред публиката Мустафаоглу ќе се престави со дела Бах, Скријабин, Берг… Арда Мустафаоглу е 21-годишен пијанист, чија кариера почнува на шестгодишна возраст. Тој e учесник на приближно 25 меѓународни натпревари, од кои има добиено 21 прва награда, Гран […]

Форум „70 години од Хашката конвенција од 1954 година“


Во ЈУ Музеј на град Скопје денеска ќе се оддржи Форум насловен како „70 години од Хашката конвенција од 1954 година“ во организација на Македонскиот национален комитет на Синиот штит, а во соработка со Музејот на град Скопје и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија. -Оваа година Синиот […]

Во Собранието седница на Комисијата за изборите и именувањата, одржана првата координација


Во Собранието денеска ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Како што стои на собраниската веб-страна, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на собраниските комисии, разгледување на барање од поранешниот претседател […]

Шпанската амбасада организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Мадрид – Скопје


Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата.  На концертот, како што соопштуваат од Амбасадата, ќе настапат македонските реномирани уметници –  „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар […]

Дел од општина Центар без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр.22, во општина Центар.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 милиметри на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ бр.22. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Фестивал на детски мјузикли


 Со „Приказната за генијалната Матилда“, вечер во кино „Фросина“ почнува Фестивалот на детски мјузикли.  „Приказната за генијалната Матилда“ ќе биде изведена на македонски јазик од членовите на Студиото за детски и младински мјзуикли „Бродвеј Јуниор“ од Скопје. „Чудо“ (Miracle), „Кога ќе пораснам“ (When I Grow Up) и Деца на револтот“ (Revolting Children), се само некои […]

Ѓоковиќ повторно направи подвиг и стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со вечерашната победа против Аргентинецот Франциско Серундоло стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите. Со вечерашната победа во осминафиналето во Париз, најдобриот светски тенисер ја постигна рекордната 370-та победа на Гренд слем турнирите. Така зад себе го остави Роџер Федерер кој има 369 победи, Рафаел Надал е трет на […]

Јавното обвинителство наскоро може да се произнесе за надзорот над автопатите од „Бехтел и Енка“


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најавува дека наскоро Јавното обвинителство би можело да излезе со одлука во врска со изборот на надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“. -Преземени се доста работи. Се работи таму за конзорциум од три фирми коишто се испитуваат. Досега има некои нелогичности во договорот. Се преземаат дејствија и […]

Швајцарскиот парламент отфрли предлог за финансиска помош за Украина


Горниот дом на швајцарскиот парламент го отфрли денеска предлогот за помош од пет милијарди франци (околу 5,128 милијарди евра) за Украина како дел од поширокиот финансиски пакет, бидејќи планот ги прекршува правилата на неутралната земја за кредитирање. Со 28 гласа „против“ и 15 „за“, законодавците го отфрлија пакетот вреден 15 милијарди франци, со кој се […]

Луѓето во ЕУ се сè постари и помалку на број


Европската Унија има сè помалку жители и тие во просек се сè постари, така што во 2070 година, со непроменето ниво на имиграција, во Унијата ќе живеат речиси 20 милиони луѓе помалку, од кои речиси една третина ќе бидат над 65 години. На 1 јануари 2023 година, 451,4 милиони луѓе живееле во Европската Унија. Со […]

Македонија убедливо поразена од Хрватска во пријателски натпревар


Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Хрватска со убедливи 3:0 (2:0) во пријателски натпревар одигран во Ријека. Хрватска денеска ја оправда фаворитската улога и не дозволи изненадувања, а Македонија немаше некоја посериозна шанса за гол. Во 10. минута Мајер со прекрасен гол од слободан удар го отвори резултатот. Истиот играч зголеми на 2:0 во […]