Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова


Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.  „Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановски-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори […]

Ден на победата над фашизмот


Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи. Безусловната […]

Вердиевата опера „Трубадур“ во режија на Иван Поповски ги отвара 52. Мајски оперски вечери


Со премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52. Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава. Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира […]

Разговор со Д.А. Лори во Градската библиотека


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе се одржи разговор со поетесата Долорес Атанасова-Лори, чија стихозбирка „Сега ТИ стануваш ЈАС“ е книга на месецот. „Сега ТИ стануваш ЈАС“ (издание на „Чудна шума“) е последната, осма книга од вториот циклус на кампањата „Читаме современи македонски автори“ којашто ги промовира македонските писатели и македонскиот јазик. […]

Променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со пороен дожд и грмежи. Особено попладне и локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне […]

Ден на Европа – чествување на европскиот мир и единство


 На 9 мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.  Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за […]

ЕК бара информации од Икс за ризикот од користење на вештачката интелигенција


 Европската комисија испрати барање до платформата Икс за повеќе детали за нејзините активности и ресурси за проценката на ризикот од користењето на генеративните алатки на вештачката интелигенција во ЕУ.  Со документот, доставен врз основа на Законот за дигитални услуги, ЕК бара од Икс да обезбеди детални информации и внатрешни документи за проценките на ризикот и […]

Реал во драматичен натпревар го совлада Баерн и закажа финале против Борусија во Лигата на шампиони


Фудбалерите на Реал Мадрид се вторите финалисти во Лигата на шампиони, откако вечерва во драматичен реванш полуфинален натпревар на Сантијаго Бернабеу го совладаа минхенски Баерн со 2-1 и го елиминираа германскиот тим со вкупен резултат 4-3. По минатонеделните 2-2 во Минхен, фудбалерите на Баерн беа на чекор до пласман во финалето, откако Дејвис го донесе […]

Силјановска како претседателка: „Ова не е време за фалби, за триумфализам“


  Откако Стево Пендаровски го призна поразот и им честита на победниците, на јавноста ѝ се обрати новата претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, која им се заблагодари на граѓаните за големата поддршка што ја доби на овие избори и самата се запраша: „Со што ја заслужив оваа чест?“ Таа им упати „најголеми честитки“ на граѓаните […]

Мицкоски: Го паметам секое ветување, и ќе дадам последен атом од моите сили да се оствари


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прогласи победа на партијата на двојните избори и одржа прес-конференција каде што ја објави голема победа и на парламентарните и на претседателските избори. „Успеавме, успеавте. Македонија победи. Историска победа на народот. Победи Македонија која е на Македонците, Албанците, Турците, Србите, на Власите, на муслиманите, атеистите, на гордиот народ. Падна […]

За Ковачевски резултатот на СДСМ е поразителен, им честиташе на Силјановска и на Мицкоски


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на прес-конференција го призна поразот на претседателските и на парламентарните избори и им честиташе на политичките противници, Гордана Сиљановска-Давкова и на ВМРО–ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за изборниот успех. Тој истовремено најави длабоки и суштински реформи во СДСМ на сите нивоа, кои како што рече, треба […]

Словенија утре официјално го започнува процесот за признавање на Палестина како независна држава


Владата на Република Словенија во четврток треба да покрене процедури за признавање на Палестина како независна држава, соопштија од кабинетот на премиерот на Словенија. „Словенечката јавност веќе беше информирана за оваа намера кога премиерот Роберт Голоб и неговите колеги премиери на Шпанија, Ирска и Малта потпишаа изјава за признавањето на Палестина во Брисел на маргините […]

Јакимовски од ГРОМ го призна поразот: Апсолутната власт носи девијации и ретроградни процеси


Лидерот на ГРОМ, кој ја предводи коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски вечерва го призна поразот на парламентарните избори. На прес-конференција тој и ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.   – Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде блиску до 60 пратеници што е блиску до апсолутна власт и во делот на парламентарната власт, локалната […]

Последни проекции: ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 19, ДУИ 18


  Врз основа на пребројаните гласови гласови од 90 отсто од избирачките места ВМРО-ДПМНЕ е огромен победник на парламентарните избори. Според проекциите на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ треба да има 59 пратеници, што значи дека му недостасуваат два мандати за апсолутно мнозинство. По нив е СДСМ со 19 мандати, па коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со […]

Димитриевски: Со ЗНАМ почнуваме борба за достоинствена Македонија


Движењето ЗНАМ, За наша Македонија вечерва испиша историја, истакна лидерот на движењето Максим Димитриевски. Димитриевски посочи дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите остaнати политички субјекти. Тој упати и честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ и победата на Гордана Силјановкса Давкова и им посaка успешен мандат.    – Да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата […]

ДИК за претседателските: Сиљановска победи во 68, а Пендаровски во 12 општини


Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени повеќе од 77 отсто од гласачките ливчиња, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова со освоени 421.673 гласови или 64,83 отсто, а Стево Пендаровски од СДСМ има 190.369 или (29,27%). Според податоците на […]

Пендаровски ѝ честиташе победа на Силјановска, го обвини ДУИ за системски и организиран бојкот


„Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги образложувам. Сакам согласно резултатите кои ги видовме досега да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири односно пет години“, порача актуелниот претседател на Македонија Стево Пендаровски. – Мојот концепт за мултиетничка Македонија, целосно интегрирана во евро-атлантските процедури за жал денеска […]