За владата на ВМРО-ДПМНЕ приоритет ќе бидат општините – ветуваат по 250 милиони евра годишно


Приоритет на владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат општините. Сите проекти кои владата во овој момент ги отпочнала, ние нема да стопираме проекти како нив, туку се што е добро ќе се реализира. Секаде каде има чиста состојба ќе продолжи, а каде има дискутабилност ќе има ревизија. Општините имаат подготвено проекти и тие ќе бидат финансирани […]

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД


Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави денеска дека го напушта клубот по крајот на сезоната. Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес. „Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во […]

Се заоструваат ограничувањата за CO2 за камиони и автобуси во ЕУ


Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси. Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките. […]

Ердоган и Мицотакис се согласија дека не се согласуваат околу Хамас


Атина – Актуелната клима во билатералните односи дава важен придонес за зајакнување на стабилноста во регионот, пишува меѓу другото, во заедничката изјава на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по нивната средба во Анкара, кои паралелно соопштија формирање турско-грчкиот бизнис совет и потпишување договор за соработка во областа на здравството и […]

Телефонски разговор Заев – Ципрас: Национализмот е лицемерен и опасен


  Важноста што ја имаат доследното придржување до Договорот од Преспа и соработката на двете земји, како за европската перспектива на Северна Македонија, така и за мирот и стабилноста на Западен Балкан во период на големи тензии во регионот, ја истакнале поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката […]

Стејт департмент: САД се цврсто посветени на Преспанскиот договор


  Соединетите Држави остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и интеграцијата на Северна Македонија во евроатлантските институции, порача претставник на Стејт департментот, по изборите одржани на 8 мај. Ставот на претставникот на американското министерство дојде по прашање на грчките дописници во Вашингтон, за тоа дека новата претседателка го прекршила Договорот, нарекувајќи ја при заклетвата […]

„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект


Во врска со прашањето дали ЈП „Паркови и зеленило“ има склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот на Владата Ве информираме дека таков договор со Владата нашето претпријатие нема склучено. ЈП „Паркови и зеленило“ е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистрални улици кои се под надлежност на […]

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони


Нион – Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи денеска 44-годишниот Словенец Славко Винчиќ да го суди финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. За Винчиќ ова е второ европско клупско финале, откако беше главен судија и во финалето во Лига Европа во 2020 година во Севиља меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс. Винчиќ […]

ДИК одлучи да има прегласување во Желино


Ќе се прегласува на едно избирачко место во Желино одлучи Државната изборна комисија. Приговорот е на коалицијата Вреди од вкупно 10 за избирачки места кои се дел од шестата изборна единица како Тетово, Гостивар, Боговиње и Врапчиште поднесени поради неправилности при гласањето за кои сметаат дека влијаеле на сумирањето на резултатите. Во шестката Вреди има […]

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“


Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да се испразни стационарот и да се вдомат овие кучиња кои најчесто биле одминувани, малтретирани или пак напуштени од газдите. „Имаме повеќе од 40 кучиња, секое уникатно […]

Трамп води пред Бајден во шест од седум „неодлучни“ држави


 Гласовите во седум „неопределени“ американски држави најверојатно ќе одлучуваат за исходот на претстојните претседателски избори во САД, каде главни кандидати се претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин. Во анкетата спроведена заеднички од Њујорк Тајмс, колеџот Сиена и Филаделфија Инквајер, се наведува дека Трамп води […]

Сојузната држава Минесота си го смени знамето


Американската сојзуна држава Минесота минатата недела официјално си го смени знамето и отсега старото знаме усвоено во 1957 година повеќе нема да се вее на ниту еден владин објект. Старото знаме го симна Националната гарда на Минесота и на негово место е подигнато новото. Старото знаме кое се вееше над локалниот Капитол ќе се чува […]

Србија ќе бара вајлд-карта за ракометниот Мундијал


Српската ракометна федерација денеска ќе испрати барање до Светската ракометна федерација (ИХФ) за специјална покана за учество на Мундијалот кој идната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска. Српските ракометари вчера не успеаја да се пласираат на Светското првенство, бидејќи во реваншот од баражот во Нови Сад ја победија Шпанија со недоволни 25:22. […]

Рајанер сака да доминира во цела екс Југославија, како ќе одговори Визер


Нискобуџетната авиокомпанија Рајанер (Ryanair) објави дека нивната цел е да го продолжат силниот раст на Балканот, а нејзиниот извршен директор Мајкл О’Лири неодамна го отпиша Визер како предизвикувач, пишува порталот Ex Yu aviation. Рајанер работи на четири од седумте пазари во поранешна Југославија – во Црна Гора, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, со исклучок […]

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети: Високото образование е клучно за просперитетот


  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје. Во соопштението до медиумите се вели дека на средбата на којашто присуствуваа ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, ректорот проф. д-р […]

Зошто Путин избра економист, а не генерал, да го води министерството за одбрана


  Назначувањето на економистот Андреј Белоусов за министер за одбрана значи дека Владимир Путин има намера да го направи воено-индустрискиот комплекс мотор на економијата и преку неговата милитаризација да ја продолжи војната долго време. Белоусов треба да обезбеди непречено снабдување на армијата и тој е подготвен да го стори тоа, бидејќи долго време се залага […]

Италија ја губи младата квалификувана работна сила


Младите квалификувани Италијанци се повеќе заминуваат во странство. Тоа би можело скапо да ја чини италијанската економија. Марлен ди Ноко живее сам во стилски опремен стан во римската област Тестачо – и веќе има постигнато повеќе од многу други од нејзината генерација. Младите во Италија се меѓу оние во Европа кои живеат со своите родители […]

Висока функционерка на САД доаѓа во Македонија


  Потсекретарот за јавна дипломатија Лиз Ален ќе оствари посета во четири земји во регионот меѓу кои и во Македонија во периодот од 12 до 20 мај,  со цел да ги продлабочи партнерствата со земјите од Западен Балкан и да ги унапреди „заеднички цели за регионална соработка и европска интеграција“.  „Ален ќе ги нагласи основните […]

13 мај во историјата – Али Агџа го застрела папата Јован Павле Втори


  Во близина на почетокот на неговата неделна општа аудиенција на плоштадот Свети Петар во Рим, папата Јован Павле Втори е застрелан и тешко ранет додека минува низ плоштадот со отворен автомобил. Напаѓачот, 23-годишниот турски атентатор кој побегна, Мехмет Али Агџа, испука четири истрели, од кои еден го погоди понтифот во стомакот, при што за […]

Комунистичка партија основана во Швајцарија после 84 години


Над 300 учесници ја основаа Револуционерната комунистичка партија (РКП) на нејзиниот конгрес во Бургдорф, кантонот Берн, за време на викендот. Тоа значи дека Швајцарија повторно има комунистичка партија откако беше забранета во 1940 година. Основачкиот конгрес се одржуваше од петокот до неделата. „Крајно време е за враќање на револуционерниот комунизам“, рече политичкиот секретар Дерсу Хери, […]