Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија


Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, како највисоко рангирани каратисти од Македонија, ќе се натпреваруваат на турнирот од светската младинска лига во Шпанија. Постарите јуниори (У21) и членови на скопски „Макпетрол“ во Ла Коруња ќе бидат предводени од тренерот Петар Заборски. Трајковски (-84 кг.) и Стојановиќ (+84 кг.) викендов се вратија од Европскиот Шампионат во Хрватска. […]

Викендов најголема еколошка акција во историјата на Македонија


Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери „Пивара“ Скопје и „Пакомак“, четврта година по ред ја организираат масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND. Оваа година ќе се чисти во сите 81 општини и во националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од […]

Свртувањето на Гаспром кон Кина засега не дава резултати


Гаспром би можел да се соочи со долг период на лош бизнис, бидејќи се обидува да ја пополни празнината создадена од европскиот бојкот со домашниот пазар и извозот во Кина. Некогаш најпрофитабилната руска компанија неодамна објави годишна нето загуба од седум милијарди долари, нејзина прва од 1999 година, што следеше по остриот пад на трговијата […]

Анкета на ИРИ: Поддршката во Македонија за членство во ЕУ е 68 отсто


Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. Анкетата е спроведена во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија во […]

Јапонија: Треба многу да го зголемиме производството на електрична енергија, ни треба за чипови и вештачка интелигенција


Јапонија предвидува дека потребата за производство на електрична енергија ќе се зголеми за 35 до 50 отсто до 2050 година, поради зголемената побарувачка од фабриките за полупроводници и центрите за податоци овозможени со вештачка интелигенција (ВИ), процени владата. Зголемувањето на побарувачката е прво во последните 20 години и бара големи инвестиции, се вели во владиниот […]

Харадинај: Поддржуваме распуштање на Собранието само откако Курти ќе поднесе оставка


Шефот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај изјави дека иницијативата на премиерот Курти за распуштање на Парламентот го покажува неговиот очајнички обид „да се спаси“, затоа што „земјата му се лизга под нозете“, јави дописникот на МИА од Приштина. Откако синоќа Курти, по средбата со лидерот на другата […]

Македонците од Србија бараат од Силјановска да ја поништи одлуката за Сребреница


Претседателот на партијата Македонци во Србија, Горан Илијевски, испрати писмо до новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановски Давков, да се огради од „непромислената“ одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи и со тоа да ја поништи одлука за прогласување геноцид во Сребреница. Пред гласањето за Резолуцијата на 2 мај, Османи изјави дека Северна […]

Во Србија бројот на мигранти е намален за 73 отсто во однос на минатата година


Српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека бројот на мигранти во Србија е намален за 73 отсто во однос на лани, а дека намалувањето на бројот на мигранти датира од минатата есен. Таа за весникот „Политика“ изјави дека тоа во голема мерка е резултат на нововоспоставената соработка меѓу властите на Турција и […]

Таква среќа се случува еднаш на 12 години! Хороскопот носи вести што ќе го натераат секој знак да „лета“


Астрологијата открива што ни носи Јупитер во Близнаци од 27 мај 2024 година. Јупитер, планетата на среќата се сели во Близнаци и тоа е најдобриот подарок на хороскопот, истакнуваат астролозите. Како што знаете, Јупитер е најголемата планета во Сончевиот систем, а во астрологијата ја игра една од најважните улоги што ја одредува човечката среќа. Секоја […]

Герапетритис за Сиљановска: Ова не е прашање на самоопределување, туку на почитување договор


Сите сфаќаме дека новото раководство на Северна Македонија може идеолошки да има поразлично мислење, но постојат прашања што се и над нивната волја. Не се работи за прашање на самоопределување на функционерите, политичарите, ова сите го сфаќаме, туку се работи за почитување на договореното, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто […]

Таравари не верува дека Сиљановска свесно рекла „Македонија“


Градоначалникот на Гостивар, кој беше и кандидат за претседател вели дека не е забрането јавно да се користи името Македонија без „Република“ и „Северна“. „Не е забрането кога зборуваме јавно. Често велам Македонија, ниту „Република“ ниту „Северна“. Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. […]

Шкариќ: Со измената на Уставот новото име важи за сите закони


  Уставот е позначаен акт од Изборниот законик и според тоа треба да се почитува одлуката за уставното име на Република Северна Македонија, која важи од 2019 година и се однесува на примена на името на државата. Токму затоа не е важно што пишува во Изборниот законик бидејќи Уставот е позначаен, вели професорот по уставно […]

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall


Од 17 до 19 мај Diamond Mall ќе биде домаќин на уште еден интересен настан – Фестивал на македонски домашни производи. На фестивалот што ќе се одржува под мотото „Вкус и традиција“, своите производи ќе ги изложат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци. Во деновите на одржување на фестивалот, посетителите во Diamond […]

Фестивалот „Прво па женско“ почнува со „Свет без жени“


  Дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО почнува со наградуваната претстава „Свет без жени“ во четврток (16 мај) во 20 часот на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности. По изведбата на претставата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – „Дијалогот што недостасува“, ќе следи […]

Новороденчето најдено во контејнер во Запрешиќ е надвор од животна опасност


Новороденче кое синоќа беше пронајдено во Запрешиќ кај Загреб завиткано во ќебе и фрлено во контејнер е надвор од животна опасност, потврдија за Индекс од загрепската полиција. Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болницата „Свети Дух“ во Загреб. Болница: Во добра физичка состојба е Според првите и неофицијални информации од […]

Промоција на стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон


Стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон ќе биде промовирана вечер од 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Промотори на книгата се Христо Петрески и Марина Мијаковска, информираат организаторите преку соопштение. – Виктор Радун Теон живее во Нови Сад. Тој магистрирал на Економскиот факултет во Суботица во 2003, а докторирал на Факултетот за […]

Бесплатна проекција на филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност вечер ќе се одржи бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104′) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek). Филмот е дел од сегментот ФФФ Doc. од Придружната програма на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Како што информира Филозофското […]

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај


Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ. Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат. 

Светски, а наши:  ,,Национален џез оркестар“ со блескав настап во Тирана


Македонскиот Културно-информативен центар вчеравечер пред публиката во Тирана го претстави нашиот Национален џез оркестар. – Ова се генијални, генијални музичари. Бескрајно благодарам на соработката со македонскиот центар, благодарам што овие прекрасни музичари вечерва свиреа во нашиот град, изјави воодушевен веднаш по нивниот брилијантен настап, Бесим Петрела, директор на „Albania jazz fest“. Како што информира Културно-информативниот […]

„Месечината е наопаку“ – режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од „Пред дождот“ на Манчевски


И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот. Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм. Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 […]