Викендов најголема еколошка акција во историјата на Македонија


Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери „Пивара“ Скопје и „Пакомак“, четврта година по ред ја организираат масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND.

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општини и во националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16.000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

За секои 10 кг собран отпад Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради GENERALKA WEEKEND беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.