Се интересира ли Путин навистина за мировни преговори со Украина?


Западните медиуми продолжуваат да известуваат дека рускиот претседател Владимир Путин е заинтересиран за договорен прекин на огнот во Украина, иако реториката на Кремљ и руските воени дејствија илустрираат дека Путин останува незаинтересиран за значајни преговори и какво било решение што ќе го спречи да продолжи со уништување на независна украинска држава, наведува во дневната анализа […]

ЕУ избори: Државите во јули ќе избираат од 6 до 96 европратеници


Граѓаните на земјите од Европската унија од 6 до 9 јули излегуваат на гласање за да изберат претставници во Европскиот парламент, но според изборните правила што многу се разликуваат од земја до земја – на некои места изборниот праг е 5 отсто, а во други нема, додека во некои земји можат да гласаат дури и […]

Израел го игнорира Меѓународниот суд за правда, и денес ја бомбардира Рафа


 Израелската војска го бомбардираше денеска Појасот Газа, вклучувајќи и Рафа, само еден ден откако Меѓународниот суд на правдата нареди да ги прекине своите операции во областа. Највисокиот суд на ОН, чии одлуки се правно обврзувачки, но кој нема механизми за нивна имплементација, исто така му нареди на Израел да го задржи отворен преминот Рафа, неопходен […]

Столтенберг бара да се тргнат ограничувањата на сојузниците за напаѓање воени цели во Русија


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје од страна на Украина за да напаѓаат воени цели во Русија „Мислам дека дојде време сојузниците да размислат дали да укинат некои од ограничувањата што ги воведоа за употребата на оружјето што и го донираа на Украина“, рече […]

Од каде ќе дојде и за што ќе се потроши милијардата на Мицкоски?


Нема ништо неочекувано во најавата да се земе заем, многу поважно е од каде ќе се обезбеди и под кои услови, велат експертите по најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на новата влада Христијан Мицкоски за задолжување од една милијарда евра од друга влада. Иако тој не открива детали под кои услови ќе се […]

Македонците на врвот на листата на депортираните од Германија


Бројот на протерани лица од Германија годинава е значително поголем во споредба со минатата година. Во првиот квартал од 2024-та година бројот на депортации е поголем за една третина, пишува весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, пренесува Дојче Веле. Весникот ги пренесува податоците од германската влада наведени во одговорот на пратеничко прашање од партијата Левица. Според нив, […]

Вучиќ за Сребреница: Испадна дека Грција има повеќе кичма од Скопје


Претседателот на Србија Александар Вучиќ при синоќешното гостување на ТВ Прва го коментираше гласањето на резолуцијата за Сребреница, но и претставниците на црногорското владејачко мнозинство кои во собраниска процедура го доставија предлогот за резолуција за геноцидот во Јасеновац. „Црна Гора никогаш нема да донесе закон, резолуција или декларација за геноцидот во Јасеновац. Нема да го […]

Денес доделување на наградите во Кан


Со доделување на наградите во Кан денеска ќе заврши 77. Меѓународен филмски фестивал, додека за главната награда „Златната палма“ се борат 22 филма. На листата на филмови за Златната палма на фестивалот, меѓу другите, е и „Мегалополис“, познатиот режисер Френсис Форд Копола, кој 45 години по Златната палма се врати во Кан каде победи со […]

Повеќе од 20 новороденчиња во Ал Акса може да умрат поради недостиг од гориво


Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека животите на повеќе од 20 новородени бебиња се загрозени во болницата Ал Акса во Појасот Газа поради недостиг од гориво. УНИЦЕФ наведува дека протокот на гориво во Газа, што е под израелски напади, се уште е недоволен. „Бидејќи не може да се врши редовна испорака на гориво […]

КФОР бара од Курти да избегнува еднострани дејствија


Командантот на КФОР, турскиот генерал Озкан Улуташ на средбата со косовскиот премиер Албин Курти истакна дека „треба да се избегнат еднострани дејствија што би можеле да ја влошат ситуацијата и да се одржува соодветна координација меѓу сите заинтересирани страни“ соопшти синоќа КФОР. Средбата меѓу Улаташ и Курти е одржана по неодамнешните акции на косовската полиција, […]

САД ќе испратат во Украина оружје во вредност од 275 милиони долари


Американските власти синоќа објавија дека ќе испратат оружје во вредност од 275 милиони долари за „да и помогнат на Украина да ја одбие руската офанзива во близина на Харков“. Опремата, е од американските воени залихи, вклучува муниција за ракетниот систем Химарс, артилериски гранати, ракети и противтенковско оружје, соопшти американскиот Стејт департмент, додавајќи дека оружјето и […]

Грузискиот парламент ќе го поништи ветото на законот за странски агенти


Грузискиот парламент в понеделник ќе ја почне процедурата за поништување на ветото на претседателката Саломе Зурабишвили на законот за странски агенти, објавено е на веб-страницата на парламентот. Собраниски одбор треба да се состане в понеделник во 9:00 часот по локално време за да го разгледа ветото на претседателката за законот за странски агенти. Доколку Одборот […]

Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“


 Шест земји членки на НАТО, што се соседи на Русија, се согласија да изградат „ѕид од беспилотни летала“ за да ги бранат своите граници од „провокации“, соопшти синоќа литванската влада. „Тоа е сосема нова работа, ѕид од дронови што се протега од Норвешка до Полска. Целта е да се користат беспилотни летала и други технологии […]

Бундесверот ќе регрутира и преку „ТикТок“


Германската армија планира да го користи ТикТок за регрутирање нови припадници на вооружените сили, јави ДПА, повикувајќи се на Министерството за одбрана на земјата. „За да се натпреваруваме со најдобрите умови, употребата на ТикТок е апсолутно императив“, рече портпаролката на германското МО. За таа цел, на крајот на овој месец, одборите за вработување во Германија […]

Сончево и топло со променлива облачност, попладне локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до […]

„Бараме климатска акција сега!“ во Градски парк


Во Градски парк на Школка денеска ќе се одржи настан „Бараме климатска акција сега!“ на којшто ќе биде упатена порака за преземање акција за превенција од негативните климатски влијанија врз нашата држава, во организација на „Гоу грин Скопје“. Како што соопштија организаторите, на настанот ќе има зелени штандови што ќе ги претстават локалните бизниси и […]

Процес во Будимпешта: Му судат на антифашист од Италија за напад на неонацист


  На италијански антифашистички активист му се суди во Унгарија за наводен напад на неонацисти, во случај што предизвика тензии меѓу двата сојузници на ЕУ. Иларија Салис (39) пристигна во судот во Будимпешта придружувана од нејзиниот татко, а присуствуваа и италијанскиот амбасадор и мноштво италијански новинари. Таа замина со аплауз откако судот го слушна исказот […]

Се гради кабел со оптички влакна од Африка до Австралија


Гугл објави дека планира да изгради оптички кабел кој ќе оди од Африка до Австралија. Овој кабел ќе се вика Умоја (свахили збор за „единство“) и ќе започнува во Кенија, ќе поминува низ Уганда, Руанда, Демократска Република Конго, Замбија, Зимбабве и Јужна Африка, па сè до Индискиот Океан. Google вели дека проектот е дизајниран да […]

Мицкоски изненаден од реакциите за заклетвата


  Интересно е како една заклетва на претседателот на Републиката може да го сврти вниманието на целата грчка и европска јавност, а нашето непринципиелно чекање во чекалницата пред Европската Унија повеќе од две и половина децении, со платени високи цени за влез, никако не се коментира ниту е предмет на чиј било интерес. Ова, меѓу […]

Мицотакис: Новата претседателката и мандатарот за премиер отворено го презираат Договорот од Преспа


  Во овие околности кога цела Европа е наспроти Северна Македонија, но не случајно, туку затоа што се мобилизираше и грчката дипломатија и јас лично, а постојат строги повици до Скопје да сменат став, доаѓате и барате со закон сега да се ратификуваат меморандумите. Навистина кревам раце, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, обраќајќи […]