„Божествен“ – Филхармонија со велигденски концерт со дела од Мекмилан и Шуберт


По повод најголемиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија го најавува концертот „Божествен“, кој ќе се одржи в четврток на 25 април, во 20 часот. Премиерно во Македонија, ќе биде изведено едно од највеличествените дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан – „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 насловена […]

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево” Битола – набавил ратрак за 4,5 пати повисока цена


 Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево” Битола, соопштија денеска од МВР. Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена […]

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии


Комерцијална банка е прогласена за Најпосакуван работодавач во 2023 година во категоријата Банкарство и финансии од страна на платформата Vrabotuvanje.com. Банката е особено горда на оваа награда затоа што е признание за задоволството и успехот на вработените, кои се еден од нејзините најсилни и највредни ресурси. Изборот е направен врз основа на интересот на потенцијалните […]

Четири хороскопски знаци се родени за слава: Положбата на Сонцето, Месечината, Нептун и Јупитер одредуваат која ќе биде ѕвездата


Личност од кој било хороскопски знак може да стане среќна и успешна. Но, постојат неколку планетарни позиции кои укажуваат на особено голема веројатност личноста да постигне слава. Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе се предодредени за слава и успех, додека други остануваат во сенка целиот свој живот? Астролозите се сигурни: сè во нашата […]

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата


Килијан Мбапе ја заврши мисијата во Пари Сен Жермен и прашање на време е кога ќе замине во Мадрид, во тоа нема веќе дилеми, барем според Фабрицио Романо, новинар кој е најпознат за фудбалските трансфери. – Килијан Мбапе е презадоволен од сите разговори што ги има со Реал. Се верува дека е само прашање на […]

Успешен хируршки зафат за транспозиција на нерв во Скопје пред почетокот на Меѓународниот имплантолошки конгрес


Вчера успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент  од земјава кој имаше потреба од истиот. Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор д-р Мазен Тамими од САД, роден во Јордан. Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог […]

Избрани 12 поротници за судењето против Трамп


 Судот во Њујорк назначи 12 поротници кои ќе ја донесат конечната пресуда во врска со обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводно фалсификување деловни документи во случајот со тајни плаќања на порно актерката Сторми Даниелс, пред судот во Менхетен. Меѓу 12-те поротници има седум мажи и пет жени, според „Си-би-ес њуз“. Изборот на […]

Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална


Подигнување на свеста за виталната улога на црниот дроб е фокусот на овогодинешното одбележување на 19 Април – Светскиот ден на црниот дроб, како глобална иницијатива која во нашата земја ја промовираат  Клиника за гастроентерохепатологија и здружението Хепар Центар Битола. Оваа иницијатива има за цел да ја подигне свеста за заболувањата на црниот дроб,  можностите […]

Студентите на Универзитетот во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени


Повеќе од 100 пропалестински демонстранти беа уапсени вчера во кампусот на Универзитетот Колумбија, откако неговиот лидер ѝ дозволи на полицијата во Њујорк да ги отстрани шаторите што ги подигнаа студентите кои протестираа против акциите на Израел во Појасот Газа. Претседателката на Универзитетот Немат Минуш Шафик, која беше критикувана од републиканците еден ден претходно на сослушувањето […]

Цените на нафтата пораснаа откако Израел го нападна Иран


Британската безбедносна фирма Амбри денеска објави дека ги советувала трговските бродови кои транзитираат по Аденскиот Залив и западниот дел на Индискиот Океан да бидат внимателни поради зголемената активност на беспилотни летала во регионот. Амбри објави дека добиле информации кои укажуваат дека бил извршен „израелски воен напад“ врз Исфахан, Иран. Цените скокнаа до три долари за […]

МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи


Министерството за образование и наука со допис ги известило училиштата дека двете среди (24 април и 8 мај) кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи (18 мај и 1 јуни). МОН во дописот со вчерашен датум им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според […]

Директорот на ФБИ тврди дека кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД


Вашингтон – Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“. Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што […]

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата


Ерусалим – Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран. „По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од […]

Велигденски концерт на „Танец“ во НОБ


Ансамблот „Танец“ вечерва во 20 часот во Националната опера и балет ќе го одржи велигденскиот концерт „Велигден е, Ѓурѓовден е“. Изведени ќе бидат видеоприказните „Ѓурѓе ле, Ѓурѓе, млад Ѓурѓе, да кој ти рече да дојдеш? Мене ми рече Велигден“, „Брале се, брале сватови“, „Велигден, море Велигден, в година пак да ни дојдиш“ и „Да исчистиме […]

Промоција на книгата раскази „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет на УКИМ


Книгата „Скарбо“ со сите раскази за возрасни на универзитетска професорка, писателка и критичарка Јадранка Владова (1956-2004)  денеска во 13 часот ќе биде промовирана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како што информира издавачката куќа „Арс Ламина“, книгата ги спојува двете подзагубени збирки раскази на  Владова – „Скарбо во мојот двор“ (првично публикувана во 1986 […]

Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата


 Над три илјади вработени во културните институции од денеска почнуваат со протести поради неисплаќање на платата за месец март. Како што најавија, протестите ќе траат сѐ додека не добијат плата, усогласена со колективните договори. Во меѓувреме, се процесуираат и тужбите за задоцнета исплата. Протестите ќе се одржуваат пред Министерството за култура секој ден од 13 […]

Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади


Техеран – Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан  додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал. Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град […]

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили


Лос Анџелес – Апликацијата „Гугл мапс“ за „Андроид“ и „Андроид авто“ доби надградба што со помош на вештачката интелигенција, ќе нуди попрецизни насоки како да се дојде до најблискиот полнач за електрични автомобили. Се работи за функции што, според познавачите, ќе овозможат полесна навигација, како и безгрижно и лесно планирање на долги патувања. ВИ-алгоритмот собира кориснички […]

Променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец


Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 19 април 2024 година, 110-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 256 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минута, а ќе зајде во 19 часот и 20 минути. Денов трае 13 часа и 32 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]