ЈСП: Зголемен број автобуси од и кон гробишта Бутел за „Задушница“


Поради верскиот празник „Задушница“, денеска и утре на редовните линии 59 – Карпош 3 – Кучевишка бара – гробишта Бутел, 59А – Ново Лисиче – гробишта Бутел и 59Б – Кисела Вода – гробишта Бутел, ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. 

Променливо облачно со сончеви периоди и слаб локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 8 март 2024 година, 68-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 298 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 57 минути, а ќе зајде во 17 часот и 33 минути. Денов трае 11 часа и 35 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Меѓународен ден на жената – помалку жени на раководни функции од мажи, различно вреднување на трудот


Со низа настани посветени на економската, политичката и општествената борба за рамноправност на жените, денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Иако има напредок, сепак жените се уште не се рамноправни со мажите за што говорат податоците дека е помал процентот на жени на раководни функции, а различно се вреднува и трудот […]

ОН: Израел почна кампања за изгладување во Газа


Специјалниот известувач на ОН за правото на храна, Мајкл Фахри денеска изјави дека Израел го уништува системот за исхрана во Газа како дел од пошироката „кампања за изгладување“ во војната против членовите на палестинската милитантна група Хамас. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, тој рече дека телото не прави доволно за да им […]

САД ќе изградат пристаниште на брегот на Газа за испорака на хуманитарна помош


  Американските сили ќе изградат привремено пристаниште на брегот на Газа во следните неколку недели за да овозможат испорака на хуманитарна помош во голем обем, ќе објави Џо Бајден во говорот за состојбата на Унијата, поради предупредувањата за широко распространета глад меѓу 2,3 милиони жители на територијата на Палестинците. „Не ги чекаме Израелците. Ова е […]

ЕПП побара од земјите кандидати да имаат добри односи со сите соседи од ЕУ


  Во манифестот на Европската народна партија (ЕПП)за европските избори во јуни, големата конзервативна групација малку се осврнува на проширувањето на ЕУ. Во делот „Нашата Европа е подготвена за нови предизвици“ околу пристапувањето во ЕУ прва се споменува Украина, а потоа Западен Балкан, Молдавија и Грузија. И од кандидатите за членство се бара да ги […]

СДСМ отвори промотивен штаб во Прилеп


  Оваа година остваривме највисока откупна цена на тутунот, бербата на тутунот завршува со историски највисока просечна цена од 365 денари за килограм, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски при отворање на промотивен штаб на СДСМ во Прилеп.   „Денеска тука во Прилеп, најголемиот македонски центар за производство на тутун, одржавме средба со тутунопроизводителите. Ги […]

Средба на Грковска со Ајхорст: Македонија има бројни пријатели во Брисел


  Со денешните средби  со Ангелина Ајхорст, извршна директорка за Европа и Централна Азија при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) и Сајмон Мордју, советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, се заокружи работната посета на Брисел на вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска. Ајхорст на средбата истакна дека Македонија има бројни пријатели […]

Велика Британија ќе испрати повеќе од 10.000 дронови во Украина


Велика Британија ќе и испорача „повеќе од 10.000 дронови“ на Украина во 2024 година, вклучувајќи и дронови за напади, изјави денеска британскиот министер за одбрана Грант Шапс за време на посетата на Киев. Лондон ќе издвои дополнителни 125 милиони фунти (146 милиони евра) за купување „најмодерни“ беспилотни летала, со што неговата помош ќе достигне 325 […]

Османи: Амбасадорката беше повикана во бугарското МНР поради договор што го има потпишано ВМРО-ДПМНЕ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва изјави дека македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси била повикана во бугарското МНР во врска со најновата реакција на Бугарија, поради договор потпишан од 1999 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ. – Во 1999 година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има потпишано изјава со премиерот на Бугарија, Костов и во еден […]

Зеленски ја одобри кандидатурата на Залужни за амбасадор во Велика Британија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ја одобри кандидатурата на поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни за вонреден и ополномоштен амбасадор на земјата во Велика Британија, јавија украинските медиуми повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Украина. „Во четврток, 7 март 2024 година, претседателот на Украина ја одобри кандидатурата на […]

Гром усмрти тинејџер во Гевгелиско


Гром удрил во дете и тоа починало на лице место. Трагедијата се случила попладнето, за време на силно невреме што го зафатиlo гевгелискиот регион. Од МВР за „Макфакс“, потврдија дека тоа се случило во гевгелиското село Негорци. „Денеска во 15.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во атар на с.Негорци, гевгелиско, лекар од Итна […]

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика


Атина Апостолова, доајенот на македонската народна музика, почина денеска. Веста за нејзината смрт ја објави пејачката Вики Среброва, како и сестрата на Апостолова. Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер […]

Оваа храна се јаде најмногу во светот: Годишно речиси 80 килограми по жител


Секој од нас има омилени јадења, вкусови, рецепти, а она што го јадеме многу варира од континент до континент. Дури и од земја до земја, дури и во региони во истата земја. Но, која храна најмногу се јаде во светот? Каква храна не познава граници, култура, пол или раса? Тоа е оризот, најконзумираната храна во […]

ЕЦБ очекува пониска инфлација, намалување на каматните стапки веројатно во јуни


Европската централна банка во четвртокот ја намали годишната прогноза за инфлацијата, бидејќи го потврди широко очекуваното задржување на каматните стапки. Во меѓувреме, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, посочи дека пазарните цени за намалувањето на каматните стапки во јуни се во согласност со предвидувањата на креаторите на политиката. Проекциите за инфлацијата во 2024 година беа ажурирани […]

Земјотрес од 4,2 степени ја погоди Источна Турција


 Земјотрес со интензитет од 4,2 степени е регистриран денеска во источната турска провинција Ван, соопшти турската сеизмолошка опсерваторија Кандили со седиште во Истанбул. Земјотресот се случил во 15:49 часот по локално време, епицентарот бил во градот Мурадије, а неговата длабочина била пет километри. Засега нема извештаи за повредени лица или причинета материјална штета. На 23 […]

Шведска стана членка на НАТО, соопшти американската Влада


Шведска денеска се приклучи кон НАТО како нејзина 32.членка, соопшти американската Влада, цитирана од ДПА. Во официјалното известување од американскиот Стејт департмент се вели дека денеска стапил на сила „Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Кралството Шведска“. Пристапувањето на Шведска значи дека сите сојузници во НАТО, вклучително и САД се посветени на одбрана на […]

Намалување на бројот на заболени од грип


Од 26 февруари до 3 март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, во споредба со истиот период минатата година е намален за 3,9 проценти, покажуваат податоците од најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во […]

Димитриевски: Креирањето неосновани кривични пријави е веќе видено сценарио


Претседателот на движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ и кандидат за претседател Максим Димитриевски ја обвини власта дека го злоупотребува правниот систем за, како што вели, да креира неосновани кривични пријави за наводна злоупотреба на службена положба и овластување од него како актуелен градоначалник на Општина Куманово со цел како кандидат на претстојните претседателски избори […]