Ангеловска-Бежоска: Народната банка го поддржува женското претприемаштво како двигател на економскиот раст


Женското претприемаштво игра значајна улога во отворањето работни места и придвижувањето на економскиот раст. Народната банка ќе го предводи и ќе го координира спроведувањето на проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, насочен кон поддршка на женското претприемаштво и финансиската вклученост на жените претприемачи, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. […]

Претставата „Кенди“ на сцената во Драмски театар


Победничката претстава на фестивалот МОТ 2023, во селекција на независна продукција со награда „БИШ“, „Кенди“, вечерва од 20 часот ќе биде изведена на малата сцена од Драмскиот театар Скопје. Претставата е во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, работена по романот на Лук Дејвис и по авторски материјали од ХОПС – опции за здрав живот […]

„Силата ЕУ младите“ со концерт на „Артан Лили“ и „Занаду“ во МКЦ


Музичката програма на платформата „Силата ЕУ младите“ продолжува и денеска со уште еден целовечерен настан, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат од Центарот. – Настанот почнува во 21 часот и ќе обедини и претстави две сцени на современа поп и рок музика. Првата белградска, со концерт на култните „Артан Лили“, еден […]

Жените работна сила, мажите на одлучувачки позиции – најчеста слика во медиумите


Иако новинарството сѐ повеќе се перцепира како „женска“ професија, сепак, кога се работи за рамноправност во овој сектор, има да се изоди уште многу пат за таа да стане реалност. Сите анализи, истражувања и искуства покажуваат дека на одлучувачките позиции во медиумите најчесто се поставени мажи, а новинарките се само работна сила, и покрај тоа […]

НАТО ќе распореди системи „патриот“ во Литванија


НАТО ќе распореди противвоздушни ракетни системи, од американско производство, „патриот“ во Литванија во 2024 година, најави литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас. – Годинава ротациониот систем за противвоздушна одбрана конечно ќе стане оперативен, барем делумно, истакна Анусаускас. Литванија граничи со руската енклава Калининград и со руската сојузничка Белорусија. НАТО изминатите години распоредија дополнителни сили во […]

Пендаровски: Жената, нејзиниот глас и нејзините права мора да се почитуваат


Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество. Доколку сакаме да живееме во вистински демократско општество мора да ги земеме предвид потребите на сите граѓани во креирањето, носењето и спроведувањето на политиките. Тоа подразбира здрав амбиент во кој жените ќе бидат вклучени, а не исклучени од политичките […]

Дел од населбата Водно без вода


 Без вода денеска од .:10 часот се дел од корисниците лоцирани на дел од улицата  „Периша Савелиќ“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „Тодор Александров“ 32 во населба Водно.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Амбасадата на САД во Русија предупредува на можни терористички напади во Москва


Амбасадата на САД во Русија ги предупреди Американците да избегнуваат големи собири во Москва, во следните 48 часа. Во предупредувањето се истакнува дека наредниот период можни се терористички напади од страна на екстремистите во главниот град на Русија, Москва. Предупредувањето е објавено на интернет-страницата на Амбасадата на САД во Москва. 

Силен земјотрес на Родос почувствуван и во Турција


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во морското подрачје, во непосредна близина на грчкиот остров Родос. Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри североисточно од градот Родос, на длабочина од 60 километри, јавува ТВ ЕРТ. Земјотресот е почувствуван и на брегот на Турција, вели Катимерини.

СЗО: Жените имаат повеќе здравствени проблеми поради алкохолот, дури и кога пијат помалку


 Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика националните влади во светот да го земат предвид полот кога развиваат политики за консумирање алкохол, предупредувајќи дека маркетингот во индустријата сè повеќе ги таргетира жените кои се соочуваат со поголеми здравствени ризици од мажите и од помалку алкохол. Агенцијата на ОН со седиште во Женева соопшти дека има […]

Македонски државјанин застрелал жена на патарината кај Прешево, па се самоубил


Жената од Србија, кон која синоќа пукал државјанин на Македонија на наплатната рампа кај Прешево, се наоѓа во тешка состојба, информираат српските медиуми. Жената била погодена со два куршуми. Како што дознава српски „Курир“, ранетата била примена во ЗЦ Врање каде била извршена дијагностика. Со оглед на сериозноста на повредите била испратена во УКЦ Ниш. […]

Лига Европа: Ливерпул и Рома пред четвртфинале


Рим – Фудбалерите на Рома и Ливерпул забележаа синоќа високи победи во воведните осминафинални дуели во Лига Европа и се пред пласман меѓу осумте најдобри екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување. Рома на домашен терен го совлада Брајтон со 4-0, со головите на Дибала (13), Лукаку (43), Манчини (64) и Кристанте (68). Ливерпул […]

Брисел под блокада од осмомартовски манифестации


Брисел – По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март денеска во Брисел во организација на неколку белгиски синдикати се одржува Национален ден за акција посветена на промоција на заштитата на правата на жените и на нивно поголемо учество во јавниот живот.  Во рамки на активностите по повод 8 Март предвидени се собири и […]

Руперт Мардок се сврши по 6-ти пат на 92 години


Руперт Мардок, 92-годишниот конзервативен медиумски магнат, се сврши по шести пат. Овој пат, Мардок ќе се ожени со Елена Жукова, 67-годишна пензиониран молекуларен биолог, според „Њујорк тајмс“, кој прв ја објави претстојната свадба. Мардок и Жукова, наводно, започнале да се забавуваат летото и планираат да се венчаат во Морага Бел Ер, луксузното лозје и имотот […]

Конгресот на САД усвои закон со кој бара Кина да го продаде ТикТок или ќе биде забранет во земјата


Вашингтон –  Kомитетот за енергија и трговија при Конгресот на САД усвои закон со кој на кинеската компанија ByteDance и дава рок од шест месеци да се откаже од сопственоста на платформата TikTok, во спротивно платформата ќе биде забранета во САД. „Овој закон има однапред одреден исход: целосна забрана на ТикТок во САД. Владата се […]

До полноќ трае собирањето потписи за кандидатите за претседател на претстојните избори


Собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари, ќе трае до денеска на полноќ. Според податоците од ДИК, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, досега потребните 10.000 потписи ги собраа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.411 потписи, Гордана Силјановска Давкова од […]

Жени кои го променија светот: Клара Цеткин и Роза Луксембург


Не знаеме дали Клара Цеткин и нејзината пријателка Роза Луксембург ги замислувале жените во 21 век и нивната положба во општеството на овој начин, но на крајот на 19 и почетокот на 20 век воделе голема борба за она што денеска се подразбира. Клара Цеткин, била ќерка на селски учител и цел живот жестоко се […]

ЕУ: Да продолжиме да го инспирираме вклучувањето на жените во политиката


Брисел – Во оваа година на избори во многу земји во светот, ги охрабруваме сите жени, особено младите, каде и да се, да го искористат своето право на глас, да го бараат своето место во општеството и да се чувствуваат повикани да учествуваат во политичкиот живот, се наведува во заедничката изјава на Европската комисија и високиот […]

Собранието на пленарна седница ќе расправа за улогата на жените во 10. состав на Парламентот


Годинава по повод Меѓународниот ден на жените – 8 Март, Собранието ја продолжува праксата на одржување пригодна пленарна седница исклучиво посветена на родовата еднаквост и на унапредувањето на женските права. Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митрески за денеска со почеток во 11 часот во салата „Македонија“ ја закажа 146. седница, втора по […]