Израел удри во една од најголемите станбени згради во Рафа


Израел денеска удри во една од најголемите станбени згради во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, интензивирајќи го притисокот врз последната област од енклавата во која сè уште не се влезени израелски војници и каде што се засолниле повеќе од милион раселени Палестинци. Дванаесеткатницата била оштетена во израелскиот напад, а локалните жители велат дека […]

Конвенција на ДУИ во СРЦ „Кале“, партијата го промовира претседателскиот кандидат Бујар Османи


Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва ќе го промовира претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Конвенцијата се одржува во Спортско-рекреативниот центар (СРЦ) „Кале”, под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“.   Присутни се претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и други високи партиски членови и функционери, меѓу кои Талат Џафери, Теута Арифи, Арбр Адеми, […]

Кејн прв дебитант во историјата на Бундеслигата кој постигнал четири хет-трика


 Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн го постигна својот четврти хет-трик во германската Бундеслига. Напаѓачот на Баерн погоди три пати на денешниот натпревар од 25. коло против Мајнц (8:1).  Претходно сезонава Англичанецот постигна хет-трик во натпреварите против Бохум (7:0), Дармштад (8:0) и Борусија Дортмунд (4:0).  Кејн стана првиот играч во историјата на Бундеслигата со четири […]

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Витолишта, од село Штавица кон село Бунче


Поради одрон на камења во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Витолишта, на потегот од селото Штавица кон селото Бунче. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е во прекин од 17:10 часот.

Еве што ќе јадат холивудските ѕвезди на доделувањето на Оскарите


Волфганг Пак, веќе 30 години главниот готвач на менито по церемонијата на Оскарите, Governors Ball, и неговиот тим на готвачи се подготвени за годинешното издание на најважната филмска ноќ во Холивуд и во светот, во недела вечер кон понеделник . ќе сервираат вечера за 1.500 гости и, според него, неговиот 150.000-ти чоколаден Оскар. Има по нешто […]

Италија повеќе нема да испраќа фотографии од камери на патот дома: Пропаѓале бракови


Италија планира да престане да испраќа фотографии од камери за брзина поради загриженост за приватноста, соопшти во саботата италијанското Министерство за транспорт. Министерството соопшти дека возачите кои ќе бидат фатени како возат со брзина поголема од дозволената ќе бидат испратени само казнени известувања на нивната адреса. Властите ќе користат слики направени од камери за брзина […]

Георгиевски не успеа да избори пласман на Олимпијадата во Париз


Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Олимписки игри во Париз 2024. Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија. Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес. Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на Олимпијадата во токио пред три години.  […]

Асиф Али Зардари по втор пат избран за претседател на Пакистан


Асиф Али Зардари (68) денеска по втор пат беше избран за претседател на Пакистан, што во голема мера е протоколарна функција што ја извршуваше од 2008 до 2013 година. Зардари доби 411 гласови во гласањето на изборниот колегиум, кој го сочинуваат пратеници од двата дома на парламентот и четири покраински собранија, додека кандидатот на опозицијата […]

Почина младиот македонски кикбоксер Марко Тодоров


Голема трагедија се случи во македонскиот спорт. На 23 години почина македонскиот кикбоксер Марко Тодоров. Беше освојувач на голем број медали на домашна и меѓународна сцена. Голем број пријатели на Тодоров преку социјалните мрежи се збогуваат со младиот кикбоскер. Погребот ќе се одржи утре во 13.30 часот на градските гробишта во Бутел. 

Роман Абрамович бил вклучен во преговорите за ослободување на Навални?


Разговорите за размена на затвореници во повеќе земји, што вклучуваше можно ослободување на Алексеј Навални, беа во тек кога тој почина минатиот месец. Ова за Си-ен-ен го изјавија повеќе извори, наведувајќи дека рускиот олигарх Роман Абрамович бил директно вклучен во преговорите. Изворите забележаа дека двегодишните преговори за ослободување на Навални почнаа да се движат напред […]

Со „порше“ превезувал шест мигранти


Денеска, околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што во неговото патничко моторно возило „порше“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица- мигранти од Кина. На даден знак за […]

Папата ја прифати оставката на полскиот бискуп поради невнимание во врска со злоупотреба на деца


Папата Франциск ја прифати оставката на полскиот бискуп Анджеј Џуба поради невнимание во постапувањето со случаите на сексуална злоупотреба извршени од одредени свештеници врз малолетници, соопшти денеска апостолскиот нунциј во Полска. Во соопштението се вели дека папата побарал од Џуба да поднесе оставка. Џуба, кој бил епископ во Лович, не ги известил надлежните органи за […]

Мајка и ќерка пријавиле дека биле нападнати


Вчера доцна по полноќ, 35-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57), кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР во дневниот билтен.

Започнува уредувањето на дворот на средното училиште „Здравко Цветковски“


Во рамки на акцијата за целосно уредување на училишните дворови на скопските средни училишта градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со јавните претпријатија го посетија средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски”, каде на награден конкурс учениците од образовниот профил архитектонски техничар, направија анализа на потребите и барањата на сите ученици и согласно тоа […]

Од идната недела нестабилно со локални поројни врнежи


УХМР информира дека во почетокот на следната недела на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи. И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.  Според прогнозата, утре ќе биде променливо облачно […]

Форум: Студентите имаат потреба од дигитализација на универзитетите и поевтино студирање


Студентите имаат потреба од подобрување на условите за студирање преку намалување на финансиски товар и дигитализација, воедно бараат навремена исплата на стипендии, ова беше посочено на денешниот Студентскиот форум во организација на Форум за Образовни Промени. Извршниот директор на Форумот за образовни промени Бленди Ходаи посочи дека токму денешниот настан има за цел креирање на […]

Не се исклучува можноста да примиме на лекување војници од Украина


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од Охрид посочи дека МО не ја исклучува можноста, согласно направените проценки и во соработка со Министерството за здравство, да ги стави расположивите капацитети за лекување на војници од Украина. – Во рамки на МО постојат капацитети што би можеле да бидат ставени на располагање. Во оваа иницијатива ќе […]

Четири бебиња и едно дете хоспитализирани поради голема кашлица


Изминатата недела, односно од 1. до 7. март пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени се случаи во Тетово, Кочани, Кавадарци, Куманово и Битола, информираат од Институтот за јавно здравје.  Најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години. Од новите 50 случаи, […]

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид


Санирањето на сидриштето за пловила пред Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид ќе продолжи, откако за тоа се добиени сите позитивни мислења од надлежните институции дека зафатот нема негативно влијание врз животната средина, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Петровска која денеска беше во Охрид, пред медиумите појасни дека сидриштето што се […]

Се состанаа американскиот и турскиот шеф на дипломатија: За многу работи не се сложија


Турските и американските официјални претставници на состаноците во Вашингтон одржаа детални разговори за војните во Украина и Газа и различни билатерални прашања, изјави вчера турскиот министер за надворешни работи. Сојузниците на НАТО во четвртокот започнаа состаноци, наречени Стратешки механизам, за да разговараат за напорите за надминување на длабоките политички разлики и подобрување на соработката во […]