Бугарија: Кандидатите за министри од ПП-ДБ биле ставени на списокот на Габриел без нивна согласност


  Бугарија доби предлог за новата влада и во исто време се движи кон нови избори. Откако мандатарката Марија Габриел (ГЕРБ) му го претстави на претседателот Румен Радев составот на новиот кабинет, се испостави дека имињата што се на тој список, а се од коалицијата Продолжуваме со промената- Демократска Бугарија, не се согласиле со тоа. […]

Владата донесе одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите


  Владата донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.   Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица […]

Најновиот чип за вештачка интелигенција на Нвидиа ќе чини од 30.000 до 40.000 долари


Американскиот производител на компјутерски чипови Нвидиа денеска соопшти дека следната генерација графички процесор со вештачка интелигенција (ВИ), наречен Blackwell, ќе чини помеѓу 30.000 и 40.000 долари по единица. Извршниот директор Џенсен Хуанг процени дека Нвидиа потрошила околу 10 милијарди долари на трошоци за истражување и развој за споменатите чипови, јави Си-Ен-Би-Си. За чипот најверојатно ќе […]

Светската метеоролошка организација: Ова е црвен аларм за светот


Минатата година беа срушени сите глобални климатски рекорди, предупреди Светската метеоролошка организација (СМО), изразувајќи особена загриженост поради затоплувањето на океаните и топењето на морскиот мраз. Во својот годишен извештај за состојбата на глобалната клима, СMO истакна дека просечните температури го достигнале највисокото ниво во последните 174 години мерење – 1,45 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. […]

СЗО повика на вакцинација на децата против морбили


СЗО повика на вакцинација на децата кои не биле вакцинирани против мали сипаници за време на пандемијата на Ковид-19, нагласувајќи дека болеста минатата година се појавила во повеќе од 50 земји. Во изминатата година, сипаниците се појавија во повеќе од 50 земји, двојно повеќе отколку во 2022 година, рече на виртуелна прес-конференција Кејт О’Брајан, директорката […]

Без Руси и Белоруси на отворањето на Олимписките игри во Париз


Русите и Белорусите нема да учествуваат во церемонијата на свеченото отворање на Олимписките игри ова лето во Париз, соопшти денеска Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Спортистите од овие две земји кои ќе се квалификуваат за Игрите ќе се натпреваруваат како независни спортисти без националните знамиња и химни, поради санкциите воведени по руската инвазија врз Украина која […]

Сунак свика состанок на Европската политичка заедница


 Британскиот премиер Риши Сунак ќе биде домаќин на европските лидери на состанокот на Европската политичка заедница во палатата Бленхајм во близина на Оксфорд на 18 јули, соопшти денеска британската Влада. – Драго ми е што Обединетото Кралство ќе биде домаќин на следниот состанок на Европската политичка заедница во историската палата Бленхајм, рече Сунак во изјавата, […]

Дел од Сопиште остана без вода поради дефект


Поради дефект на улицата „18“ без број во Сопиште, вечерва прекинато им е водоснабдувањето на корисниците од улиците „10“, „12“, „14“, „16“ и „18“, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Корисниците немаат вода од 19:50 часот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато, како што појаснуваат од претпријатието, до санирање на дефектот.

ИДФ: Околу 300 осомничени терористи се приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека околу 300 осомничени терористи биле приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа во градот Газа. Според ИДФ, меѓу приведените има „неколку десетици истакнати терористи“ од Хамас и палестинскиот Исламски џихад, јави „Тајмс оф Израел“. Уапсените оперативци наводно се вклучени во управување со терористички напади на Западниот […]

Тркало испаднало од автобус додека возел во Белград – усмртило жена


Бизарна несреќа се случила во Белград во близина на паркот Караѓорѓе, во која загина 69-годишна жена, а уште една жена е повредена. Телеграф објави дека жената била удрена од тркало кое испаднало од автобусот додека тој бил во движење.   Од Итната помош соопштија дека жената била притисната за оградата на Инфективната клиника. Другата жена […]

Зајкова: Ќе бидам во Првата изборна единица, највисока цел е членството во ЕУ


Претседателката на Либерално-демократска партија (ЛДП) Моника Зајкова вечерва на отворањето на новиот штаб на партијата во Општина Центар, одговорајќи на новинарско прашање, потенцираше дека на претстојните избори ќе се натпреварува во Првата изборна единица, која ја предводи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Органите на ЛДП, како што посочи, ја утврдиле и листата на кандидати за […]

Во Боливија запленети 7,2 тони кокаин во вредност од 451 милион долари


Боливиската полиција заплени повеќе од 7,2 тони кокаин, што е втора рекордна заплена на дрога во земјата, со проценета улична вредност од 451 милион долари. Министерството за полиција на Боливија соопшти дека дрогата била наменета да се испрати во Белгија. Акцијата била спроведена во регионот Писих, на границата со Чиле, а дрогата била скриена во […]

Шефот на Ербас за Боинг: Не сум среќен што мојот конкурент има проблеми


„Европскиот производител на авиони Ербас не ужива во техничките проблеми на американскиот ривал Боинг бидејќи тие го нарушуваат имиџот на целата авионска индустрија“, рече главниот извршен директор Гијом Фори. „Не сум среќен што мојот конкурент има проблеми. Тие не се добри за индустријата како целина“, рече Фаури. „Во нашата индустрија квалитетот и безбедноста се врвни […]

Обвинителите ќе го оспорат Законот за коефициентите на плата пред Уставен суд


 Советот на јавни обвинители денеска одлучи пред Уставниот суд да го оспори законското решение со кое се намалуваат коефициентите на платите на обвинителите. Советот смета дека намалувањето на коефициентите е неуставно и политички мотивирано и дека платите на обвинителите се заштитени со закон. Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска изјави дека финансиската независност […]

Вархеи: Владата по изборите да го надомести изгубеното време со уставните промени


  Владата што ќе биде избрана по изборите да ја забрза својата работа и да го надокнади пропуштено во изминатите две години, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во Брисел. Иако директно не ги спомена, јасно е дека Вархеи во обраќањето уште еднаш потсети дека уставните измени се клучниот услов Македонија да ги отвори преговарачките […]

Вархеи: Србија треба да отвори нов кластер


Вархеи изјави дека, кога станува збор за проширувањето на ЕУ и Србија, дека на терен има напредок. Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи изјави дека, кога станува збор за проширувањето на ЕУ и Србија, дека на терен има напредок и да тоа мора да се признае, како и дека Србија треба да […]

Кои компании од Берзата се „милијардери“ според добивките, а кои „загубари“


Компаниите кои што котираат на Македонската берза минатата година оствариле вкупни нето добивки од 21,4 милијарди денари или околу 347,2 милиони евра, што е за 22,83 отсто повеќе од претходната 2022 година, кога вкупните добивки изнесувале 17,4 милијарди денари или околу 282,6 милиони евра. Истовремено, лани биле поголеми и вкупните нето загуби, кои достигнале 1,75 […]

Остин: САД нема да дозволат Украина да претрпи неуспех


 САД нема да ја изневерат Украина. САД нема да дозволат Украина да претрпи неуспех“, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на состанокот контакт група за Украина. Оваа коалиција, рече тој, нема да дозволи Украина да претрпи неуспех и слободниот свет нема да дозволи Украина да претрпи неуспех. Состанокот на контакт групата, сојузници […]

Директорите на центрите за социјална работа бараат извинување од министерот, тој вели дека има оркестриран напад


  Дали имало или не незаконски исплати на социјална помош стана прашање за разидување меѓу техничкиот министер за труд и социјала од една и директорите на центрите за социјална работа и дополнителната заменичка-министерка за труд од друга. Директорите побараа извинување од министерот Ѓоко Велковски наведувајќи дека бил нарушен интегритетот на вработените и да не се […]

Презентирани резултати од проектот на Европравда за кривична правда во Западен Балкан


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска се обрати на промоцијата на Проектот за кривична правда во Западен Балкан, преку кој Европравда овозможува оперативна поддршка за прекуграничната соработка на земјите во регионот, при истражувањето на кривични дела, соопшти Јавното обвинителство. – Сторителите на кривични дела лесно ги прошируваат и префрлаат своите дејствија од една во друга […]